Форумџика на годината

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    ^И јас би ја опишала катастрофа!

    Незнам до каде отиде :envy:

    Се извинувам за оф-топиков, ама тоа е!
    Сум читала и по форумов (ДОБРО Е ШТО ТИЕ ТЕМИ ОДАТ ВО КАНТА), баш имаше една пишала имам 12 години и еден ми предложи да (се извинувам на речникот, ама така беше напишано) дра*аме и да се муваме па да дошло и до скинување!!! Јас мислам да прифатам. И фино некоја од форумџиките и пишала дали си ти свесна каква глупост можеш да направиш? Јас со 12 играв ластик пред зграда, а камоли да знаев што значи зборот скинување! :fubar:

    Сите помлади девојки што ги имам читано на форумов се супер, ама збориме за другите. Со еден збор денешнава младина е катастрофа! :nod:
     
    На Draganax01 и SimonaTino им се допаѓа ова.
  2. Greg.House

    Greg.House Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    24
    Ве молам... Интернетот е крив, телевизијата. Родителите се виновни.

    Девојчето ја изгубило невисноста на 15 години. Па таа така наречена ‘‘мајка‘‘ каде била, или пак таткото. Пред се родителите своето дете го добиваат како празна книга, а само тие можат да ја напишат.

    На пример јазикот. Цуци, муци, хагчиња, кисчиња. Мои врснички на аск.фм пцујат како средовечни пропалици.Зошто родителите не се позанимавале со тоа. Јас сум дете од машовит брак, па моите се потрудиле течно и литературно да ги научам и македонскиот, и српскиот јазик.

    Мајки, наместо да се паркирате пред телевизорот, и да го следите тешкиот и мачен живот на некоја мустра од турска серија, смени канал. Гледајте нешто понормално. Криминалистички серии или пак Хаус.


    Да, целосно се согласувам. На моја врсничка морав да и објаснувам кој е Џеси Овесн или пак Морган Фримен :o Ориентирани само кон парталите. И тоа ајде да кажеш дека убаво се облекле,туку катастрофа.Ретко, кој има познавања надвор е оној wanna be пејач Бибер или пак миничот на Кардашијан. Дури и немаат познавања за сопственото здравје, а возрасни, дечковци и девојки имаат.

    И да, главата без мозок полесно се носи. :)
     
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Првенствено ќе напоменам: самото општество и времето во кое живееме се главните виновницо во ситуацијата.
    Времињата се менуваат, компарациите што ги правите се тотално лоши.
    Не е во ред да се изгуби невиност на мала возраст, да, меѓутоа се обложувам дека половина и повеќе од вашите баби ги родиле вашите родители на возраст помала од 18 години. Што правиме тука?
    Потоа, ги имаме родителите.
    Воспитувањето е многу важен фактор, меѓутоа имаме една втора работа, а тука е улицата, односно друштвото во кое кружат, кое што зема огромна важност во воспитувањето. Меѓутоа, во некои ситуации може да се спречи доколку на време му се укаже дека не е во ред.
    Земете во предвид дека има родители коишто не ги превземаат точните мерки, ги казнуваат децата, а истите потоа прават глупости чисто од инает, за да им докажат дека се млади и дека ќе прават што сакаат, односно дека пубертетлиски не зависат од никого (имам другарка која е конкретен пример, затоа ви го кажувам ова). Кога излегуа е како куче одврзано од ланец, кое не знае што попрво да направи.
    Трета работа е тоа што има деца кај кои ништо не допира до нивниот мозок, го прават тоа што го наумиле и крај! Најмногу кога се работи за малолетни, кои што се во пубертет. Она што го зборуваат родителите воопшто не им влегува во глава и по никоја цена не сакаат да го прифатат.
    Потоа, сакале или не, медиумите имаат преголемо влијание. Сведоци сме на секакви работи произведени од нашата и не така шарена и весела кутија, низ чиј екран излегуваат разно-разни глупости. Најмногу ставам акцент на американските yolo (you olny live once) бештиичиња, кои мислат дека го имаат светот и живеат за високи потпетици, мување, алкохол и fashion is my life. А доколку е машко, мора да ебе се живо, само за да докаже дека е машко и дека е boss! Епа не. И пак ќе на поменам, и тука се родителите виновни, зошто со нашиот прост балкански менталитет мислиме дека машкото секогаш треба да е шеф.
    И музиката има многу голема улога во воспитувањето на децата, бидејќи како уметност е рефлексија на периодот во кој живееме, а не за секој белото е бело и црното е црно. Живееме во еден свет со изопачени вредности. Кога тинејџерка се пронаоѓа во текст на Слаткар каде што е топ за да ја ебе, што сакате повеќе? Не сакам да дискриминирам, ниту пак етикетирам, меѓутоа до сега немам сретнато личност која слуша квалитетно музиче да припаѓа во грознава бранша. Додека сите yolo girls се кршат на маса во кафана „Мома“ и пејат кад би био рањен крви би ти дала.
    Мене најмногу ме иритира што повеќето се без свое јас. На планетава живеат за квантитативно да има повеќе луѓе, без свои цели и истакнување на морални вредности. Буквално се сите луѓе, меѓутоа ретко кој од нив е човек. Не можат да се изборат за тоа што го мислат на праведен начин. Се срамат да не бидат набедувани со прст од толпата доколку го кажат своето мислење јавно, поддржано со свои аргументи зошто да биде така. Живеат од петок до сабота, за да излезат и да им бутнат јазик на тројца во една вечер, а во меѓу време планираат што ќе носат за викенд.
    Интернетот е пресилувана работа. Се користи за лоши цели, посебно социјалните мрежи како фејсбук на кои се прават разно-разни глупости и младината буквално губи време за глупости.

