мило ми е што постои ваква тема...
јас еднаш имав работа со еден таков глупак!!!
тоа беше несреќа во среќа...
само мајка ми знае за ова и една другарка...сакам да го споделам ова и со вас бидејќи таквите личности се навистина оболени и мораат да се казнат!!!

ова ви го кажувам бидејќи не ми се случило ова само мене туку и на многу други,кај мене за среќа не беше ништо трагично...
Беше петок вечер и јас со друштвото бев на журка...
преубаво си поминавме и од мнооогу пеење зарипнав...
после полноќ-кај 1ипол или 2...јас и едната другарка што живее на кај мене,си заминавме накај дома со такси...
бидејќи секогаш се разделуваме со другарка ми на едно исто место,слегнавме повторно таму..и двете си продолживме секоја на различен пат,за да си појдеме дома...
мене ми требаа уште две минути за до дома да стасам,и од зад мене забележав како еден човек на велосипед иде на кај мене...
Многу ми изгледаше чудно затоа што некој вози велосипед во 2 часот после полноќ... и некое сетило во мене,имав чудно чувство како да знаев дека нешто неубо ќе се случи...Почнав да брзам..и кога свртив во уличката што е до мојата тој-мажот слегна од велосипедот и со трчање ме стаса и од зад грб ме турна...

паднав на асвалт... но
веднаш реагирав..станав-премногу се уплашив

и во моментот кога тој идеше на кај мене---јас почнав да врескам како луда

но ЗА МОЈА СРЕЌА
бидејќи имам мнооогу силен глас,,мажот избега за да не го сети никој....
Сето ова ми се случи во една минута...немаше ни толку...
иако бев зарипната--сторив се што можев за да се спасам за да не бидам *жртва* на некој оболен како тој...
Не му го памтам убаво ликот,но знам дека беше стар маж,можеби имаше 40 години а можеби и повеќе...
Несакам да мислам што ќе беше ако се случеше нешто полошо...
Само знам дека такви суштества постојат и треба да се лечат или да се заколат..
Мене за среќа ништо не ми се случи освен еден голем страв што претрпев и зглобот при паѓањето го шинав...
Сега со такси си одам до пред порта...ако треба и од дома им се јавувам за да ме пречекаат,,,сакав да го споделам ова со некого бидејќи не е исто да се рече дека постојат педофили,манијаци и слични лудаци,,,
незнаете какво е чувството...
