Дали сте таква личност, што ако некој ви направи нешто лошо по секоја цена сакате да му вратите, да му се одмаздите некако, или едноставно си се тргате настрана и не се замарате за тоа што ви го направил, значи оставате на времето и на она „дека кога тогаш ќе му се врати“ !?
Никогаш не се одмаздувам , барем до сега никој не ми згрешил толку многу за да враќам. Еднаш ми се случи нешто слично на одмазда, една другарка ми згреши, ме предаде( барем тогаш ми се чинше како којзнае колку да е тоа трагично) и решив да и вратам, направив нешто што знаев дека ќе ја повреди, откако го направив тоа што го мислев се чувствував многу лошо па решив никогаш да не и кажам затоа што ,тоа што не го знаеш неможе да те повреди,нели ? Мислев дека ако се одмаздам ќе ми биде полесно ама не ми беше, а имам приметено дека игнорирањето е поболно од било која одмазда, кога некој ќе ти згреши скарај му се и игнорирај го, секогаш тоа ги боли без разлика дали се работи за машко или женско. Ако не им посветуваш внимание на тие што ти згрешиле патат и доаѓаат да молат, секогаш е така.
Злопамтило не сум, и среќна сум поради тоа. Ако некој се замарал да ми направи нешто лошо, тој не е толку вреден јас да се замарам со него и да му се одмаздувам. Немам време за такви глупости. Сепак мислам дека некој таму гледа се и запишува цртки. Животот е тркало. Кој што ми згрешил, ќе му се врати еден ден од некоја друга страна. Јас нема потреба да си играм Господ и да му наплаќам за грешките.
Forgive but not forget... Не сум личност која после секоја навреда прави план за одмазда, но се случува да си ги искористам квалитетите на долг јазик во одредени моменти за да пецнам и да ја потсетам личноста дека сепак не е совршена...
Не сакам да се одмаздувам,ако некој ми направил нешто лошо кога тогаш ке му се врати,затоа што се се враќа,се се плаќа,немам потреба некому да се одмаздувам.
Не сум одмаздољубива, барем не со дела. Но често на тие што ме повредиле знам во пригодна ситуација да вратам со збор.
Не сум воопшто одмаздољубива , меѓутоа се си памтам..и некако после тоа со тој човек не ми е исто...дали станува збор за доверба, некоја психичка подршка, јадење г***а , се ке си ставам во меморија и крај се одалечувам ilent: ilent: ilent:
Па не можам да кажам дека не сум баш одмаздољубива... можам да се сетам на некои ситуации кадешто сум вратила мило за драго. Ама претежно заборавам, ако не се работи за некоја кардинална грешка.
Немам вишок време за да смислувам одмаздољубиви гестови.Постојат луѓе кои ми згрешиле, но или им имам простено или не се веќе дел од мојот живот.Оставам на време. Верувам во тоа дека во животот се се враќа.Тоа е и изворот на надеж.Кога тогаш гревовите се наплаќаат, правдината секогаш излегува на виделина.
ne se odmazduvam zasto ako pravis nesto za da vratis na nekogo-znaci deka si ist kako nego ... :up: ama zatoa otpisuvam luge od zivot....
Не сум одмаздољубива личност, секако нема да се чувствувам подобро ако се одмаздам, напротив... Има луѓе што ми згрешиле, ме боли особено ако се работи за блиски луѓе, и се оддалечувам... може да останам во контакт со нив, ама нема да биде како порано. Но одмазда не применувам, нема зошто... знам дека сè се враќа, сè се плаќа...
јас пак сум големо злопамтило и уживам кога се одмазувам све памтам и дали поминале и неколку години јас враќам таква сум едноставно неможам против тоа и не гледам дали ми се блиски луѓето дали мајка, татко ,сестра ,другарка итн.
Паааааа... кога-како. Некогаш знам да вратам, но во случаи кога нешто страшно многу ме повредило. Најчесто ги бришам тие луѓе од животот или им простувам, но секако не заборавам. До сега често сум се наоѓала во ситуација да видам како на некоја личност што ме повредила и се вратило. Не сум се "ситела" на тоа, но до негде и ми било мило зашто знам дека ништо не останува не платено иако ние сме простиле, можеби и заборавиле, но некој води сметка за се.
uzivam vo odmazda takva sum si imam svoi principi mototo mi e ne me zadevaj ne te zadevam ama ako......eee togas pazii
Forgive but not forget... Не сум личност која после секоја навреда прави план за одмазда, но се случува да си ги искористам квалитетите на долг јазик во одредени моменти за да пецнам и да ја потсетам личноста дека сепак не е совршена... се препознав во постов
Не сум таква особа стварно не можам да се замарам и да смислувам планови на кој како да му се одмаздам и.т.н,мислам дека тоа е губење време за ништо, можеби не е дека не се замарам ако некој ми направил лошо сигурно ќе ми биде глупо,ја бришам таа особа и живот иде даље....
не се одмаздувам, ама не заборавам ! значи самото тоа што не заборавам, кажува многу работи. некогаш одмаздата значи и да те изгуби некој. тоа е најголемата одмазда според мене. зашто секогаш тргнувам од тоа, не се одмаздувај, едноставно покажи колку вредиш, за да некој пати по тебе, и да сфати што изгубил !!!
Во хороскоп сум Шкорпија. Мислам дека тоа многу значи НЕ простувам и Не заборавам, СЕКОГАШ враќам мило за драго. Втора шанса кај мене не постои ниту пак прифаќам извинување. Таква сум. Гледам да не погрешам на никој за да не се извинувам, истото сакам да се случува и спрема мене. Да не ми погрешат за потоа да не ми се извинуваат. Ако погрешат можам да сфатам дека секому се случува, еднаш... Но доколку се случи по втор пат веќе е помината црвената линија и ниту простувам ниту заборавам и најлошо - се одмаздувам.