1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    На оваа тема можам да пишувам со денови и никако да завршам..
    Со моите 16 год. и јас спаѓам во таа младина.
    Дали имам дечко? Да. Дали пијам алкохол? Да. Дали се шминкам? Да. Дали сум спиела кај дечко ми? Да. Дали имам секс? Да. И што има тука лошо мене воопшто не ми е јасно? Ниту сакам да изигравам возрасна,ниту сум возрасна. Само си го живеам животот на мој начин.
    Пијам но никогаш не се опијанувам. Зошто? Затоа што знам дека се што е надвор во границите на нормалата не е во ред. Епа што ако се напијам малку чаша,две преку сила 3? И тоа еднаш месечно? Што има лошо тука? Не пијам ниту да изигравам нешто, ниту нешто слично туку поради тоа што ми е убаво. До сега не сум се опијанила и немам таква намера. Што се однесува до шминкањето. Да се шминкам. Пудра, римел и креон. Се шминкам бидејки така мислам дека поубаво изгледам и така си се допагам себеси,самодовербата ми е на повисоко ниво. И претходно кажав, не се однесуваше само за алкохолот туку и за се останато, се со граница. Зарем не изгледа женко убаво кога е убаво облечена, средена, нашминкана без разлика на возраста? Што се однесува до љубов, дечко и секс. Да имаш дечко е нешто најнормално. Мислам за врска помегу двајца кои што навистина се сакаат. Зарем љубовта е грев? Зарем љубовта има години? За сексот. И за тоа мислам дека нема ништо лошо. Зошто? Затоа што тоа сакам да го правам и го правам со чувства. Не се работи само за потреба. И знам дека не би можела со секој да бидам интимна. И да. Едаш спиев кај дечко ми (не дома, каде што учи) и што има лошо во тоа? Сега велите сигурно како ми дозволиле моите?! Епа ми дозволија бидејки го познаваат, знаат каде сум, со кој сум, знаат дека сум на сигурно. Ми дозволуваат да имам дечко, но не било кој. Само со некој во кој што ке имаат доверба, ке знаат дека е момче на место. Тој тоа досега го докажал на многу начини, со многу дела, не е само на зборови. Татко ми и мајка многу добро го прифатија, дури и го засакаа, така да мислам дека не сум направила лош избор. А ретко татко ми некој да прифати.
    Е сега за моето неубаво однесување. Искрено со тие размислувања, со завидување, љубомора мислам дека со тоа покажав дека се уште не сум возрасна. Човек не е возрасен според години,туку според неговиот карактер. Мислам дека е време да пораснам. Така да сметам дека како што не се сите луѓе исти, некој е повисок, некој понизок, некој подебел, некој послаб, некој добро воспитан, некој не..... така и за младината, не се сите исти. Секој човек си е приказна за себе. :)
     
    На francais, LittlePinky, ariela09 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Твоите имаат доверба во 16 годишно дете(зборам за дечкото)?Алал да им е.
    Јас имам 21 година,во 3 годшна врска сум и никогаш не сум спиела кај дечко ми.НИКОГАШ,и не ни планирам,од проста причина што ми е срам да се однесувам како да сум му жена,па ајде сега ќе спијам кај него.А ти имаш само 16 години.. :x
    Некои работи во постот ти се на место да,ама ова со дечково :x :x :x

    Он-топик: Нема лошо дете има лош родител.Како ќе си го воспиташ и научиш детето така ќе биде.Ако го научиш да те почитува ќе те почитува,ако му дозволиш да скита до 3 саат навечер а има 16 години никој не е крив освен родителот,ако тргне по лош пат како дрога и слично пак родителот е крив.
    Јас да видам дека детето ми иде у погрешна насока,не учи и слично-казна нема мрдање од дома дур не поправи оцени или слично,земање мобилен,земање модем,вадење телевизорот од соба,јас ќе го носам и ќе го земам од школо гајле ми е ако има 10 или 16 години или дали ќе го брукам.Ама да дозволам такви работи нема теоретски шанси.
     
    На makedonkamak и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    Дечко ми има 22 год. не е дете. А и кој рече дека има 16 год. ? Јас реков за мене.
     
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    ^Јас не знам како си се впуштила во односи, а врсничка си ми мене ми е гадно да помислам на тоа, а не па да го правам. :x И за спиењето, мене пред некој ден незгодно ми беше да отидам кај другар дома на кафе, не па да спијам кај дечко...
    Инаку за излегувањето, излегувам и јас некогаш до касно 3-4, ама мајка ми ме пушта само ако сум со братучедка ми(2 години е постара од мене), и не го злоупотребувам тоа во смисла да се исполапам со кој стигнам, да се надувам или летва да се направам...
    Со друштво ако одам на журка некоја или концерт до 1-1пол ќе ме пуштат, и тоа враќање со такси стриктно со другар/ка сама нема шанси. :D
    А ги гледам 8мо одделенки на Елитни одреди во Колосеум е тоа веќе стварно претеризам...
     
