Ги има(в)те ли? Доколку се минато, ќе споделите ли искуство како сте се одвикнале, за да помогнете некому? Пушење, пиење, наркотични средства, анти-депресиви, грицкање нокти, усни, претерано јадење... Сите се воглавно поврзани со пореметувањето на контролата на импулсните реакции, односно Impulse control disorder. Јас сум си имал работа со 2 вакви навики, односно грицкање на устата и ноктите. Првата навика ми траеше кратко, како што дојде, така и си отиде, а помогна константното мачкање со ла-бело, едноставно кога имав ставено на устата, не сакав да ја грицкам и со тоа да го бришам ла-белото. А со грицкањето нокти, може да се каже дека баш сега сум во период по којзнае колку години, кога напреднувам и конечно ги зараснувам како што треба. Не помагаа низ годините ни горчливи лакови, ни не знам какви киселини, ни нешто трето... Не знам како, едноставно се заинаетив и решив да ставам крај на оваа лоша навика, да не се наоѓам себеси во „листата“ луѓе со, како што реков, Impulse control disorder. Се надевам дека ќе истраам и успеам да ја искоренам оваа гнасна навика. ПС. Темата е ставена во „Психологија“, бидејќи за повеќето од овие навики се смета дека виновник е психичко пореметување. Па ајде, ме интересираат вашите (не)успешни искуства.
Ги имам куп, дел можам да ги контролирам, а дел ми сметаат. Грицкање коса. Навика од која НЕ МОЖАМ да се одвикнам колку и да се обидувам. Кубам влакна, одвратно делува, во друштво не, но кога сум сама дома, кога седам пред компјутер, читам, учам и сл. махинално раката ми оди накај косата и кубам влакна.
Ја гризам устата, и тоа од внатрешната страна, кај долните заби. Цела уста ми е лом и стоматологот ми рече да престанам за да не дојде до инфекција или хронично заболување, но не можам и не можам да се одвикнам. Најчесто ми се случува несвесно кога се нервирам, а се нервирам многу и често. Ноктите ги грицкав како помала, престанав, почнав пак пред некое време, но сега оваа навика е под контрола и не сум приметила да ми се случи одамна. Поради ова, ноктите ми се со никаква форма и не можам нормално да ги израснам. Се надевам и ова со устата ќе успеам да го ставам под контрола, бидејќи ужасно многу ме нервира и ми пречи.
имам лоша навика-грицкање нокти,многу ми смета ама неможам да ја контролирам посебно кога сум нервозна а една моја познаничка има грозна навика,кога и да седи со нас во друштво си го чепка носот баш гадно,но никако да и текне да престане
Ко мала грицкав нокти. Како што раснев сфатив колку грдо и гадно изгледа и престанав. Не идеше лесно, ама ми помогна и тој лакот што горчеше. Не дека јас неможев да го поднесувам вкусот, мене всушност не ми сметаше горчината....ама некогаш неосетно и несвесно од навика ги грицкав, и вака кога ќе осетам горчлив вкус ми текнува веднаш да ги тргнам прстите од уста. Ако немав лак, додека се свестам, отидел ноктот. Е на тој начин ни помогна Друга лоша навика што ја имав е да си чепкам низ главата/косата додека учам и си правев ранички. Ама најдов лек и за ова, сега додека учам обавезно држам пенкало во рака и така ми се зафатени рацете и не ја фаќам главата
најлоша моја навика-јадам кога не сум гладна, туку кога ми е досадно. Ова морам да најдам начин да прекинам да го правам друга навика која не знам колку е лоша е тоа што не можам да седам мирна него секогаш морам да правам нешто со рацете. Или кинам ливчиња (еднаш сметка искинав во кафич пред да ја платиме ), или си вртам нешто низ прсти и најлошото кога чешкам некого. Ептен несвесно ги правам овие работи, а кога ќе пробам да прекинам нема шанси. Ама што да се прави А иначе за грицкачето нокти, ова и успеа на една моја другарка. Значи ноктите ги грицкаше како манијак. Кога почнавме факултет мораше да се вози со автобус и бидејќи таму е прилично прљаво и беше многу гад и прекина.