    Сума сумариум, виновен е целиот свет! Виновник е општеството, виновници се сите, сите што се претопуваат во браншата и не разбираат дека како индицидуа, со различна ДНК не мора да бидат исти како останатите и дека не е потребно да бидеш „ин“. Треба да се воведе врсничка едукација во целиот образовен систем, бидејќи со ваква младина, тешко на нашата иднина. Секогаш кога се прашувате што е со младината, запрашајте се и кој ја израснал.
     
    На Lizzy.Grant, Monna.Monna, kirijakija и 5 други им се допаѓа ова.
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Во центар застанале мајка и татко со две малечки дечиња (околу 4-5 години имаа).
    Видно дотерани, излезени за празниците на шетање.

    И таткото пука петарда за петарда, им го прави меракот на дечињата. Тука поминуваат луѓе, а тој без осет кој поминува, практички в нозе им ги фрлаше на некој. :@

    И среќа не се најде никој побудала од него за да му се врати и да се раскара или растепа. :!:

    И утре од каде се виновни децата? Кога татко им се однесува пред нив како недораснато дете. :x :tmi:
     
  5. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.875
    Пол:
    Женски
    Многу живеете што сте "главни" секој викенд по дискотеките, многу сте јаки, немашто. |(
    Имав такви познанички, остануваа до 6-7 сабајле, секој викенд со различна кола ги донесуваа оти нели многу се јаки. Се опијануваа и другиот ден цел град ги знаеше. Почнаа да пушат од чалам, да ги видат луѓето дека се доволно возрасни за цигари. Ние другите што не ги мениме мувачите како чорапи и немаме слика со цицките на видик на фејсбук со 300 лајкови не сме луѓе, ништо не разбираме. |(

    Гледам деца 6-7 одделение со напрчени цигари на големите одмори. Уште што се вика, мрсулите сами не знаат да си ги избришат ќе ми се занесуваат тука нешто. Мое дете нека се осмели вака. :devil:
    Многу живеат нели, многу искусуваат. Да, немашто. :wasntme:

    Јас ќе наполнам 18 уште малку и сум пуштена до 2 вечерта. Само еднаш ми се случило да си дојдам во 3 ипол, ама не бев пијана, бев на журка и им се јавив и им кажав. Не, не изигрувам светица. Сум пробала цигари, палам понекогаш, пијам алкохол ама колку да се орасположам. Крајно засрамувачки ми е да се расцепам на скалите во кафичот и да бидам "ѕвездата на вечерта". И јас сум се опијанувала, ама не се клатам по улиците пијана со огромните штикли во рака. Не личи на девојче.

    Најголемо влијание имаат сепак родителите. Сум затекла и јас слики yolo на интернет и секакви глупости, ама јас не ги правам. Сум го слушала и Слаткар, ама не се пронаоѓам во такви глупости. Сепак, се зависи од самата индивидуа, начинот на кој е воспитана, па да речеме дека и друштвото влијае. И јас бев во такво, не знам како да го речам, баталено друштво ама не станав истата.

