ТЕМА: Депресија

Мислење 28 Дек 2011, 11:32

ВО врска со погорните коментари, сакам да споделам искуство. Сите во тие тинејџерски години (скоро сите), сме поминале низ слични искуства од типот „смачено од животот“, „ме сака , не ме сака“, ама и посериозни проблеми, на пример развод на родители или смрт, болест...Често во тие години најлесно решение на проблемот изгледаат апчињата за смирување или скраја да е, самоубиство. Доколу се соочите со овој проблем, колку и да изгледа во моментот безизлезно, речете си „фаза е, ќе помине“ и само оптимистички мисли иако тие во моментот се нешто што ни на крај не паѓа.
ОД блиски роднини имам братучед кој си го одзеде животот на 23 години поради должење пари или комар и родителите поминаа и уште поминуваат низ пекол. Затоа вреди да се размисли неколку пати, значи не е само ние да се спасиме од маките, туку и околните, блиските, ги ставаме во уште поголеми маки. Дали го заслужиле тоа од нас?Да им го згорчиме животот. Некогаш не живееме само за сбе, треба да мислиме и на другите. Секој проблем има решение, секое прашање има одговор. МОжеби не конкретен или ен доаѓа на време, ама постои надежта дека ќе го добиеме. Депресијата е минлива фаза, само треба да се избориме со неа. Која е па таа (депресијата) да го оживее животот наместо нас?!? :*
Аватар на корисникот
d.Darla

Зелено цветче
 
78297
Мислења: 505
Зачленет: 01 Сеп 2010, 12:12

Мислење 02 Фев 2012, 01:55

Здраво на сите. Јас сум новичка :$ . Имам голем проблем со кој моментално се справувам. Паднав во депресија пред 3-4 години и сеуште неможам целосно да се опоравам. Посетувам психијатар којшто могу ми помага. Се започна со плачење од време на време за работи кои сметав дека сум ги погрешила во живот, почнав да го препуштам животот во рацете на сите околу мене, станав пасивна, не ми беше гајле за ништо. Работите почнаа да одат надолу, караници дома, неуспех на факултет, караници со дечко ми, гледав како сите одат напред а јас тонев па ми беше уште потешко. Моите дома се караа, мајка ми се оддалечи од нас, не запостави, со татко ми се караа а не гледаа дека мене ми беше потребна помош... ми требаше помош а никој не забележа, ми велеа.. - што си таква, немтур, насмеј се малку... или- пушти ја таму таква си е таа родена :( Како и да е, долга приказна. Работата е, депресијата не е било што и немозе никој сам да се справи со неа, потребна е стручна помош од психијатар. Јас откако почнав да одам на терапија се чувствувам многу подобро, ми се зголеми самодовербата и желбата да го градам своето Јас.Почнав да се грижам за себе и да се смеам повеќе. Единствено требаше да си признаам дека боледувам од депресија и дека треба работите да ги преземам во свои раце и да барам помош. Тагата полека но сигурно си оди во минатото и таму сакам да остане. Лечењето бара трпение , не поминува преку ноќ.
Yeats

Фем почетничка
 
33
Мислења: 9
Зачленет: 02 Фев 2012, 01:34

Мислење 08 Фев 2012, 17:07

Има многу постови кои расположуваат, и фала им на сите што напишаа толку позитивни зборови. :)
Сакам а посетам психијатар но незнам како тоа да им го соопштам на домашните. Другарките мислат дека сум луда, лажга, или да не ги нарекувам другарки повеќе... Често се чувствувам како да немам никој околу мене. Најситните, најмалите глупости ми изгледаат како огромни проблеми, а за вистина огромните низ кои што сум поминала да не споминам. Незнам зошто да живеам... Само за родителите, сестрата, да не ги повредам, можеби. Сум се обидела и со другарки на кои им верував да зборувам, мислев полесно ќе ме сфатат тие затоа што сме на иста возраст, но никој не ме сфаќа сериозно. Како да барам внимание им изгледа... Не сфаќаат, не знаат како е. Вака ми е одсекогаш... некои ќе ме наречат само плачка. Уште од мала сум била “мрачното дете’’ на сите... Најемотивната, таа што секој може да ја повреди. Имаше период кога имав една другарка и мислев дека не било ништо сериозно, дека конечно излегов од таа некоја фаза. Откако ми сврте грб сега ми е полошо отколку што ми беше предходно. Не верувам да е вистина толку лошо затоа што неа посреќна не сум ја видела. Само мене ми е вака секогаш. Еден збор и цел свет ми се урива..
Аватар на корисникот
Hayley