    На makedonkamak, cresa-jagoda, sofijanoka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Не се решава ништо со забрани. Барем јас така мислам. Според мене тоа има контра ефект на децата... Посбено на тинејџери пошто нив обично ништо неможеш да им докажеш пошто мислат дека секогаш се во право. Сите сме биле такви. Ако забраниш да седи на компјутер..ќе седи кога нема да си тука наместо да го троши тоа време на учење. Ако забраниш да излегува од дома...нонстоп ќе се расправате и на крај пак ништо. Мислам дека се може да се реши со вистинскиот муабет ама не и секогаш.

    А за ова од Bile15 незнам што да кажам. Ако ја знаат од дома како што вели тогаш кои сме ние да ја критикуваме. Лошо е да го правиш тоа а никој од дома да не знае. Иако мислам дека си премала за да имаш односи, а посебно со толку постар дечко кој има тотално различни погледи на животот од тебе пошто разликата е голема за твоите години. Тој за некоја година може да сака венчавка пошто нели тој е 22 сега или пак да си бара кариера некаде настрана од државава и ти да си останиш така но сепак, ако те знаат од дома и ти дозволуваат тогаш ние немаме никакво право да те критикуваме.
     
  6. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Jас сум точно така воспитана ,и поради тоа го напоменав.Кога ми беа најлудите години,кога не ми се учеше во 7 оделение отприлика и попуштив со школо,каснев дома и слично моите тоа го применија.Казни за се.Иако им се лутев,денес сум им премногу благодарна.И знам како ќе воспитам моите деца,точно така.
    Затоа и ден денес иако иам толку години ако кажам во 3 ќе си дојдам во 3 и 5 најкасно сум дома,си го почитувам зборот кој што сум им го дала зашто сепак се родители и се грижат.
    А карањето дека ќе го има да,но затоа напоменав и за нетот ќе го извадам рутерот,модемот и нема да може да седи.
    Јас сум за овој начин на воспитување но сепак,секој со свое размислување. :)
     
    На cresa-jagoda и omg92 им се допаѓа ова.
  7. girl.in.pink.dress

    girl.in.pink.dress Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    40
    Да и јас сум од денешната младина. Со мојте 14 ипол години НЕ пијам, НЕ пушам цигари, НЕмам дечко, НЕ излегувам до касно туку имам излез до 11 ипол часот. ДА читам книги, и ако некогаш некој велат е да ќе си го трошиш времето на читање живеј си го животот, јас велам за мене книгите се дел од животот. Учам колку што мислам дека ми е доволно за да знам за себе и сум одличен учценик мада имам некоја 4-ка ама не е страшно. Свирам на народен инструмент, одам на тренинг кошарка и гледам да се хранам здраво. Посетувам курсеви по англиски и германски јазик и скоро ии да немам време по цел ден да седам на ФБ или слично и ДА уживам во животот убаво ми е. :inlove:
     
    На makedonkamak и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    И јас сум вака воспитуван додуша ама незнам не би претерал со забрани. А нормално е да има некои пошто како што кажав со збор можиш да се разбериш ама ако не пали тоа ќе треба ова другово.
     
  9. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Луѓе значи девојката беше во право. И јас на 16 години го имав тотално истиот случај само што дечко ми беше 4 и пол години постар а не 6. До ден денес сум со него а и спијам кај него а моите некогаш знаат за тоа некогаш не.
    Нормално, не почнав веднаш да спијам кај него туку многу покасно. Значи не одлучувајте веднаш ова е погрешно, она не е. Размислете што вие сте правеле на 16-17 години и што вие сте размислувале за спиењето кај дечковци. Е сега ти ако си накурчена некоја и не прифаќаш спиење кај дечковци запомни дека го немаат сите истото мислење и не значи дека е правилно твоето.
    Секој си има различни сфаќања и нека си тера живот по нив, но се во границите на нормалата.
     