    Децата, па и тинејџерите како да се под дејство на некоја дрога денес. Не сите, секако. Многу плитки ликови, без никаква перспектива, со погрешна перцепција за животот. Од тие ништо нема да стане. Па макар биле и со сите петки. Неможе преку вечер да се курва и да изиграва Јелена Карлеуша, а преку ден макар и во калуѓерска одежда да се облече, пак ќе биде истата. Бидејќи нели, многу е интересно на 15 години да се има пола град поминато. :fubar:

    А оние чии идоли им се бугарските пејачки и се пронаоѓаат во текстовите на Слаткар, не ги ни сметам за озбилни личности.
     
    На Someonespecial, Little-Mk и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  6. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    И јас припаѓам во денешнава младина,ама сигурна сум дека не во тој бичез лук ет ми дел.

    Значи,не сум златно дете,имам пробано цигара(и тоа дома си кажав),алкохол исто,ама не пијам,ни пушам.

    А за овие што одат од 6то одд во Ванила,Парадизо,69-неам коментар буквално.
    Минич до под гз едвај,штикла 15ка,шминка 7 кила,пудрата со лопата да им ја ринеш од лице,и идат у Парадизо.И што е најтрагично-ништо посебно не прават.Седат,се сликаат,и утре на Фејсбук слики со дискрипшн:Лелеееееее најјако вчераааааааа; Летва се напраивме лелееее поздрав до *тагнати 50 души*.
    Јеа,рили ? О.о
    Бог да чува.И знаете што е најтрагично ? Коа те прашуваат каде искачаш и коа ќе им речеш низ Центар и во парк,те гледаат како од Марс да си паднат.
    И да,за све се родителите криви според мене.Ако имало комуникација и разбирање меѓу нив,немало такви да им бидат децата.

    И знаете што друго ме вади од такт ?
    Кога ќе видам некои слики на ФБ,глумат тажни и брокен хартед и пишуваат на сликите секакви глупости од типот Ал од снова се не живи и Далеко си,неко те други има и Не овако немогу даље,о Боже мој што ми га шаљеш .
    Кој ти го шаље ма ? Ти сама го бркаш по сите ноќни клубови во градот и коа дечкото сфаќа дека имаш 12/13 години,и он неможе даље да иде,па бега.
    Ебави глупите ебави.
    Неможеш да излезеш у град со маичка со бенд,фармерки и старки.Одма те праат за у прихичка болница,готово.Смак света и коментари од типот: МРТОВЦИВЕ ГИ СЛУШАШ ? -.-
    И кога ќе одговориш потврдно ти се враќа: Па види се и ти каква си,ко мртовец.
    ...И мене еднаш ми дојде преку глава и викам : Ти ко мртовец си ? -Не сум. Епа што тогаш береш гајле за мене,глеј си свој живот.

    Исто,ќе ви кажам сеа една случка поврзана со денешнава младина.
    Одиме на роденден кај стари пријатели,и тоа нормално таму и други луѓе.И девојче,моја генерација,вака на прв поглед нормално ми изгледаше.Ми се претстави,и праиме муабет се тоа и ме прашува дали сум носела штикли.Јас кажувам дека не,и пазете каков одговор добивам. -Ау,ни јас.Само 3 пати сум носела кога бевме лани во Ванила и Парадизо и толку.Ало. У 7мо одделение. И после не ми се праеше муабет со неа,ама ич.

    У главном,сакав да речам дека младината е катастрофа.Толку. Тенкс фор д атеншн.
     
    На WarriorAngel и BlackPiano им се допаѓа ова.
  7. beyonce22

    beyonce22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    38
    ретко денес каде можеш да најдеш нормална младина
    Уште у основно почнуваат женски/дечковски да бркаат.Почнуваат да користат дроги, се однесуваат без почит кон постарите,безобразни се.
    Денес на баба што се враќа од пазар наместо да се стрчаат да и помогнат со торбите,тие постојано дофрлуваат прават сопки и со безобразна фаца се смеат.
    КАТАСРОФА
     
