За лагата може да се зборува со денови, ама да започнеме дискусија ке псотавам неколку прашања.
Дали лажете? За какви работи (позитивни/негативни)?
Кои се најчесто причините за лажење?
Сите велат дека сакаат искрени луѓе, но ако буквално во секоја ситуација сме искрени би настанал општ хаос. А и не постои човек кој барем еднаш во животот не излажал.
Дали ве фатиле во лага? Како сте реагирале?
И дали вие имате фатено некој како ве лаже и како сте се однесувале или ако фатите некој да ве лаже како би требало да се однесуваме?
И за крај што е за вас лага? Што претставуваат тие?