    На Yours5forever, Lovely93 и lightning123 им се допаѓа ова.
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Еве да се потсетам како беше кога имав 16 , да имав дечко и се бакнувавме кога ме испраќаше накај дома и тоа не беше покасно од полноќ . Знаев некогаш многу ретко и да поткраднам 1 саат :D пример за некој роденден ама бидејки беше ретко моите премижуваа без многу галами . И следуваа глупавите изговори дека часовникот грешно ми покажувал .:lol:
    Во четврта "официјално "добив излез после 12 . :D И на крај памет не ми паѓало ни секс ни чуда затоа што сметав дека треба безгрижноста во средношколските денови да си ја изживеам до максимум ама добро тоа е индивидуален избор.
    Нити сум некоја "накурчена " само сметам дека на 16 годишните клинки не им е местото да спијат со дечковици , на малолетниците после 12 местото им е дома . Барем јас не би пуштила девојче да спие со возрасен дечко некаде.
    Но верувајте дека границите кои ги поставаат родителите се за ваше добро . Ќе разберете со време . ;)
     
    На sweet-cherry, Someonespecial, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  11. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Како што реков секој си има свое размислување. За мене претеризам е она после 12 дома за малолетници. И да, нормално дека за секс во средношколските денови (3та и 4та година затоа што 1ва и 2ра е навистина прерано) секој си има индивидуален избор кој треба да се почитува. Она старо "кога ќе бидеш спремна, тогаш" не е за џабе. Има девојки кои уште во 2ра година се спремни за секс. Под спремни не подразбирам издепилирани и напалени туку долга врска, чиста љубов и убеденост дека тоа навистина не е погрешно.
    Моето губење на невиност беше потполна грешка за која никогаш нема да се каам затоа што сеуште сум со тој човек. Не бев спремна, не го сакав и бевме заедно само еден месец. Тоа беше најголемата грешка што сум ја направила но сметам дека таа моја постапка не ме носи ништо подоле од другите затоа што јас знам дека сум совесна,разумна и воспитана девојка.

    Секој си има свој избор и не треба да судиме дали е правилно или не е. Оваа девојка има убава врска и гледам дека е нормална и свесна за се што прави. И да има секс, не би ја судела затоа што нејзино тело и нејзин живот. Сметам дека нема што јас да мислам дали е правилно или не кога таа најдобро си знае дали е спремна и што чувствува за тоа. А ова за спиењево кај дечковци веќе е стварно проста тема за разговор. Побогу сите сме со различни мислења нема никад да се погодиме, а и можеби нема правила во тоа од колку години можеш да спиеш кај дечко ти.
     
  12. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    браво...споменик за тебе ;) на мостот на нецивилизацијата....таков да се изградеше подобро ќе ја отсликаше нашата реалност.....
    ...ах бе деца, детишта :D нема ништо лошо женско, девојка да се шминка, ама има многу погрешно во тоа дете да се шминка.....место да прочита некоја книга, таа губи време во бирање маскара и пудра да и ги покрие недостатоците |( мислите не ви се познаваат годините?? не сте уште оформени како што треба.... смешни сте кога ве гледа човек со кловн шминката и со тие штикли на платформа како се тетеравите полупијани..... за сексот..... прави како знаеш....само пази да не завршиш како американката што ја пишуваше по сајтовите и што дозна дека е трудна кога и пукна водењакот....таа барем имаше 20, а вие малолетнички, не знам што би правеле ;) ....љубовта не познава години и такви патетики некои.... тоа беше мотото на педофилите, тука не ми се коментира.....
    ме нервирате, глумите напредни и зрели со сила, а ретко кое дете на ваши години е навистина зрело и разумно..... туку ај да заминам од темата, вас не ве гледаат родителите, јас ќе ве гледам....
     
    На Monna.Monna, T.e.d.d.y, glosipgirl и 2 други им се допаѓа ова.
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Ариела и најпаметната и најдобрата девојка може да згреши во тие години не оти е лоша туку оти нема правилни насоки побогу сите знаеме како е во тие години едноставно нели младост- лудост :D . Не сметам дека е нешто страшно ама сепак сексуалниот живот сам по себе си носи некои одговорности кои не е препорачливо да се превземаат во тинејџерски години . Не дека е погрешно ама полесно е да бидеш дете подолго време.
    И да сметам дека младината не може да биде како нас , не можат да играат ластика кога врсниците не го прават тоа , секоја доба си има своја убавина и за нас велеле во наше време не беше вака . :D
    Ама нашава младина има проблем што сексот мисли дека е играчка дали поради недоволно внимание на родителите на таа тема а голем удел има секојдневното бомбардирање со секс во серии , спотови значи буквално насекаде . Па под влијание на друштвото неспремни и несозреани се спуштаат во активности кои за жал за некои девојчиња не даваат убав крај како несакана бременост и сл .

