Кога ќе ги видам на прв поглед ми доаѓа да бегам како чад од мраз.Ама ако ми се приблишат...Брррррррррррррррррр...Језиви се многу
Не се плашам воопшто од кловнови и како мала не сум се плашела,ама не ми се воопшто симпатични и интересни...
После сите силни хорори што сум ги изгледала,од кои во некои филмови имаше кловнови убијци и те како ми станаа морбидни суштества.Не се плашам ама не ми е пријатно да ги гледам.
Не се плашам и немам некоја фобија,не се оптеретувам со нив. Но од друга страна,не ми се нешто ни забавни,туку помалку језиви
Eве едно видео, само пазете , зашто можеби е вознемирувачко за некој...Нема некои многу страшни сцени , ама сепак.. http://www.youtube.com/watch?v=83zUlOS9JJk
Во темава пишав еднаш баш ми се забавни, но не е така(во тој момент ми беше нешто друго на ум и напишав погрешно). Ги мрзам!! Одвратни, страшни, мистериозни... Неможам едноставно да ги гледам. Се плашам!! Страв ми е!
Не знам зошто но мене кловновите ми се тажни суштества . Не знам ни сама од каде ваква перцепција но длабоко во душата позади големата исцртана насмевка , смешна облека , гестови и тон шминка мислам дека се крие тага . Секогаш вака сум ги доживувала .
Како мала не сум се занимавала многу со клвонови,но знам дека кога ќе видев кловн не ми беше страв (во мојата околина и не беа толку страшни како во првото мислење )па им се радував.Сега ми се интересни но не да сум опседната.
Незнам зоѓто но кога ке видам клован многу се плашам..Незнам нејзината насмевка многу ми е страшна и неможам да ги гледам многу..Еднаш за еден роденден изненадување дојде еден клован и јас седев надвор се додека не си отиде..Уште од мала се плашам..