Секое човечко битие е случај за себе.Затоа и секој е сам во одредени ситации. Некои имаат потреба да се искажат, во моменти на тага и разочараност и да споделат дел од тоа. Ако до себе немаат таква личност се чуствуваат осамено. Во такви моменти не се надевајте на човек за да не бидете повеќе разочарани. Од искуство ви кажувам...
A не мора да бараш другарчиња само во класот,можеш во маало да се здружиш со девојче на твои години,или другарувај со братучетки братучеди од некаде мора да се почне зошто да се досадуваш
Iskreno se cusutvuvam osameno i ako imam decko vekje podolg period ,i poradi nego gi iam izgubeno site drugari i drugarki i sve,on ne razbira deka mene mi treba muabet so drugarka,on ne razbira deka iam samo 17 godini i deka e leto i deka sakam da iskacam,za nego e toa neznam nesto strasno ,negovata ljubomora me zaduzuva,a sto e naj tragicno nemam na koj drug da se otvoram i kazam.....
Мила самата си виновна.Зошто му дозволуваш? Тој е еден кретен,ама ова што се случува ти си му дозволила.Покажи му малку.Ти си му девојка,а не негов роб и ке излегуваш каде сакаш,кога сакаш и со кој сакаш,единствено може родителите понекогаш да се противат,но тој нема право да ти забранува да имаш другарки.Не знам како родителите ти дозволиле да имаш таков дечко.
Oк па од таткова страна некои братучеди имаш ли ,запознавај се ќе си најдеш друшто полесно отколку што мислиш.A твоите врснички ако се муваат и имаат дечковци не е оправдано на тие години те сфаќам но не значи дека не може да се дружите секако ако тие те прифаќаат таква каква што си .
Aх немој ти така толку негативно да гледаш на работите,сите ние сме биле осамени некој периодMалите братучеди шетај ги во парк понекогаш и тоа е разонода.Eве ,јас би те дружела ако си од мојот град .A верувам има и многу феминки кои потекнуваат од твоето место,еве ти прилика да запознаеш нови лица,да стекнеш нови пријателства,човек треба да биде креативен
ве свакам за што зборувате-пред извесно време пишував на темава многу пати и самата јас се имам почуствувано осамена а познавам и двајца кои го чуствуваат истото-другар и патем врсник ми е, и една малку повозсрасна жена 40 години има кога и да ги видам ги дружам иако дечково малку нападен е и различна перцепција имаме еден кон друг па затоа сум на блага дистанца од него од мала навака-натака по разни активности(играорна,пеење) дружба со деца од маало ама кога завршивме основно сите од околина се разбегавме на различни страни-тие што беа блиски останаа, а јас отидов да учам во друг град па беше војната па пак се вратив тука и останав и се зближив со некои девојки од средно што и ден денес сме во комуникација па факс и од таму останав во комуникација со некои од колешките и еден колега-што заслужија а другите се оддалечија и си продолжија по свое интересното беше тоа што професорката што ни предаваше Англиска литература не запозна со американското катче па активности, презентации, странци, наши, млади и стари, сите се собиравме таму и се уште го посетувам само сега е на друга локација се дружевме-и ден денес кога ке се сретнеме се поздравуваме а во мегу време татко ми и политички не активира мене и брат ми кој во мегу време се откажа јас не и на некој начин се зближив со старите маалски другари и со по некои нови-после толку години се видовме со соседот што живее во влезот пред мојот и со една другарка што живее спроти мојата улица а се дружевме ко деца па преку неа го запознав другар ми,за сосема случајно да дознаам за Шричин мој друштвото за медитација и таму ја сретнав професорката-последно место на кое што очекував да ја сретнам да почнам да се дружам со нив-заедно бевме на викенд во Охрид ,на Кокино, неколку пати на Водно кој има финсии и надвор од границите на р.м.-малку паузирам од тоа но преку нивни презентации дознав за Искон каде што живее една од другарките од средно и сосема случајно обновивме старо пријателство со девојче од минатото-бабите се дружеле на времето ми се случило и сама да излезам-мислам во кафич -првиот пат чуството беше од срам да пропаднам во земја ама издржав некако и ко за беља налетав на колега од факс, ама не бевме блиски така да кога станува збор за прошетки во природа најчесто одам сама од причина што сите излегуваат само по кафичи, ресторани, и се големи мрзи а едната другарка живее ептен далеку да ја мачам да доага до тука знам дека нема да сака така да не форсирам а понекогаш имам потреба да си ја разладам главата од грижи проблеми и сл. Беа и курсевите од заводот за вработување што ги организира и таму запознав некои луге со кои останав во контакт па којзнае можеби ке ми се најдат во животот никогаш не се знае
Секој се чувствува осамено од време на време.Кога сум сама ,а често сум или кога не сум излезена со пријателите се чувствувам некако празно.Нели таа празнина е секогаш со мене,но сепак кога сум опкружена со луѓе се чувствувам поудобно.
