Не знаев каде да ја ставам темата, и не најдов дупла па отворам во психологија. Дали медитирате? Јас сум почетник во ова т.е сакам да медитирам но ми требаат совети какви медитации да употребувам и сл.
И јас одамна сакам, но не знам како да почнам. Имам прашано во 1-2 книжари дали имаат нешто како прирачник за медитација или јога ама немаше.. Сега ми текна дека имам видено во градската библиотека таква книга па кога ќе одам ќе ја побарам
Meggy имаш книги за медитација насекаде.на пример баш пред некој ден видов во Сева. слатка продавница за свеќи и слични работи.се наога на плоштад кога идеш накај мц таа уличка одма ке ја видиш со големи розеви букви пишува Сева.имаш истотака и музика за медитација.. има и часови за медитација колку што знам до сеа две другарки одат ама поврзано е со Јога. искрено и ја сакам да медитирам.ама сакам да навлезам во она дип медитација односно да се унесеш ептен. но за тоа ке треба мнооооогу време сигурно со години и е многу тешко а немам трпение така да ништо од тоа за мене ...
Ама јас не сум од Скопје , фала сепак. Да не бидам офтопик, почнав со медитација прво со помош на видеа од youtube, потоа чичко ми ми кажа некои тактики, па сега за сега со тоа ќе продолжам.
Го обожавам медитирањето, целосно ме опушта, ми дава енергија... преубаво е чуството после медитација........ Пред година дена одев на медитација со пријателка кај Тино (Константин Кајашаров) во Центарот негов, со една пријателка, и навистина уживав......
Со музиката за медитација се опуштам, ама како што можам добро да медитирам со црковна музика, има некој силен ефект врз мене, прочистувачки, возвишен, ми дава потполен мир, се пронаоѓам себе си повторно и повторно
[СДК] Сакам да кажам... Дали некој од вас оди на оној едномесечен курс по медитација , што се одржува во таа градниката што е од државна болница па нагоре, незнам како да објаснам подобро... Ај ако има такви нека ми пишат лп кога е наредниот час. Тенкју
од Септември месец посетувам курсеви за медитација(почетен и напреден) а пред 1 месец станав и официјално ученичка на Шричинмој ме опушта, ме релаксира, како на друга планета да сум-а сепак сум на оваа не може секој да издржи, пробај и види како ке ти оди
Јас пробувам дома да медитирам.Немам некоја огроооомна желба но сите викаат добро е пробај,опушта па викам ај да пробам.Пуштив едно видео од јутуб како медитовати и седнав јас со скрстени раце на столов слушалките на уши бидејќки ми се расипани звучниците,и ги ставив рацете пред мене замижав и ми се чини штом почнам да не мислам многу ме боли глава оддеднаш а кога ќе отворам очи ништо.И имам отежнато дишење во таа положба,како да треба јас од грбот да го испуштам воздухот незнам како да кажам.Можеби сум згрбавена па затоа.И затоа ми иде да зевам :/ Дали се ова нормални симптоми како за почетник? И незнам која медитација да ја практикувам,до душа јас не ни знаев дека има повеќе видови еве сега ве прочитав вас и дознав.Ако може некој нека ме посочи како за почетник која медитација да ја одберам пожелно е линкче од јутуб Инаку после мојава “медитација“ се осеќам по исправено како да сум била на физикална терапија
За да медитираш најважно е да ја познаваш техниката на дишење. Само така може да имаш успешна медитација. Положбата во која се наоѓаш не е важна, но се препорачува да не е лежечка за почетници, зошто може да заспиеш и ништо од медитацијата, а исто така е важно грбот да е исправен, поради дишењето.
Медитацијата се прави без музика, во тишина, бидејки е начин за човек да го смири сопственото его, да не биде толку истакнато.А што повеќе го нема, толку подобро.Но, не може и целосно да го снема, што значи може само да не биде егото големо.Дишењето треба да е нормално, значи она длабоко дишење кое ние луѓето го правиме вообичаено, но брзински, подобро е почесто и побавно, а ако може и со стомак уште подобро.Јас имав слушнато една информација од докторка, дека најчесто здравствените проблеми во стомакот и долниот дел од стомакот, настануваат и поради немање кислород во стомакот и долниот дел од стомакот.Мислам дека не е добро да се медитира со музика, бидејки целта на медитацијата е да се нема мисли, да не е блокиран мозокот.Додека медитацијата може да се прави во седечка положба, со отворени или затворени очи, сега тоа секаде различно се толкува, како е подобро, со отворени очи или затворени.Според мене е подобро со отворени очи, бидејки сите сетила се активни, но и неактивни со медитацијата ( тоа всушност е не посветување внимание на околината,освен концентрација, ништо друго).Добра работа е, смирува и многу помага за здравје. Имам вежбано, едно две-три години, а мож и помалку, но најдобро е да се прави медитацијата со помош на инструктор, почетнички, а секако после човек продолжува сам да практикува медитација.Вака од интернет, незнам колку е добро и дали има ефект.
Медитацијата е еден од начините кои ни помагаат да се поврземе со нашата внатрешна мудрост. Ползата од медитацијата не е само моментна, таа се акумулира. Постојат многу методи со чија помош може да се медитира, за почетниците најдобро е да почнат само со седење во тишина и длабоко дишење, потребно е само да се скоцетирате на вашето дишење, не мора да се трудите на дишите на некој посебен начин, само бидете свесни за вашето дишење.Друг начин е броењето за време на медитацијата. Телото и умот сакаат постојаност, убаво е да практикувате да медитирате секој ден во исто време. МАнтра според мене е еден од најуабвите методи на медитција.Тоа е медитирање со кажување на два или три збора како на пример СЕ Е ДОБРО или некој што вас ви одговара. Книги за техники на медитација има во сите книжари, пример на Ошо имате убави книги за медитација. Штета што кај нас медитацијата не е премногу актуелна, овај свет би бил многу подобар кога секој од нас би практикувал секојднево медитирање.
Бог, Сè-Духот на постоењето му даруваше на човештвото изобилие на објави кои содржат во себе и повнатрешнување (медитација) и телесни вежби за хармонизација на душата и телото за современиот човек. Но исто така во повеќе наврати опомена за опасностите кои ги демнеат луѓето кои преку разновидни медитации и ментални техники се насочуваат кон тнр. „учители„ наместо кон Христос, единствениот Небесен учител кој од пред 2000 год. е спасителот на сите луѓе и души. Духовно божествениот свет преку божјиот инструмент за денешницата го објави Внатрешниот Пат кој започнува со првиот медитацицки курс. Toj во текстуална форма достапен е онлајн и на македонски јазик. Истиот е достапен во аудио форма на цд-а или касети во изд. на Универзален живот: ftp://ftp.universelles-leben.org/pub/Makedonski/s122mk.pdf на следниот линк може да се слушне аудио извадок од медитацијата „Моето потекло е Духот„: http://www.das-wort.com/deutsch/hoe...g/urchristlich-meditieren---nr-1-u-2-live.php
Јас дома си медитирам, со медитации за почетници. Навечер пред да си легнам си медитирам саат време и баш ме опушта, ме смирува доколку сум била напната во текот на денот