И зборови и дела. Зависи колкава тежина има различно може да го примам. Ако е дело тогаш може и да го заборавам. Но ако се зборови упатени према мене, а уште повеќе да има други луѓе, што би слушнале, упатувам поглед (во смисла да се преиспита што зборува дотичниот/та, нешто слично на ова смајли -

) Премолчувам, зошто во тој момент и дотичниот/та и околината преку погледот се свесни дека зборовите отишле предалеку, па ако продолжат едноставно вртам грб и си одам, зошто јас неможам да си дзоволам да губам време и да стојам луѓе од чија уста излегуваат навреди, едноставно ги игнорирам. Кога ќе сум сама подоцна анализирам зошто со такви навредиви зборови ми се обратиле, се испитувам да не сум поттикнала јас таква реакција. Морам и кај себе да го побарам виновникот. Но во принцип, во моментот давам знак, премолчувам, вртам грб, си одам, игнорирам. Не правам сцени и галами. Никогаш нема повторно да остварам контакт со нив, се додека не ми се извини. Па дури и тогаш би била на дистанца.