ТЕМА: Проблем со комуникацијата (зборување пред други)

Мислење 22 Сеп 2011, 08:06

Не знам навистина што ми се случува. Веќе една година во главата ми се заврти дека ако помислам на нешто или го изговорам во седе дека другите ќе го слушнат тоа и дека ќе ме замразат поради тоа.
Опседната сум со тоа. Дури и кога зборувам се мислам дека некои несакани зборови ќе излезат од мојата уста. Ми е страв да ја отворам устата па почнав да дишам со затворена иако ми е тешко така.
Имам навика да се снимам, затоа што така ми е полесно да зборувам во спротивен случај се плашам да зборувам или пак да ја отворам устата.
Знам дека xна многумина ќе им звучи како некоа зафрканција, но не е така верувајте.
Очајна сум, навистина сум опседната со тоа.
Не знам зошто сум ваква.
Scaredgirl1

Фем почетничка
 
01
Мислења: 2
Зачленет: 22 Сеп 2011, 07:56

Мислење 22 Сеп 2011, 09:14

Scaredgirl1 напиша:Не знам навистина што ми се случува. Веќе една година во главата ми се заврти дека ако помислам на нешто или го изговорам во седе дека другите ќе го слушнат тоа и дека ќе ме замразат поради тоа.
Опседната сум со тоа. Дури и кога зборувам се мислам дека некои несакани зборови ќе излезат од мојата уста. Ми е страв да ја отворам устата па почнав да дишам со затворена иако ми е тешко така.
Имам навика да се снимам, затоа што така ми е полесно да зборувам во спротивен случај се плашам да зборувам или пак да ја отворам устата.
Знам дека xна многумина ќе им звучи како некоа зафрканција, но не е така верувајте.
Очајна сум, навистина сум опседната со тоа.
Не знам зошто сум ваква.

Имав една другарка со сличен проблем, само што таа немаше гајле од нас, другарките, имаше страв пред други луѓе. Ни кажа за маката, па ние онака преку муабет ја советувавме дека непотребно самата си прави филм во главата, непотребно се плаши и си го отежнува животот...
Малку се поопушти девојчето, ама `тоа` ја следеше подолго време. Беше и на психијатар, ама ништо конкретно не и` помогна.
Најдобро е, секогаш кога ќе треба да разговараш, прво размисли што ќе кажиш, па зборувај. Диши длабоко, нормално. За почеток зборувај помалку, не мораш да бидеш `најзборливата` во муабетот, или да дебатираш надолго. Прво опушти се малку по малку, и ќе видиш дека не е ништо страшно, дека самата си ги правиш тие `мисли` и `стравови` во себе.
И верувај поголем ти е стравот, отколку што реално ќе кажиш нешто што не треба!
Аватар на корисникот
girl.23

Жолто цветче
 
12161557
Мислења: 1790
Зачленет: 02 Јул 2011, 12:09
"Čovjek samo srcem dobro vidi, bitno je očima nevidljivo."

Мислење 27 Јан 2012, 07:26

и јас имам голема трема и несигурност кога зборувам пред луѓе, а особено луѓе кои не ми се многу блиски пријатели. Дечкото ме запозна со пријателите и нивните девојки, а јас цело време си молчев... Би ве замолила мои феминки за некој совет околу тоа на која тема да започнам разговор со некој што не ми е толку близок/блиска? Поздрав
Аватар на корисникот
mona-li

Бело цветче
 
63
Мислења: 87
Зачленет: 12 Јан 2011, 16:43

Мислење 28 Јан 2012, 09:32

girl.23 напиша:
Scaredgirl1 напиша:Не знам навистина што ми се случува. Веќе една година во главата ми се заврти дека ако помислам на нешто или го изговорам во седе дека другите ќе го слушнат тоа и дека ќе ме замразат поради тоа.
Опседната сум со тоа. Дури и кога зборувам се мислам дека некои несакани зборови ќе излезат од мојата уста. Ми е страв да ја отворам устата па почнав да дишам со затворена иако ми е тешко така.
Имам навика да се снимам, затоа што така ми е полесно да зборувам во спротивен случај се плашам да зборувам или пак да ја отворам устата.
Знам дека xна многумина ќе им звучи како некоа зафрканција, но не е така верувајте.
Очајна сум, навистина сум опседната со тоа.
Не знам зошто сум ваква.

