Lilit напиша:Не е само така минлив период,ниту пак е лесен.Никој не разбира,само ти си знаеш како ти е и најбаналната работа изгледа огромно тешка и напорна и животот нема смисла.
Кај нас речиси секоја втора жена пати од депресија.Но,многу е важно да разликувате депресивни-анксиозни расположенија со вистинска депресија.Ако минимум трае месец дена тогаш станува за сериозен проблем односно за депресија,а депресивните расположенија траат,ден,неколку дена,недела и поминуваат,повторно се враќате во колосек.
Ако подолг временски период хигиената на спиење ви е нарушена,под тоа подразбирам несоница,па рано наутро будење или испрекината спиење повеќе пати во ноќта и целодневна поспаност,деконцетрација,неинтерес за себе,некогаш преагресивни и отворени однесувања,а во друг случај повлеченост,значи нема конкретни параментри.Исто така најтипична карактеристика е пред спиење да ги доживувате најтешките моменти до степен на смирување и самотешење утре ќе биде подобро,утре ќе направам така и така и ова мора да заврши,значи најоптимистичен момент,се до следното утро каде што чувствувате дека цел свет ви тежи на плеќи и повторно се нема смисла.
Конкретно решение за проблемов нема,пред се бара психолог,па доколку утврди дека се работи за некое специфично растројство кое бара третирање со медикаменти тогаш треба да се обратите на психијатар.Факт е дека депресивците имаат извртена слика за светот пропратена со параноичен пристап кон работите,но едно е сигурно мора да се трудите да се самоанализирате и да се запрашате зошто е тоа така и најчесто со силна работа со себе сами доаѓаме до одговорите кои се кријат длабоко во минатото врежани во потсвеста.Смешно е да,но мора да направите табела буквално за се она што ве разнишало и ако би можеле инстант да промените да напишете што би било тоа и што е тоа што ве прави среќни.Исто така многу е важно да се разберете себе си како го гледате светот,дали сте си сами себе сојузник или се напуштате и сте со цел свет освен со себе.
Целосно се пронаоѓам во ова што е напишано,посебно во делот дека навечер ги доживувам најтешките моменти,дека утре ке го направам ова,ке го аправам она,а следното утро ништо нема смисла.Пробав сама да се справам со ова,но не можам.Во последно време почесто размислувам за псиихолог,но некако не можам да соберам храброст за тоа,дали да одам сама,дали да кажам на мајка ми... Не знам,само знам дека на моменти ми е премногу тешко и сакам само да спијам.Вака ми е веке подолго време.Пред 2 год ми беше премногу тешко,имав проблем и го надминав,и сега пред 4 месеци пак ми се случи нешто и што не е толку страшно за да не можам да продолжам,а јас се чувствувам премногу лошо.Немам интерес за ништо,а најмногу ме боли што моите дома ме гледаат ваква,а јас се срамам да им кажам дека ова не ми е само лош период кој ќепомине сам од себе.