Имам неколку лоши навики - често се прејадувам и снемувам воздух мислам , ја истурам нервозата понекогаш на некој што е ни крив ни дужен или ако сум лута и бесна во моментот на некој и истиот тој да ми пререче нешто... - нема баш сјајно да помине! Исто така често устата ја чепкам со раце, а посебно кога ми е испукана, кога сум во ПМС или од ладното надвор и после се чудам од каде херпесот ми изникнал... Голема педантерија сум и кога ќе видам неред ме фаќа паника , а и хипохондричноста ме надвладеа до максимум (не дај Боже дома некој да ми дојде што е болен, настинат и сл.) - ќе правам стерилизација и дезинфекција во сите соби или пак некој или некоја со сомнително сексуално минато да ми седне на WC шољата дома... Одма Доместос ќе ставам и триста други хемикалии...
Лоша навика ми е што сум многуу живчана и секогаш ја тресам ногата или прстите. Исто кога одам да купувам кога разгледувам нешто се чешам на градниот кош или вратот ко шугле, а не од што ме чеша.. Од нервоза ја гризам устата и после ни лабело ни мед ни ништо не ми помага колку е изгризана
Порано ја грицкав устата ама се одвикнав, а сега грицкам нокти и исто како Валјд кога сум сама дома ја кубам косата
Грицкав нокти премногу ама сека се одвикнувам од тоа и добро ми оди. Успеав и да ги израснам. Устата ја гризам кога сум нервозна и тоа од внатрешната страна. Многу ми пречи оваа навика, одвратно е. И лицето го чепкам постојано.
Порано си ја јадев косата . Спонтано се одвикнав. Потоа грицкав нокти .Исто,помина само од себе. Па се прејадував ,но и на тоа му ставив крај . Кога учам ,си чепкам во коренот на косата,убаво ми е. :geek: Kога сум нервозна - исто така. Пушам...и цигари Многу пцујам,рекордерка сум во таа (не)дисциплина ... Многу зборувам безобразно...Ми треба Чаре???
Ги имам секако, а кој ги немал.. грицкање на нокти, јадење на коса, грицкање на секое можно пенкало.. и уште многу други..
Си ја јадев косата-ама престанав Како помала си ги грицкав ноктите-сега ми се цврсти ко камен неможам да си ги грицкам Врвовите на косата на лицето си ги ставав- и уште неможам да се одвикнам од ова
Порано јадев коса и грицкав нокти. Тоа со косата помина откако си ја скратив, а ноктите одеднаш престанав да ги грицкам, пораснав и решив да ги негувам. Од неодамна постојано си ја пребарувам косата за тврди влакна и истите ги откорнувам.
имам една лоша навика,кога седам мора едната нога да ми е под газот (значи да седам на неа) и толку ми е лоша навиката што и кога одиме на гости јас приметив дека така седам,но секаде се не може бе не е убаво ама ете инаку на стол кревет не е битно јас вака седам како да заборавив како се седе женски,резулат на тоа е што коленото некогаш јако ме боли од пример седење сат два врз него
Кога пијам кафе обавезно го превртувам филџанот ко за гатање...и така цел ден може да ми стои на маса (ниту си гледам на кафе, ниту пак некој ми гледа), ама пуста навика...И на крај јас ќе си го измијам но ако некој друг го измие-се нервирам... :geek:
Јас имам навика да ги грицкам ноктите, но тоа ми е на периоди. Имам навика да го лупам лакот од ноктите со заби.. Исто така имав навика да го грицкам прстот со салвета.. но татко ми ме одвикна..ми ја запали салветата и крај!
Лоши навики што ги имам се -грицкање нокти -пукање на прсти -стоење едно 2-3 сатии пред огледало во текот на денот -лупење на лакот од ноктите -чепкање постојано на косата ии то
Порано грицкав нокти али еднаш решив да ги пораснам и многу ми беа убави и си ги излакирав од тогаш не ги грицкам сега иам друга лоша навика ја гризам устата од внатрешна страна...