Сино цветче
 
186138
Мислења: 176
Зачленет: 20 Сеп 2011, 16:19

Мислење 08 Фев 2012, 21:10

Мене еден период ме обзема многу грдо чувство.
Најважно од се’ беше тоа што имав луѓе до мене, луѓе кои ми пружија потпора и што беа со мене и физички и психички кога во 1 саатот по полноќ им се јавив и плачев...
Не знам што би направила без таа потпора и утеха.
Јес да депресијата понатаму сама од себе си помина, како што течеше времето, но патот низ неа беше многу полесен со луѓето што беа покрај мене.
Аватар на корисникот
SexyLady

Жолто цветче
 
27093684
Мислења: 2365
Зачленет: 05 Сеп 2010, 15:33
СликаСлика

Мислење 13 Фев 2012, 03:10

Мене на моменти ме фаќа депресијата.. не трае долго ама знае да ме фати. Еве на пример денес, цел ден супер ми помина. Бев среќна и сега вечерта, почнаа да ме напаѓаат мрачни мисли. Има некои причини да се чувствувам така, ама не до толку да паѓам во депресија. Одма почнувам да си мислам на тоа што било, дека една другарка ми го сврте грбот а бевме како сестри.. Не да немам сега другарки и другари, имам многу блиски другари но сеуште неможам да ги прифатам како блиски.. А да ги чувствувам како блиски, се би се променило знам.. Најчесто кога ме фаќа депресија сакам да си седам и да молчам цело време овде во мојата соба, да не ме види никој. Несакам некој тука да дојде па да ме испрашува што ти е па совети па ова она. Доволно беше што одев на психијатар лани (тогаш имав многу проблеми, па ми попуштија нервите хх)па и сега да покажувам слабост, Ми минува од време на време, некогаш и цел ден може да ми биде таков. Мада ме нервира ова, несакам уопште да ме фаќа депресија за ситници ама то е.
Аватар на корисникот
Teresa94

Сино цветче
 
5857
Мислења: 243
Зачленет: 29 Јун 2011, 14:40
Умре мојата почит кон тебе , прими мое сочуство!

Мислење 13 Фев 2012, 03:54

Не да ме има фатено депресија вечерва... побудалев :( и самата не знам зошто, едноставно тажна сум, расплакана, како се да е против мене, не знам, не знам како да ви опишам :( ;( ;( ;(
Аватар на корисникот
Arianna

Сино цветче
 
6639
Мислења: 154
Зачленет: 23 Јан 2012, 04:31

Мислење 13 Фев 2012, 13:32

Arianna напиша:Не да ме има фатено депресија вечерва... побудалев :( и самата не знам зошто, едноставно тажна сум, расплакана, како се да е против мене, не знам, не знам како да ви опишам :( ;( ;( ;(

Ја те сваќам како ти е и мене ми се случува ова.. Вчера тажна а денес мислиш цел свет мој е :D ;)
Аватар на корисникот
Teresa94

Сино цветче
 
5857
Мислења: 243
Зачленет: 29 Јун 2011, 14:40
Умре мојата почит кон тебе , прими мое сочуство!

Мислење 14 Фев 2012, 00:39

Teresa94 напиша:
Arianna напиша:Не да ме има фатено депресија вечерва... побудалев :( и самата не знам зошто, едноставно тажна сум, расплакана, како се да е против мене, не знам, не знам како да ви опишам :( ;( ;( ;(

Ја те сваќам како ти е и мене ми се случува ова.. Вчера тажна а денес мислиш цел свет мој е :D ;)

хахаха кажи а :rofl: добра сум денес, колку толку не во целост али ипак се опоравив :lol:
Аватар на корисникот
Arianna

Сино цветче
 
6639
Мислења: 154
Зачленет: 23 Јан 2012, 04:31

Мислење 14 Фев 2012, 02:09

Arianna напиша:
Teresa94 напиша:
Arianna напиша:Не да ме има фатено депресија вечерва... побудалев :( и самата не знам зошто, едноставно тажна сум, расплакана, како се да е против мене, не знам, не знам како да ви опишам :( ;( ;( ;(

Ја те сваќам како ти е и мене ми се случува ова.. Вчера тажна а денес мислиш цел свет мој е :D ;)

хахаха кажи а :rofl: добра сум денес, колку толку не во целост али ипак се опоравив :lol:

Абе ќе се опраиш, утре па и една чаша вино хх да ни појде празникот :P
Аватар на корисникот
Teresa94

Сино цветче
 
5857
Мислења: 243
Зачленет: 29 Јун 2011, 14:40
Умре мојата почит кон тебе , прими мое сочуство!

Мислење 15 Фев 2012, 20:06

ООО не да се опраив сношти, ко' нова бев не знаев кај терам :lol: :lol: :lol: ти го пожелувам истото :lol:
Аватар на корисникот
Arianna

Сино цветче
 
6639
Мислења: 154
Зачленет: 23 Јан 2012, 04:31

Врати се на Психологија

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 4 гости

Site Meter