Нормално е дека секој понекогаш се чувствува осамено, но јас мислам дека тоа чувство кај мене трае веќе подолго време. Неодамна ја изгубив мојата најдобра другарка и се чувствувам неверојатно осамена. И јас понекогаш плачам поради тоа. Кога ќе излезам со други луѓе - познаници така да се каже се чувствувам уште поосамена бидејќи ми треба некој на кого можам да му кажам се. Ах, колку би сакала барем една блиска пријателка. Девојки јас не знам веќе каде да ја барам мојата идеална пријателка... а знам дека некаде постои... Ако некој е заинтересиран за дружење пишете ми лп
И јас исто така се чуствувам осамено...се е во ред во текот на денот кога имам обврски кога се движам наоколу но кога и да станам сама се псеќам некако празно осамено ... си мислам колку би било поинаку да најдам некој кој ќе ме сака со оглед на тоа дека сите мои другарки си фатија дечковци и идат со нив веќе подолго време а јас со моите 20 год не сум имала ни саглам врска што би се рекло ми фали некој
И јас сум една од вас, осамена, ми се скараа другарките (3) уште пред неколку месеци и сигурно дека веќе никогаш нема да се смириме затоа што они намерно правеа се за да се скараме, братучетките не ми се тука и цело лето нема да се вратат јас немам што да правам, немам со кој да излегувам по цел ден само на компјутер седам плус за еден месец полнам 18 години и премногу сакам да го славам роденденот но немам со кој -.- Пробав да се зближам со некои по така далечни другарки/другари..ама кога ќе им пишам на фејзбук они се исклучуваат :/ Повлечена личност сум и никогаш навистина не сум имала некоја баш најдобра пријателка на која што ќе можам баш се да и кажам И така..кој сака нека пише ЛП па да се здружиме, доста ни беше од осаменост
thethinker сите сме имале по некој таков период но немој поради тоа да се грижиш. Направи твитер профил ако не имаш веќе бидејќи таму може да си најдеш некои истомисленици со кои можеш да се здружиш. А дали си пробала да позборуваш со другарките тие што ти се подалечни за ова, можеби ќе те сфатат па ќе излезете заедно зошто колку што гледам немаш проблеми со комуникацијата само си срамежлива можеби Како и да е, ти посакувам да си најдеш пријатели бидејќи на секого му се потребни во животот.
Гледајќи ги сите паросани околу мене, па и тие што не ги познавам се почесто и почесто почнав да се чувствувам осамено зошто кога ќе ме викне другарка ми да излеземе со дечко и и неговото друштво се осеќам како да фали нешто. Да мене ми фали некој покрај мене, зошто последните неколку месеци се чувствував како воопшто да немав никој. Ми фали нежност, разбирање и прегратки. Ама ќе си чекам, секогаш јас си чекам и знам дека ќе ми се исплати
Секогаш се исплаќа мила. Што е твое ќе си дојде. Јас се чувствувам осамено,ми недостига тој. Одвај чекам да се вратам за да ми даде љубов за која копнеам со денови и истата него да му ја вратам
Не сакам да сум многу низ луѓе не се социјализирам лесно Ама кога ќе станам насабајле сама и кога не се околу мене тие што ги сакам како да сум сама на целата планета. Ми се има случено да сум низ многу луѓе ама пак да се чувствувам сама оти ги нема „нив“. Ама знам да го средам тоа
ПОследниве денови се чуствувам осамено и тоа е проблемот во мене,немам волја да се социјализирам туку така,и почесто се затворам во себе,ќе помине
Иако има луѓе околу мене,се чувствувам некако празно,осамено,депримирано. Причината сметам дека е тоа што поминувам низ мн проблеми во моментов,така што сите бегаат да не побарам помош од нив... А всушнос никогаш не ни барам помош.. Подобро да уживам во самотијата,отколку со лицемерни луѓе.
Се е минливо и среќа и тага и болка,во ваквите моменти никој не може да те свати подобро од Ти самиот, и осаменоста е минлива кога најмалку очекува човек ќе се избави од неа без многу кревање на фама и прашина