    Не се сложувам дека под мотото на либералност треба децата да не се контролираат посебно во тие луди години . И не нема правила ама дали ти сериозно мислиш дека едно девојче од 16 години може да расудува правилно ? Затоа се родителите да бидат лошите кога треба оти да бидеш родител не значи дека треба сите желби да ги исполнуваш на детето само да не замара. |(
     
    На glosipgirl, omg92 и Taccka им се допаѓа ова.
  14. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Џабе пробуваме да им објасниме и се мачиме,кога они пак ќе си тераат по нивно. :|
    Јас стварно неможам да разберам каков е тој родител што дозволува 16годишното дете да спие кај дечко дома :worried: .Тоа сигурно не е некој совесен родител кој што се грижи за доброто на детето.А да не навлагам понатаму,не е моја работа.

    Па уште и се бунат зашто полиција ги застанувала кога скитале после 12 :x.Ц ц ц ,тој закон е направен со некоја си причина не е за без врска,за ваше добро е.А не идеш во дискотека и гледаш некои 15 годишни.А да бидеме реални скоро сите дискотеки се полни со дечиња,освен XO и Театро.Си имате време за скитање, не дека оправдувам седење дома туку се во умерени граници,излезете да на кафе ,во парк да се шетнете и слично али ова што се случува е трагично,незнам дал да се смејам или да плачам.Имате време да бидете возрасни,уживајте во детството..
     
    На eliesaab и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    Нема да дозволам никој да збори лошо за моите родители. Моите не ми даваат кај било кој да спијам. Ама а да спијам кај баба ми, а кај него е исто (во градот кај што срудира, дома фала богу не). Значи него сите мои роднини го знаат. Се смував еднаш пред да бидам со дечко, тој беше постар од мене едно 10 год. и беше за никаде и моите одма штом дознаа од дома не ме пуштија да излезам 3 месеци, без тел и без компјутер. Моите фала богу се грижат за мене и не ми дозволуваат се и сешто. Во него имаат повеќе доверба откоку во мене. Така зборите затоа што ниту го знаете дечко ми ниту моите родители.
     
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    На 16 наместо да заспивате со книга, да се образовате, да станите човек, вие со дечковци.
    После што била младинава ваква, е таква е !
    Па, што родители се тие кои малолетно девочје оставаат со полнолетен да се метка и спие.
    Знаат ли тие дека тоа е противзаконски ? :^)
    Туку, ваша работа, не ме интересира.



    Извини, девојче, не си ти истата таа што во СДК посакуваше татко ти да умри, и тоа со силна агресија кон него ???? :fubar:
    И неколку девојки ти дадоа реплики да не мислиш така, итн.
    **
    Ама еве, се гледа твојата незрелост по ова. Уште си дете. И наместо да бидеш дете и да растиш, ти се
    сексаш
    . :puke:
     
    На Monna.Monna, Golden, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  17. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Eпа твоите толку почитувани родители треба да знаат колку и е интелигенцијата на ќерката која се мота со некој 10 години постар.Ај да имаш 20 и неколку и имаш постар дечко 10 години ајде можеби и ќе се сфати некако одвај.
    Али да имаш 15 години и да одиш со 25 годишен е незнам немам коментар,не убедуваш тука колку тоа си созреана и имаш односи и дечко и спиеш кај него,а уствари само слушни се и подразмисли малку колку тоа ти си во право.
    Свака им част на родителите пак ке кажам,според мене тоа не е добар родител.И јас не ги вреѓам нив воопшто,туку само ја изнесувам вистината каква што е.
    А за промена,место толку да леташ со главата во облачиња и да си силна и горда на твоите постапки подразмисли малку,ќе се каеш еден ден и ќе сфатиш све ама касно ќе е ..

    А и моменталниот дечко ти е 6 години постар од тебе,е свака част пак ќе кажам. :x
    Ама си намалила бар 4 години нели во однос на претходниот,и твоите родители пресреќни и сите роднини многу го сакале.
    Алооо на негови години деца имаат и чуваат и издржуваат фамилии,а тој со дете е во врска.Гледам и он колку е созрен. :puke:
     
    На eliesaab, cresa-jagoda и Abeja им се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.641
    Пол:
    Женски
    Ке се надоврам на постот на Мими за моите 16 години.
    Јас кога имав 16 години ПРВ ПАТ бакнав дечко. Во ноември ми беше роденден наполнив 16 години истата година на Нова Година за прв пат бакнав дечко со кој во врска бев неверојатни 2 месеци. :D
    На 16 години ни на КРАЈ ПАМЕТ не ми бил сексот а уште помалку глумењето нечива женичка со тоа што ке си правиме иди ми дојди ми ,ке си спиеме заедно,наутро со мајка му и татко му кафенце ке си пиеме и сл.

