Во едно си во право Мања-животните цели со тек на годините и времето се менуваат.
Јас кога се запишав на факултет си велев-Да го завршам факсот,па потоа ќе го изнашетам светот и дури потоа брак

Да сум го изнашетала светот бе
Кога дипломирав цел ми беше работа.Ова ми е една од основните животни цели-работа која ме исполнува.За жал тешко е да се добие.Да се омажам не ми е некоја животна цел ниту да имам деца веднаш кога ќе омажам.Во тој правец не размислувам,а бракот ако може да се нарече животна цел го посакувам и може ми е и време
Една животна цел немам зацртано-Пример ќе бидам најуспешна и точка.Сакам помали цели ама кои ќе ме исполнуват.Да речам желбички за убав живот.Да сме сите блиски живи ,здрави,среќни.Да ги имам до мене.
Кога ќе се омажам животна цел може ќе ми биде детенце,не знам.
Знам само дека отсекогаш сум ја сакала мојава струка која е и ценета и со убава титула

ама кога ја добив после мнооогу труд,се разочарав зошто не можам гордо да си ја носам.Кога дипломирав цел ми беше-работа,кога ја најдов-цел подобра работа од оваа,така да една животна цел,навистина немам.Дали сум станала помалку амбициозна не знам,ама од едно нешто не можам да се раководам во животот,дека само тоа ќе го постигнам.
Во секоја доба од животот,целта ти се менува,согласно со потребите,желбите,условите.
На крај,сакам да постигнам единствено да бидам среќна
