ТЕМА: Денешната младина...

Мислење 06 Сеп 2010, 19:00

Денешна младина - би ја опишала како премногу напредна во негативна смисла. Нема да сватам зошто е неопходен дечко на 12-13 години. излегување до раните утрински часови, редовно опивање секој викенд, на секој одмор палење цигара и сл. Можеби е и до родителите но сепак децата не размислуваат. Ако е возрасна на 14-15 години за секс тогаш е доволно возрасна барем да се информира за одредени работи. Времето за излегување не е проблем. Знам примери каде родителот му дозволува на детето да излегува 2 пати во месецот а тоа ко ќе излезе незнае каква глупост да направи - опивање, мување со 2ца и сл. Нормално дека нема да се чека 20 години за да се фати дечко или да се излегува но оваа ситуација мене ми е одвратна :puke:
Аватар на корисникот
sadangel

Сино цветче
 
159198
Мислења: 424
Зачленет: 07 Мар 2010, 20:29
За да ги оствариш своите соништа прво разбуди се!

Мислење 06 Сеп 2010, 20:07

Па во оваа денешна младина спаѓам и јас.Не целосно ,но отприлика сум запознаена со тоа што се случува денес.
Значи во мојот град нема некој кој не пробал марихуана.
Ова лето во Градиште беше хаос.Имаше тепачки,дрога,секс,пијани до даска...едноставно беа како истерани од дома.
Цигари пушат скоро сите-ретки се исклучоците.Но дај боже да останеја само на цигари. :!:
Ако учиш и си бубалица ќе те направат дека си закочен,а ако си типична специјалка на часовите е тогаш си џекче. 8) :puke:
Никој не знае да се однесува како што му доликува.Чести зборови му се:Глуп,сељак,педер,закочен итн.
Јас едно ќе кажам:тешко на родителите.Немаат што да јадат,а нивните деца само се прават обични мангупи и некој богаташи и му го трошат последниот денар.Кутрите.
Ваквите деца сега си замислуваат дека се нешто.Но кога ќе порасниме тие ќе бидат најголемите ропаци.
Јас му благодарам на господ што се скарав со бившите другарки.Инаку и јас ќе спаѓав во овој тип на деца.
Најверојатно и ќе земав марихуана.Се благодарение што имав ум,си фатив дечко кој е грижлив спрема мене и со кој и двајцата си се чуваме.И јас-и тој мене.
Аватар на корисникот
srculka

Зелено цветче
 
14066
Мислења: 564
Зачленет: 08 Јул 2010, 16:42
Јас сум само млада тинејџерка во која се кријат многу вистини и лаги, конфликти кои ги води моето срце со разумот,тагата која и тежи на болката која е неподнослива и вештата глума која ми е потребна за да можам да го надминам овој нов,тежок ден

Мислење 06 Сеп 2010, 23:13

[quote="srculka"
Ваквите деца сега си замислуваат дека се нешто.Но кога ќе порасниме тие ќе бидат најголемите ропаци.
.... [/quote]

Точно. Таквите ФРАЕРИ, ќе станат најголеми пропалитети. Јас знам за тие од основно. Целото школо го креваа на нозе и сите очекуваа чудо од тие фраерските деца. Па дојде средно и го гледаш едниот касапско, другиот машинобравар... Ајде, не е важно, барем да завршеа. Ни за тоа не ги бидна.
Пред некој ден видов еден низ населба , ми побара 10 ден. на заем. :^) Оф Боже.... Сакав да речам, не си веќе фраер како на 14 години.
Аватар на корисникот
Trendafilka

Жолто цветче
 
103455122
Мислења: 4075
Зачленет: 28 Дек 2009, 15:12
Локација: Barcelona or Nice... someday
Don't Trust Anything That Bleeds for Five Days and Doesn't Die . . .
Што е убав овој свет - онде го*но овде цвет.
Слика

