Голема улога во нивните стајлинзи, однесување имаат родителите.
Значи, родител е личност способна за да ги изгледа и воспита своите потомци односно деца. Но, за жал, се повеќе родители ги запоставуваат децата со нивните „бизнис проблеми“ .
Ма, јас да облечам минич и 56548 кила римел, пудра, нема да ме пуштат да мрднам од дома, а камоли да шетам низ град. Уствари, јас никогаш не би го ни направила тоа зашто сум свесна за моите години.
А тоа значи дека мама и тато добро ме воспитале т.е. ме воспитуваат.
И само едно нешто не ми е јасно, ако се зборува за некоја девојка од 16 години (тоа би му дошло 2ра средно) дека има дечко, сите се бунат, она била таква, онаква...
Не зборувам дека јас ќе имам на тие години, или пак ќе немам, туку кажувам дека ако 16годишна девојка има дечко се етикетира како лесна, а притоа не земајќи го фактот дека некои уште 3та или 4та средно остануваат бремени. Колку многу ги има кои не ни довршиле основно, а децата им се одвај 15 години помали од нив. Да, разбирам дека тоа било поодамна, нормално дека имало други околности и услови, можеби и самото општество наложувало така, ама не треба толку остро да се гледа на младите. Има многу деца кои на 13,14 години не шетаат во миничи, не стават сто кила пудра итн. ...