    На 16 години во диско имав излез до 12-30, со тоа што во наше време и да сакаш неможеш до покасно да бидеш искочен затоа што дискотеките беа поделени на џуниор и сениор со тоа што освен ако не познаваш вратар некој да те шмугне на сениор после 12 сите бевме испраќани дома.

    Штикли прв пат облеков,како и многу други од моја генерација во 4та средно,и тоа не стриптизерските кои сеа ги носат осмоодделенците а кутрите не знаат у патики да идат.. Облеката мање-више е ствар на вкус... Алкохол прв пат пробав на 17 години во 3та средно ,тогаш и ми беше првото пијанство со бамбус ако добро ме држи паметењето :tmi: :tmi: (некое трето класно картонско вино помешано со степ :puke: )

    На мои 16 години одев во школо,одев на јазик,на драма и на дополнителни приватни часови. Деновите ми беа исполнети со дружба со врсниците но и со продуктивни работи кои го надградуваа мојот интелект .

    На 16 години НЕ не пишував по теми слични на Дали сум бремена и да се брукам со тоа што немам основни познавања од човековото тело и анатомија,на 16 години не глумев нечива женичка ,на 16 години се дружев ,се смеев излегував во диско и си поминував најубаво во живот иако се вракавме дома во 12-30. На 16 години не ми се лепеа чичковци кои бараат крцкалчиња како што и самите ги нарекуваат и едино нешто лошо што почнав да правам на 16 години е тоа што тогаш ја запалив првата цигара.

    ...Имав многу убаво детство,бидејки за мене 16 годишните се деца и воопшто не се каам за тоа што во 12 саат сум требала да бидам дома и за тоа што невиноста сум ја изгубила на подоцни години за разлика од денешнава младина кога сексот го сфакаат како добро утро-добар ден. Секако чест на исклучоци.
     
    На cresa-jagoda, glosipgirl, Dream-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Е да бе, исто било дали ќе спиеш кај баба ти или кај дечко ти? Освен ако дечко ти не е како баба ти, да ти кажува старински приказни пред спиење, да те погали по косата и ти да заспиеш.
    И мене ми текнува на едно девојче на форумов кое посакуваше лошо за татко и, ете Силвер приметила дека си тоа ти.
    Па уште немала да дозволи да се зборува лошо за родителите нејзини? :^)
    Секогаш се виновни родителите. Се сомневам дека татко ти дозволил да спиеш кај дечко ти, можеби затоа си посакувала да му се случат лоши работи. Сигурно мајка ти е таа која премногу ти допушта, ама еден ден ќе се покае за се што ти удоволувала.
     
    На eliesaab, cresa-jagoda, glosipgirl и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Не сакам да упаѓам во дискусија, ама морам да се согласам со Ариела од причина што мислам дека не сме тука некого да судиме спрема своите доживувања и начини на живеење. Доколку родителите го знаат дечкото на девојчето и имаат доверба во него, мора да е навистина така бидејќи нема родител што би наштетил на своето дете. И го зборувам ова бидејќи имам 4 ипол години постар дечко со кој сум од 16 години и и моите многу го засакаа и стекнаа доверба кога го запознаа и со право, ден денес сме заедно и нема ништо што би променила во врска со него. И јас и моите сме среќни што го најдов толку рано бидејќи немав простор да одам од утка на утка и можеби да бидам и повредена. Не дека е мој, ама злато е, затоа не сакам да судам некој без да го знам зашто можеби и за мојот би рекле така. За преспивањето можам да се согласам, бидејќи јас и ден денес не преспивам кај него ниту тој кај мене, прво од почит спрема нашите родители ако ништо друго, но не значи дека ако не преспивала кај него немало да имаат односи, и сами знаете. Во секој случај подобро е со знаење на родителите отколку обратно. Мајка ми се знае за мојот интимен живот и знаела од секогаш.

    И да, според мене повеќе можеш да имаш доверба во постар, отколку во тинејџер како неа. Бидејќи е свесен што е исправно а што не, а ако сепак погреши како возрасен одговара за своите постапки. Секогаш сум сметала дека е најдобро машкото да е малце постаро, верувале или не, навистина подоцна созреваат во тој поглед.

    Не е убаво никој да се осудува на празно, секој знае како му е најубаво него или пак родителите знаат што е во ред за нивното дете, а што не. Не можеме да кажеме спрема нашите искуства бидејќи ни ние сме исти, ни биле нашите родители или пак дечковци. Има гадови да, ама има машки повеќе и од некои женски што вредат.