Спојлер Не најдов ваква тема, но ако има - клуч, канта и извинување од мене. Сакав да ве прашам, што мислите за посесивноста? Посесивни ли сте, или можеби познавате некој таков? Еве јас, можда некоја златна средина. Посесивност како психичко нарушување, не ми се свиѓа. Али онака, некој заштитнички да се однесува спрема мене, да ме чува итнитн, тоа да. Вие?
Да, посесивна сум но не претерано. Сепак знам да го ценам и чувам тоа што го имам, заштитнички се однесувам кон него итн. Тоа што е мое си е мое, а станува лошо кога некој се обидува да ми го земе или на било кој друг начин да наштети. Но се во границите на нормалата, не сум опседната или не дај Боже болно посесивна.
Што ја карактеризира претераната посесивност? Ако сте претерано посесивни, најчесто немате увид дека имате проблем. Тоа што чувствувате стравови, бес и сакате другите да ги контролирате, најчесто го објаснувате дека тоа е условено од однесувањето на некој друг, односно го проектирате на партнерот. Одбивате да сознаете дека ваквото ваше дисфункционално однесување зад кое се крие вашата несигурност, негативната слика за себе, стравот од отфрлање и повредување, како и срамот, не е проблем на вашиот партнер, туку е само ваш личен емотивен проблем. Како да препознаете дека имате проблем наречен патолошка посесивност? Најпрво, она што веќе е кажано - одбивате да се соочите со тоа дека имате проблем. Стравувате дека ќе бидете оставени, повредени, изневерени и тоа одбивате да си го признаете. Во вашата врска се чувствувате несигурни и исплашени и се обидувате тоа да го маскирате така што на партнерот му ја ограничувате слободата и му ја наметнувате сопствената волја. Од партнерот барате гаранции дека нема да ве остави или изневери, а притоа одбивате да сознаете дека ваквите ваши нереални барања се параван за вашите стравови. Кон партнерот манифестирате и контролирачко однесување - го проверувате или за него се распрашувате кај други лица. Ваквото однесување само го зголемува вашиот страв и сомневања. Имате проблем кој се однесува на вашите интерпретации. Истите однапред ги подготвувате, искривени се, лажни, погрешни. Се однесуваат на тоа дека партнерот ве изневерува, лаже или се обидува да ве остави. Можноста да бидете оставени или отфрлени за вас е доказ дека сте лоши, дека со вас нешто не е во ред, дека сте неуспешни, непривлечни и слично, што само дополнително го зајакнува вашиот страв, па за да не се соочите со ваквата проектирана слика за себе, вие наметнувате како партнерот треба да се однесува, како да функционира и живее, за да ја сведете можноста да ве остави на минимум. Терапија. Доколку се препознаете во овие наведени карактеристики на патолошката посесивност, побарајте стручна психолошка помош. текстот е превземен од весникот “Вест“
Јас сум посесивна, а не смеам да бидам ... многу лоша карактеристика ми е тоа ама што да правам едноставно така реагирам посесивно и љубоморно... две мнооогу лоши комбинации
Посесивна сум, ама за одредени работи, не за се. Партнерот сакам само јас да го поседувам (нормално ), ама не болна посесивност, значи си имам граница. Незнам дали во посесивност спаѓа и моето врзување за предмети кои имаат сентиментално значење?!?
Посесивност-себичност или според мене несигурност во себе и своите квалитети.Луѓе сме секој во одредена мерка е посесивен кон луѓето кои ги сака и стварите,не му верувам на некој ако каже дека не е посесивен барем во одредени ситуации.
Потполно се пронаоѓам.. Свесна сум дека не треба да се однесувам така и дека на овој начин само го оттурнувам дечко ми се' повеќе од мене, но многу е тешко да се контролира ова чувство. Секогаш кога е негде излезен без мене постојано мислам каде е, што прави и кој има таму каде што е. Дали гледа во други девојки, дали флертува со некоја, дали ме изневерува.. Дури и кога седи дома јас се плашам што гледа на телевизија можеби гледа еротски филм или разголени жени што ги има на сите програми Како се лекува ова? Ако продолжам вака или ќе го натерам да ми раскине или самата јас ќе полудам од непотребни грижи и нервози и сигурно нема да има добар крај. Ве молам за помош како да ја надминам мојата љубомора, па да можам слободно да живеам и уживам во љубовта. Имам многу ниска самодоверба и се обидов да ја подобрам со сите совети што ги прочитав, да вежбам, да се шминкам, да се дотерувам, но и покрај тоа јас не успеав да ја покачам својата самодоверба и да мислам дека сум најубава за мојот дечко затоа што знам дека тој сака големи гради а јас ги немам.. Не изгледам како што изгледа неговата идеална девојка и затоа се мачам себеси со ова. Освен тоа, бев изневерена од претходниот дечко и оттогаш почнав да бидам многу попретпазлива и станав неизмерно љубоморна. Ве молам за совет..
Мој добронамерен совет да поработиш на себе, на твојот личен раст и развој. Не е ништо страшно, don't worry Но последниците од твоето однесување, како што кажа и самата ти(да не ти раскине дечко ти), можеш да ги спречиш и да имаш здрава нормална врска. Доколку би сакала може да ти предложам добар психолог-психотерапевт кои работат со состојби како твојата.
Ќе бидам кратка. Има една изрека: Предметите ни се за поседување, а луѓето за сакање. Светот е во хаос затоа што предметите се сакаат а луѓето се поседуваат. Луѓето не се предмети и никако не ја оправдувам посесивноста.
Посесивноста ме асоцира на реченицата, мој/а си и ќе бидеш само мој/а. Мислам дека причината заради која луѓето стануваат посесивни се секојдневните психички тортури што мора да ти трпат, или на работното место или заради незадоволството кое го чувствуаат заради социјалниот статус. Поради ваквите проблеми утеха наоѓаат во партнерот, кој/а ако не се однесува како што треба предизвикува љубомора, која подоцна преминува во посесисвност. Сум била љубоморна, но посесивна никогаш зошто сметам дека тоа е веќе крајна фаза на психичко пореметување кое бара соодветен третман и разговор со психијатар.
Посесивна сум али не многу. Некогаш за одредени работи/лица можам да сум ептен посесивно настроена, а некогаш за истите уопште.
Колку и да не сакам да признаам, понекогаш сум посесивна, и тоа кога станува збор за саканата личност. Знам дека со сила не можеме да задржиме никого и ништо, но посесивноста ми се активира како еден вид заштитна реакција. Се трудам колку што е можно да се контролирам. Кога станува збор за предмети, не сум посесивна, баш напротив.