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Ја читам веќе подолго време темава, и се сеќавам на последниот пост кој го напишав.
    Овојпат решив да се осврнам кон себе.
    Еве на пример, повеќето ми имаат кажано дека оставам впечаток на зрела личност, со поприлично цврсти ставови на размислување и сум постојана бар за повеќето работи, што веројатно значи дека го имам минато периодот на адолесенцијата.
    Но, пазете, јас само оставам впечаток на таква, а всушност сум далеку од совршена и се сомневам дека некогаш ќе бидам нешто повеќе од дете. :nod:
    А, зошто? Или подобри прашања се всушност, поради кого и како? Нормално, друштвото кое ме опкружува
    Еве ќе дадам класичен пример за тоа како ми поминува еден викенд, без оглед на тоа дали сум излезена со ,,шабаните'' од клас, со рокерите од сегашното друштво, или ,,странските'' цури од основно..
    Да не заборавам да напоменам дека сум личност која сака да се дружи со сите. Не сум таква да ѓи дискриминирам луѓето само поради тоа што биле грди, неатрактивни, слушаат лош жанр на музика итн.
    Бидејки според мене секој е онаков каков што треба да биде и ние сите сме меѓусебно поврзани без оглед на се.
    Но, тоа не е ни важно. Важно е дека сите овие подгрупи кои претходно ѓи наведов се исти.
    Ништо поразлични. Копија едни на други, само во поинаква извитоперена верзија.
    Заеднично на сите им е дека: понекогаш пијат, повраќаат на скали кога одат дома, имале веќе сексуални односи, петинг, или бројот на партнери, макар и за едно обично мување е веќе двоцифрен.
    Повеќето од девојките ставаат по еден тон шминка, и тоа не само во текот на вечерните подготовки пред излегување, туку и за тој временски период. Сето ова, само за да не бидат отрфлени поради својот лош изглед, да ѓи прекријат своите недостатоци итн.
    И сега што да правам јас? Да се затворам во себе, да не излегувам повеќе надвор, да ѓи спуштам завесите и да ѓи покријам ушите со огромни слушалки за да заборавам на тоа колку е младината проста, неука и провидна?
    Не. Туку ќе размислувам трезвено со своја глава. :)
    Си ветив себе си дека нема никогаш повеќе како порано нема да пијам повеќе од една чашка алкохол,
    иако имало и вакви моменти во голем број [​IMG] :lol: на излегување ќе намалам со пушењето да цигари, нема никогаш да зимам џоинт итн.
    И знаете што? Ми успева. Се надевам дека тие промени ќе ѓи задржам кај себе. Бидејки ако сакате да ја знаете вистината, секое излегување за мене претставува еден вид предизвик.
    Па, реално ако зборуваме и ретки се оние кои го имаат тој цврст карактер, покрај друштво кое купува по 5 флаши вино, 3 штеки цигари купени и истрошени само една вечер.
    Барем по една чашка ќе здрвиш ако не повеќе. :D

    А јас искрено немам некој цврст карактер...Крвта ми врие и свесна сум дека тоа е последица на младоста и неискуството кое го имам во огромни количини на располагање, а кога ќе излезам се магично се менува.
    Секако, тоа не значи дека ја губам главата, но понекогаш претерувам чисто за да си ѓи покријам недостатоците.
    Бидејки кога бев таа што сум никој не ме прифати, па затоа одлучив да бидам нешто што не сум за да ме прифатат сите.

    И да, лоша е нашата генерација. Зелена и без мозок.
    Но, сме полни со живот.
    Јас сум уметник, го барам убавото во развратот, и ако за голем дел од вас тоа ''yolo''
    [​IMG]



    претставува само обична будалаштина и new shity crap за мене е уметност колку год да е во негативен контекст претставено од страна на новите генерации.

    И ќе кажам само уште една работа. Ако мене искрено ме прашувате, не се пронаоѓам никаде. Бидејки за мене светот не е црно бел. Не е само пари, алкохол, секс, дрога, стајлинг мода и лажен статус. За мене е многу повеќе во однос на духовниот аспект. Но, и тој згаснува во мене. Општеството го згаснува, ставајки ми една огромна маска на фосили. А незнам како и зошто, само одам напред и се обидувам да се зачувам себе си со здрав разум. На тој начин ми поминува секој ден.
    Различен но сепак едноличен без многу промени, а со тон варијации на расположение.
    Слободно може да кажам дека тоа е мојот предизвик секое утро кога ќе станам од кревет и ќе излезам надвор. Да се задржам себе си во ланецот на ограничување наспроти мојот имагинарен свет каде е се така совршено и добро.
     