Мислење 07 Сеп 2010, 00:44

Морам да ја искоментирам денешнава младина...секоја чест за исклучоците.
Како прво мислам дека за се се виновни родителите.Времињата стануваат се понервозни и постресни и да ги симнат децата од глава им допуштаат се живо: неограничени излегувања, спиење кај другарки (без да проверат), секое дете има телевизор во собата, не ги контролираат како се облекуваат за на училиште, им даваат многу пари на децата.
Кога јас имав 14,15,16,17... години бев многу строго контролирана и ограничена. Тогаш кукав, плачев, мислев дека ме мразат а сега можам да им кажам само едно големо ФАЛА. Не ми даваа многу пари - колку за 2-3 сокчиња, немав тв во собата да гледам порно по цел ноќ, ме пуштаа до 12-1 и постепено границата се намалуваше.А кога ќе кажев ќе спијам кај другарка ми, мајка ми обавезно се јавуваше кај неа да провери. На училиште одев строго во фармерки, патики, мајци, блузи и носев ранец а не чанта за излегување. Ноктите ми беа секогаш кратки и нежно налакирани. Често ми држеа лекции за дрога :geek: и останати пороци. Почнав да пушам кога бев четврта година,а не 7 одд и не сум некој стрствен пушач а марихуана уште немам пробано :shake:
Немој да ве води девизата кога ако не сега, бидејќи ќе имате време за се, и да бидете девојки, и да се шминкате и штикли да носите и дечковци да менувате. Паметно изберете го друштвото и уживајте ;)
Аватар на корисникот
Blanca

Зелено цветче
 
443359
Мислења: 695
Зачленет: 25 Ное 2009, 13:58
I was a coward running away again. But everywhere I went, you caught up with me, so I had to come back.....I love you too...

Мислење 07 Сеп 2010, 14:20

со еден збор - катастрофа. Незнам кој е повиновен , родителите кои не им обрнуваат внимание, или децата што имаат погрешни идоли (ас Боки 13 и Слаткар)
Аватар на корисникот
KuklickaSk

Жолто цветче
 
705296
Мислења: 1085
Зачленет: 20 Јун 2010, 19:18
Before i die, i'd like to see a good CHANGE in this generation drenched in HATE.

Мислење 07 Сеп 2010, 14:33

Денешната младина е за нигде! Пушат цигари, пијат алкохол, на школо остават или едвај со 2ки минат, немат култура, дечковци, девојки секој ден се различни... катастрофа. А најлошо од се е што мислат дека тоа што го прават е кул. Еве и јас сум тинејџерка, но не се однесувам така. Дури и малите деца што се 4-5 одд. немат никаква култура.Преска одам низ град со 2 другарки и едно дете незнам точно колкаво беше ама можеби е било 4 или 5 одд, ме удри за задникот и тоа пред толку народ. И згора на се па се смее како да е направил нешто убаво. Не земат некоја книга да прочитат и така се глупи и необразовани. Секоја чест на исклучоците.
Аватар на корисникот
cherrygum

Фем почетничка
 
53
Мислења: 23
Зачленет: 11 Авг 2010, 15:16
...Ма, паметам се.
Само....
Не чувствувам повеќе ништо.

Мислење 07 Сеп 2010, 14:41

Денешнава младина многу брзо сака да порасни .....
Се е хаос се прават работи што не им доликува на деца.Не знам што прават нивните родители кога ги пуштат деца од 13 - 14 до 2 или 3 часот по полноќ . А бре во наше време се знаеше на тие години до кај 11 максимум до 12 и дома нема овој до толку го пуштале или другарка ми е до покасно . На дете од 12 - 13 години му купуваат мотор , тоа кутрото што се вика пешки едвај може да оди а камоли на мотор и после се случуваат несреки е се случуваат :tmi: . Треба прво родителите да се преиспитаат што им дозволуваат а што не ? Па девојчињата за излегување не можиш да познаеш колку години имаат ептен многу брзо сакаат да пораснат . Не знам се е толку испомешано , па тоа е хаос. :o

Како и да е сепак нас ни беше многу поубаво ние имавме барем ДЕТСТВО .Си го поминавме дружејќи се на улица играјќи си безгризно а не како сега само на фејсбук се дружат. Моите родители не беа некои строги ама се имаше некоја граница која секогаш ја почитував .
Аватар на корисникот
vesna23

Фем почетничка
 
4748
Мислења: 46
Зачленет: 03 Сеп 2010, 17:51
Локација: кавадарци - скопје - кавадарци
Го молам ноќва небото да ми те врати
до твојто срце студено поздрав да испрати
Нема што не би направил за да те видам
душава плаче за тебе каде да отидам

