Денешната младина овој гест секојдневно го прави. Да, и јас сум го правела, сега поретко. Се одвикнав, тоа е нешто најниско што може да го направите... и кога некој случајно го покаже средниот прст, се газат од смеење другиве... а, која е разликата меѓу средниот прст и останатите прсти? Средниот прст е измислен од неписмени и прости луѓе. Ехе, како мала колку сум била проста што сум правела така.. но, сега се одвикнувам. Што мислите вие за овој гест? Спојлер Ако е дупла темава, во канта!
Среден прст покажувам само кога некој ќе ме накурчи. Не за друго туку да му дадам до знаење дека неможе и точка. Не е којзнае колкава култура знам,но подобро тоа отколку цела нервоза да ја истурам и да се направи поголемо. Иако не е културно не го практикувам често и се држам на страна од такви провокации. А иначе да се смеат во фазон"Ау колку е јака оваа".
Многу ми е тинејџерски некако Ме враќа во времето кога бев средно, тогаш покажување среден прст ни беше како добар ден (многу бевме идиотчиња... ех, колку ми фалат тие времиња )
Покажување на среден прст ми е стварно толку деградирачко и некултурно,толку безвезно,што мислам дека тој што се служи на овој начин има слаб карактер.
Не дека исфрустрирано одам со среден прст горе, али кога некој ми зборва глупости за кои знам дека нема поента за дискусија го практивкувам и заминвам. Полесно е од зборови кои нема да ги разбери.
Само неколку пати во животот... кога сум била супер нервозна. Еден од тие беше минатата пролет кога интернетот ми беше бавен (па му покажам среден прст на компјутерот ). Всушност, истото го направив и вчера (повторно во прашање беше компјуерот). Онака, на живи луѓе - не. Глупо е и сељачко. Еве што прочитав минатото лето на popara.mk: Јас почнав да се смеам. А вие?
Искрено никогаш не сум покажувала ниту намеравам. Познавам многу си покажуваат, а мене ми е некултурно, и не практикувам.
На машките од мое кога им ја кажав теоријата што ја постира Елена, почнаа само на зафрканција да користат среден прст... добро, барем на зафрканција...
Јас кога го прочитав, бев среќна што не сум го покажала средниот прст на живи луѓе...па после поченав да се смеам бидејќи машките често еден на друг си покажуваа среден прст.
Дали два три пати сум покажала среден прст чисто на шала. Не сакам да покажувам, го сметам тоа за ниско и прилично глупаво.
Сум покажала,но само во моменти кога сум крајно изнервирана,но сепак не е ништо посрамно од тоа на професор да кажеш здраво