    На BlackPiano му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279

    Не можеш така да генерализираш бидејки има уште по безобразни баби и дедовци кои во автобус кога би можеле би те испцуле, и посрамотиле. Буквално ако треба ќе те кренат и на клоци за да им отстапиш седиште.
    Не велам не, стари се. Но, и на нас младите не ни е лесно ако го земеме во обзир брзото темпо на живот.
    Така да многу јасно е дека не сме како порано полни со елан, па на секој старец да му ѓи носиме торбите во 7 часот наутро, иако притоа не го залсужил тоа.
    Не се и тие сите цвеќе за мирисање, верувај, од искуство го знам ова.
    Постојат и исклучоци, секако..
    Па и јас лично честопати знам главата да ја свртам кон прозорецот и да се правам дека ниту гледам ниту слушам, но исто така секогаш отстапувам место на некоја постара жена ако културно ме замоли да го сторам тоа.
     
  10. beyonce22

    beyonce22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    38
    Убаво е ова што го кажуваш, дека не се сите стари цвеќе за мирисање, но јас велам дека поголемиот дел од младината, кога поминува повозрасен човек немора да му помагаат, но барем не мора да дофрлуваат доколку љубезно ги замоли.Треба да се почитуваат постарите нели?Не треба постојано да му се дофрлува
     
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279

    Тука во право си, те поддржувам.
    Иако и мене некогаш ми доаѓа преку глава од нив, ми чури главата во вторник петок и сабота кога ќе ѓи видам како ѓи туркаат ученициве на влезна во автобус. Па, дури не отстапуваат ниту место за да слезеш. :devil: Колку пати само во 5-ка сум одела една станица подалеку од онаа која треба само бидејки еден или двајца од нив несакале да се потргнат за да излезам.
    Како потоа да не бидеш безобразен? Тука веќе за жал мора да се изреагира.
    Или во случај кога некултурно во висок тон на гласот ќе ти рече да одиш понатаму а нема место и се препотуваш како ѓавол во казан.
    И баба ми што има 60 години и кусур ме подржува за ова, и дали досега се на се вкупно 3 пати го искористила јавниот превоз, и тоа за за итни и неодложни работи.
     
  12. MorganMonroe

    MorganMonroe Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2013
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    42
    Еј луѓе, ова е страшно што се дешава, гледам јас по братучедите, толку имаат, 16-17 год, скоро 10 години помали од мене. Ja бар мислам ние не сме биле такви. Размазени, дрски, безобразни... страшно! А да не зборам тоа какви се у школо, да се викало дерело по наставници?! Абе за нас професор беше страв и трепет чоече... јас знам малце да бидеш бунтовен што би се рекло ама бре луѓе како децава лути на цел свет да му се :^)
     
  13. nepoznata33

    nepoznata33 Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    Се согласувам со вашите негативни мислења за нашава ,,напредна,, иако имам 15 години.Криво ми што немам друштво со мои врсници бидејќи не можам да се пронајдам меѓу нив,кај нив сето е искомплексирано,дрско,без почит,без жал,безобразно, сето е така комплицирано за мене,се е така ниско за мене.Многу и се лутам на мојата постара сестра (иако ова и го немам кажано) секогаш беше како мене настрана од сите врсници со свое јас,со трезвено размислување,посебна девојка.Но се промени стана како нив односно стави маска како нив за да ја прифатат да не биди со 1-2 пријатели а со 20-30 непријатели коишто прават се за да ја спуштат (но не устеваат).А таквите луѓе како што ,,стана,, сестра ми не ги почитивав и нема да ги почитувам.Само се плашам од самата себеси да не станам и јас како незе да се променам за да ме прифатат ТОА Е НАЈНИСКО од моја гледна точка.
     
  14. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.875
    Пол:
    Женски
    Денеска по не знам кој пат се разочарав од човештвото, не само младината.
    Значи јас пијам вода на фонтаната и доаѓа едно дете, нека е и петто и шесто одделение, поголемо не е и се дрзнеше да ми наредува да се тргнам. :fubar:
    Тргни се ма! Тргни се ајде!
    Водата во грло ми застана. Јас го гледам тоа ми се клешти во лице и ме бутка. :x
    Ми идеше да му залепам една, толку јака, да не знае на кој свет се наоѓа. :@
    Доаѓа мајка му, и само ме изгледа како лебот од маса да сум и го зела. Се напив и се потргнав јас, не сакав да се расправам, а таа типката иако го виде како се испонаша детето си ја напрчи муцката чиниш Господ за мади*ата го фатила. Ниту го искара ни ништо.
    Значи, цврсто верувам дека се е до воспитувањето од родителите.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Liebe.Love