Мислење 07 Сеп 2010, 18:06

Денешнава младина е отидена у п.м! Е, па што да се очекува од деца со компјутер на 3 години и мобилен на 3 и пол... Нормално!
Аватар на корисникот
Bokicka

Зелено цветче
 
620568
Мислења: 691
Зачленет: 15 Мар 2010, 18:51
Локација: Stuck in the middle

Мислење 08 Сеп 2010, 02:01

srculka напиша:Па во оваа денешна младина спаѓам и јас.Не целосно ,но отприлика сум запознаена со тоа што се случува денес.
Значи во мојот град нема некој кој не пробал марихуана.
Ова лето во Градиште беше хаос.Имаше тепачки,дрога,секс,пијани до даска...едноставно беа како истерани од дома.
Цигари пушат скоро сите-ретки се исклучоците.Но дај боже да останеја само на цигари. :!:
Ако учиш и си бубалица ќе те направат дека си закочен,а ако си типична специјалка на часовите е тогаш си џекче. 8) :puke:
Никој не знае да се однесува како што му доликува.Чести зборови му се:Глуп,сељак,педер,закочен итн.
Јас едно ќе кажам:тешко на родителите.Немаат што да јадат,а нивните деца само се прават обични мангупи и некој богаташи и му го трошат последниот денар.Кутрите.
Ваквите деца сега си замислуваат дека се нешто.Но кога ќе порасниме тие ќе бидат најголемите ропаци.
Јас му благодарам на господ што се скарав со бившите другарки.Инаку и јас ќе спаѓав во овој тип на деца.
Најверојатно и ќе земав марихуана.Се благодарение што имав ум,си фатив дечко кој е грижлив спрема мене и со кој и двајцата си се чуваме.И јас-и тој мене.

Исто како јас да сум го пишувала постот :) многу паметно си постапила што си се тргнала од тоа друштво.Иста бев и јас,на секое излегување само јас бев трезна,само јас не пушев трава,пробав еднаш,чисто како да видам како е,не ми се допадна и мислев дека и кај нив ке остане само на тој пат,но не беше така.Почнаа секоја недела и јас повеке не можев да издржам да им изигрувам полицаец и да ги спасувам,зашто едната за малце ке скокнеше од еден висок ѕид,бидејки беше многу пијана.Престанав да се дружам со нив,и кога ке ги видев во дискотеката кај што излегувавме,цело време се смееја,правеа глупости од што нон-стоп пушеа марихуана.
А за денешната младина ке кажам само дека воопшто не ми се допаѓа нивното однесување,се прават дека знаат многу повеќе од повозрасните и немаа никаква почит кон никого. Многу се плашам во какво време ќе треба да растат моите деца,здравје. Само Господ да не чува
Аватар на корисникот
angelce1

Сино цветче
 
124455
Мислења: 318
Зачленет: 08 Дек 2009, 14:34
Сите сме створени со Божји благослов!....затоа никој и не смее да биде несреќен....секому му стои својот К'СМЕТ, само некому доаѓа порано....а некому подоцна!...послужете се со малку Трпение..Спасение!!!

Мислење 08 Сеп 2010, 02:57

Искрено и припаѓам на денешнава младина и можам да кажам дека до неакде ви држат зборовите дека 70 проценти се такви дека децата навистина немаат како и со што да го искажат бесот и револтот кој го чуствуваат па пробуваат преку самите себеси . За да се подобри денешнава младина треба да се подобрат и оние од кои зависи таа младина пред се нивните родители .. имам неполни 18 години и мислам дека сум доволно свесна и доволно знам колку ми е доволно кога е алкохолот во прашање дури по некогаш сум многу конзервативна муабетот ми беше дека младината генерација по генерација проаѓа а тие што можат да ја опправат даваат пари во кампањи
Аватар на корисникот
MadeinHeaven

Сино цветче
 
3851
Мислења: 302
Зачленет: 22 Дек 2009, 01:15
Ali, postoje u nama neke neprevodive dubine,postoje u nama neke stvari neprevodive u reci, ne znam...

Napisi mi pesmu, molila je, i nisam znao da li cu umeti.Voleo sam je tako lako, i tako sam tesko to znao da pokazem.

Слика

Врати се на Психологија

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 7 гости

Site Meter