Имав една другарка со сличен проблем, само што таа немаше гајле од нас, другарките, имаше страв пред други луѓе. Ни кажа за маката, па ние онака преку муабет ја советувавме дека непотребно самата си прави филм во главата, непотребно се плаши и си го отежнува животот...
Малку се поопушти девојчето, ама `тоа` ја следеше подолго време. Беше и на психијатар, ама ништо конкретно не и` помогна.
Најдобро е, секогаш кога ќе треба да разговараш, прво размисли што ќе кажиш, па зборувај. Диши длабоко, нормално. За почеток зборувај помалку, не мораш да бидеш `најзборливата` во муабетот, или да дебатираш надолго. Прво опушти се малку по малку, и ќе видиш дека не е ништо страшно, дека самата си ги правиш тие `мисли` и `стравови` во себе.
И верувај поголем ти е стравот, отколку што реално ќе кажиш нешто што не треба!

да и јас се согласувам со girl.23 поголем ти е стравот отколку што ќе кажеш нешто што не треба
Аватар на корисникот
Special.Someone

Зелено цветче
 
228173
Мислења: 518
Зачленет: 22 Авг 2011, 10:57
Локација: Far away from here...
Кога на љубовта ќе и дојде крајот, слабите тагуваат, енергичните брзо пронаоѓаат нова, а паметните веќе од одамна си имаат резерва.

Мислење 02 Фев 2012, 18:12

^Треба да поработиш на самодовербата. Не е ништо страшно ако кажеш свое мислење, ако го изразиш твојот став пред другите. Верувај нема да бидеш исмејувана, туку баш напротив-многу луѓе ќе се согласат со тоа што ти го зборуваш.
Се зависи од тебе, треба да собереш сили и да го совладаш стравот, опушти се, кога ќе се најдеш во друштво слободно кажи си што мислиш.
Аватар на корисникот
crazyinlove19

Жолто цветче
 
15021388
Мислења: 3095
Зачленет: 20 Мар 2011, 21:31
Локација: Far away.

Мислење 09 Фев 2012, 19:59

Не е тоа баш некој голем проблем...
За се постои решение!!Некој велат изброј до 10 пред да кажеш нешто...се држам јас до тоа!! :) Треба да поработиш на комуникацијата.И не мора да се плашиш дека ќе навредеш некој или пак дека некој ќе те замрази...И верувај кога ќе се искажеш секогаш ти е подобро..
еве конкретно за мене јас сум личност бес влакна на јазикот,искрена сум со сите,и понекогаш претерувам со тоа,а не ме брига ако некој сум навредила....од кога ќе се изнакажам ќе се извинам и ќе кажам дека бев искрена и тоа е тоа!!! :$ Сигурна сум дека многу лошо правам ама таква сум. :lol:
Аватар на корисникот
awee

Сино цветче
 
6739
Мислења: 214
Зачленет: 06 Ное 2011, 13:39
Слика

Мислење 11 Фев 2012, 15:21

awee напиша:Не е тоа баш некој голем проблем...
За се постои решение!!Некој велат изброј до 10 пред да кажеш нешто...се држам јас до тоа!! :) Треба да поработиш на комуникацијата.И не мора да се плашиш дека ќе навредеш некој или пак дека некој ќе те замрази...И верувај кога ќе се искажеш секогаш ти е подобро..
еве конкретно за мене јас сум личност бес влакна на јазикот,искрена сум со сите,и понекогаш претерувам со тоа,а не ме брига ако некој сум навредила....од кога ќе се изнакажам ќе се извинам и ќе кажам дека бев искрена и тоа е тоа!!! :$ Сигурна сум дека многу лошо правам ама таква сум. :lol:

И јас би сакала да можам како тебе.Се во фаца :!: Секогаш си викам ајде можам јас,дури и од дома говор си вежбам понекогаш,за да не се измешам. :lol: Колку долго чувам работи во себе,што сакам да им ги изнакажам на некои мои "пријатели",но никако тоа да се случи.Само си чувам во себе и се нервирам.МОРАМ ДА ПОЧНАМ ДА КАЖУВАМ СЕ ВО ФАЦА
Аватар на корисникот
Cloee

Фем почетничка
 
5338
Мислења: 47
Зачленет: 19 Сеп 2011, 19:18
Don't cry,say fuck u and smile :)

Мислење 11 Фев 2012, 23:54

ваков проблем имам со керка ми и го најдов ова за деца е ама мозе ке ти разјасни несто
http://www.mojabeba.com/sadrzaj.php?id= ... o=2&idr=47
Аватар на корисникот
kiki-riki

Сино цветче
 
434
Мислења: 182
Зачленет: 21 Ное 2009, 11:56

Мислење 14 Фев 2012, 02:16

Вистинскиот проблемот кај тие што имаат потешкотија со комуникација го зголемува тоа што наоколу врие од такви кои едвај чекаат некој нешто да згреши и сите комплекси на тоа да ги истресат.
Аватар на корисникот
E...V...I...L

Сино цветче
 
10840
Мислења: 363
Зачленет: 31 Јан 2012, 04:46

Врати се на Психологија

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 3 гости

Site Meter