    Liebe.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    24
    Имам скоро 17 години, спаѓам во младинава, и ми е срам! Во Германија школските што ми беа, човече, ко марсовци, на 13 години кога бевме, тушеви развртеле, пуш-ап носеа, пудри, свашта, јас во мојот живот сум излегла нашминкана и во "штикли" (кои не беа ни штикли само малку повисоки од патики) и ми беше многу непријатно, отидов у ве-цетои симнав шминката, само креонот го оставив, облеков All star патики и фурај, шо ќе се праам голема ко не сум?! Абе, не можам пудри бе, ги затнува порите, и прави акни, а овие што ми беа школски викаат, пудрата ги гори акните :o ОМГ значи, ИДИ УТЕПАЈ СЕ, СПАСИ ЈА ПЛАНЕТАВА!!! Кај се чуло и видело пудра да гори акни?! Господе...а за овие од Америка, сега што ми се школски, да не зборам...сите курвештии. ЈАС СУМ ПРОТИВ ПРОДАЖБА НА ШМИНКА НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА!! Се изнервирав леле... :@ :@ :@ :@ :@ :@ :@
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.875
    Пол:
    Женски
    ^Да се само шминките тоа што не чини, арно ќе биде, ќе се трпи...
     
    На ocila му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Накратко ќе кажам
    Денешнава малдина ја мине секоја граница со своето однесување...
     
  18. jerryy

    jerryy Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Што се случува со младите?

    Се почесто читам на интернет за самоубиства особено кај помладите.Кое е вашето мислење зошто баш се одлучуваат на овој чекор, дали се можеби секти или ?
     
  19. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Што се случува со младите?

    Живееме во време на тешка економска состојба, која за жал се одразува токму на младите .Понесени од многубројните проблеми некои скршнуваат од вистинската насока и тргнуваат по лош пат.Се почнува неприметно и се тони се подлабоко во проблеми.Прво пушењето, пиењето , дрогата, проституцијата, водат во пропаст.Многумина се толку многу осамени,( а изгледаат дека се опкружени од пријатели )што кога имаат моменти на слабост едноставно немаат кому да се обратат за помош.Токму осаменоста е и причина за решавање на овој чекор.Кога сите ние би биле повнимателни, кон проблемите на денешнината ова не би се случувало.Највеке може да си помогнете мегусебе.Ние родителите сме во кревет кога се случуваат некои работи .Затоа ако видете дека некој тоне укажете му на грешките макар и по цена на пријателството и не заборавајте да му кажете на пријател/ка дека сте секогаш тука за нив.Сите вие имате проблеми некои помалку некои повеке.Не треба да се срамите од нив.Напротив, тие нека ви бидат потик, мотивација...Бегањто од нив само ги продлабочува. Ако сте немокни побарајте помош.Не заборавајте, сите имаат моменти на слабост.Тоа не е решение.Животот е убав ......
     
    На WarriorAngel, Lov3, l-a-d-y-di и 2 други им се допаѓа ова.
  20. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    Што се случува со младите?

    сите ние сакаме да бидеме сакани, да има некој покрај нас тогаш кга ние најпотребно особено во оние години кога сме најранливи и кога од секоја страна што и да видиме или чуеме не повредува, се пронаоѓаме или се соживуваме со тоа.
    преголемата слобода која им се остава на децата, искривената слика за реалноста како резултат на се она што им се прикажува на интернет или телевизија или преку ило кој друг медиум, искривениот родителски атворитет. Во периодот на развој детето е преокупирано со прашања за животот, за се она што го окружува, за љубов за смрт буквално за се. Родителите бидејќи не можат поради било која причина било да се работи за трка за пари или егзистенција или пак за кариера не обрнуваат доволно внимание на детската љубопитна природа и безбројните прашања, децата самите трагаат по одговори за да го задоволат својот апетит. а веќе понатаму знаеме што се можат да најдат на интернет и како ќе се обликуваат и изградат и на какви крајности се подготвени. За денешните училишта несакам ни да почнам тема бидејќи ќе треба роман да напишам. На детето треба да му се претстави реалноста на што е можно повистинит начин и секогаш да се има слух за неговите потреби и барања, а не купи му најскапа играчка и заќути го а потоа чуди се како си го испуштил од раце.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.