Интересно прашање! Јас сум променлива,некогаш гордост некогаш љубов. Се зависи за што станува збор и за каква ситуација!
Хммм Оној што вистински љуби, ја остава својата гордост на страна. Оној што вистински љуби, не ја гази гордоста на тој што го љуби. Во љубовта секогаш ќе има откажувања заради компромис и разбирање, но во соодветна мера и без губење на своето јас. Ако се изгубиш себеси, ќе почнеш да ја губиш и љубовта и почитта на човекот што те сака.
Немојте да го исмејувате тој којшто поради љубовта ја загубил гордоста, туку тој којшто поради гордоста ја загубил љубовта.....
ЉУБОВ....БИДЕЈКИ : ВРЕДИ ДА ИЗГУБИШ ГОРДОСТ ПОРАДИ ИСКРЕНА ЉУБОВ А НЕ ВРЕДИ ДА ИЗГУБИШ ЉУБОВ ПОРАДИ ГОРДОСТ иако сите велат гордоста пред се, сите ке ја погазат кога пред нив ке застане некој што ке го сакаат !
ЉУБОВ....БИДЕЈКИ : ВРЕДИ ДА ИЗГУБИШ ГОРДОСТ ПОРАДИ ИСКРЕНА ЉУБОВ А НЕ ВРЕДИ ДА ИЗГУБИШ ЉУБОВ ПОРАДИ ГОРДОСТ иако сите велат гордоста пред се, сите ке ја погазат кога пред нив ке застане некој што ке го сакаат !
Ако љубовта бара губење на гордоста, тогаш каква е таа љубов? Мора нешто да не е во ред! Значи, Гордоста !
Понекогаш треба са се премине преку гордоста, доколку личноста навистина вреди и доколку љубовта е навистина голема.
Гордост и љубов не одат заедно во никој случај,ваше е да одлучите по кој пат ќе одите,јас еднаш згрешив заради гордост изгубив љубов,затоа убаво проценете и одлучете што ви одговара најмногу,бидејки ако се одлучите брзоплето било за едното било за другото,веднаш може да зажалите
Јас цврсто стојам зад мојата гордост. Мое мислење е дека љубов што ќе ја доведе во прашање гордоста, не е љубов. Ако една личност вистински не сака, таа не би дозволила да нагазнеме врз нашата гордост. А што имам изгубено љубов поради гордост имам,ама тоа ти е.Многу од другарките ми велат дека дури кога вистински ќе се заљубам,ќе го сменам мислењето. А до тогаш ќе ми важи мотото: Увјек дама,па макар и сама.
И јас го делев истото мислење со тебе. И изгубив некој што многу ми значеше. Е кога за првпат после сето тоа си решив да ја сменам тактиката и да ја погазам гордоста.. в лице ме плукнаја.(не буквално) Иначе се сложувам со болдираното. Чиста вистина. Уште еднаш да се погазам самата себе за некој што не ме заслужува, НЕ.
Мое мислење... ако сакаш некој искрено и ете тој е убеден дека не сака да е со тебе, ти правиш се во твоја моќ и полза за да биде со тебе, за да те засака... но и покрај сето тоа што го правиш, тој си стои на своето... едноставно не му си важна. Љубовта е најтешка игра за играње, зошто можеш да се заљубиш, вистински да засакаш и тогаш губиш се. Гордоста на прво место. Ако некој навистина сакаш и сакаш да е со тебе или да си го вратиш, немаш гордост зошто надежта дека повторно ќе сте заедно те совладува... После помирувањето можеби ќе сфатиш што си направила и ќе си ја вратиш...
Љубов, амо само ако вреди поради неа да ја загубиме гордоста.Во спротивно ќе се каеме и ќе го згубиме и двете.