Шизофренија

Дискусија во 'Психологија' започната од BlackSwan5, 13 јули 2011.

  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Не најдов ваква тема ако има слободно избришете ја.Сакав да продискутираме за оваа психичка болест и за тоа дали познавате некој што има шизофренија и какво е вашето мислење.

    Шизофренијата се смета за едно од најтешките психички заболувања, кое психијатриски се објаснува како ментално пореметување кое се карактеризира со абнормалности во прецепцијата и видувањето на реалноста кај заболените. Најчесто се манифестира со разновидни симптоми, како халуцинации, параноја и делузии. Како пресудни фактори за добивање на шизофренија се сметаат детството, генетичката наследност и околината во која живее потенцијалниот заболен. Дијагнозата е тешка за поставување бидејќи нема ниту еден лабораториски тест кој може да се направи за да се потврди болеста, затоа докторите ја поставуваат својата дијагноза преку разговор и обзервација на заболениот. Појавата на првите симптоми најчесто се случува помеѓу 20тата и 28тата година кај машките, односно 26тата и 32та година кај женските пациенти. Зборот шизофренија, грубо преведено – „поделба на психата“, потекнува од старо грчките зборови „schizein“ (значејќи поделба) и „phren“ (значејќи психа).
    Од шизофренија заболува околу еден процент од населението воопшто. Околу една третина од лицата кои имаат шизофренија доживуваат само една или неколку кратки епизоди во животот. Кај други, таа може да се повторува или да трае доживотно. Во почеток, болеста може брзо да се развива со акутни симптоми кои се појавуваат во период од неколку недели, или таа може бавно да се развива, со месеци или дури со години.
     
  2. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Искрено и незнам многу за тоа! Скоро и никогаш не го слушам тој збор :)
     
  3. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    72
    Постои акутна и долготрајна шизофренија. Со редовна терапија симптомите скоро исчезнуваат но доколку се прекине терапијата тие се враќаат. Може да се појави и доколку личноста имала и тешки трауми во животот. Изгубена љубов (не е веќе на овој свет) или пак деца. Симптоми: најчесто зборуваат со некој измислен лик, еден момент се тажни, а друг весели. Збунети се. Едно мислат, друго зборуваат т.е. измешани мисли и говор.

    Оваа болест не се лекува.
     
  4. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Точно да, оваа болест не се лекува..
    шисофренијата се смета за едно од најтешките психички заболување, лице кое има шизофренија најчесто доќивува акутни промени во однесувањето, растресито размислување кое го води надвор од реалноста,.. на почетокот на болста лицето почесто се повлекува од другите, доживува тешки депресии, тешко се сносува со последиците, премногу се плаши..
    главни симптоми се халуцинациите и илузиите.. често лицата кои се болни од шизофренија не се свесни дека се болни затоа што некои од работите кои ги искусуваат, на пример, илузиите и халуцинациите, се многу реални..
     
    На Goticarka и christina им се допаѓа ова.
  5. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    43
    Страшноо.. имаше еден филм Mirrors со една шизофреничарка демек нивниот страв биле самите себе или шознам како.. таа ја седнаа пред огледало и збрлаве х)
    демек така се излекувало..
     
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    А можно ли е едно лице да има шизофренија а да е свесно за тоа а да не може да ги запре халуцинациите и стравот од банални причини.Не сум читала за случаи на лица кои се свесни дека се болни од шизофренија но дали постојат? Што мислете вие?
     
  7. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    ;( ;( ;( за жал секое лице кое има шизофренија не е свесно за тоа ! ако се обидеш на било каков начин да му објасниш ти занего стануваш ,, државен непријател бр.1,, за жал ! со лекарствата само се ублажува состојбата но не се лечит! И уште ова лугето со шизофренија пред странци не се ,,откриваат не се разголуваат психички,, ако не им си близок понекогаш не можиш да ги познајш .
    Господ да му е на помош на сите што си имаат некаков близок контакт со такви болни поготово ако им се блиски и мораат да ја одржуваат врската со нив ! :tmi:
     
    На TheTeacher му/ѝ се допаѓа ова.
  8. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    познавам една роднина која ми е блиска и она пати од ова..
    незнам точно кога почнало се но мислам дека одкако умрел нејзиниот татко..
    она била многу млада и нејкела да се соочи со вистината..
    проблемот е во тоа што сите околу неа мислат дека она нема проблем..
    она е болно педантна особа.
    ако те види да искачаш од вц а рацете не ти се измиени ке ти вреска..
    ако патиките нејзини биле во кеса а ти си ги ставил сосе кеса во кошница за облека она ти вреска исто и патем ја мие кошницата со врела вода..
    ако си кај неа дома а нозете ги качиш на тросед она се гади дури и навлаки става коа седи..
    тоа е шизофренија тоа е болест...
     
  9. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    4.990
    ова не е шизофренија, ова е OCD опсесивно компулсивно пореметување! :)
     
    На BubbleBum94, bibiiii, kostadinka24 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. samanthago

    samanthago Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    9
    Spored mene poteska bolest od sizofrenijata nema. Majka mi bese bolna od sizofrenija i postojano ne voznemiruvase. Non stop i bese loso. Piese po osum apcinja na den, jas i gi davav, no edna nedela ne gi zemase i na kraj se samoubi. Nemozam da vi opisam kolku e tesko da se zivee so sizofrenicar, potesko nema. I sega koga ja nema, nema koj da me voznemiruva poveke, no od druga strana tagata e mnogu golema. Na nikoj ne mu posakuvam,vklucuvajki me i mene da zaboli od sizofrenija
    [mod-kirilica:30prg2m5][/mod-kirilica:30prg2m5]
     
    На TheTeacher и Sara123 им се допаѓа ова.
  11. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    Прими го моето жалење еве јас можам да те разберам само што мојата не е толку храбра да се самоубие!И не убива нас тивко и пополека скоро 30 години! :(
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Шизофренијата е делумно наследна болест, бидејќи прво и основно ги напаѓа невроните, а потоа и ја преполовува психата... Сепак, во некој паралелен универзум, шизофренијата не би била само болест, туку знак за генијалност... what do you think?
     
  13. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Немам познавање од оваа област, ама ова болдираново ме потсети на филмот A Beautiful Mind, врвен математичар кој ја имаа оваа болест!

    Можно е да има нешто вистина во генијалноста! :)
     
    На butterfly33 и eminil им се допаѓа ова.
  14. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Познавам лице со висок коефеициент на интелегенција кое боледува од шизофренија. Незнам колку се истражува за оваа болест, ама има доста генијалци со шизофренија. Може да е наследна но и не мора да значи. Ме интересира како настанува, што се случува во организмот? Колку што знам најчесто се појавува над 18та година и околу 40.
     
  15. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    еве кај мајками се појави кога имаше 33 или 32 години ! ама јас мислам дека си ги носела симтомите од порано ! само што никој не можел да ја разбере ! нели нејзините родители се изразуваа со зборовите ете : лута е , лошичка е ,се сака по нејзино да биде ! Ама ! не беше баш така ! работите кои ги кажуваше пред 25 години за мене и за брат ми беа еден вид ,,научна фантастика ,, :tmi: тоа за жал не можам со денови да ви го опишам !за се си имаше објаснување и си ги поврзуваше работите на нејзин само за неа разбирлив начин ! И што е најважно ,,ПРЕД ДРУГИ НЕПОЗНАТИ ЛУГЕ ИЗГЛЕДАШЕ НОРМАЛНО ПРЕД НИВ НИШТО НЕ СПОМЕНУВАШЕ ..!
    П.С. целата таа приказна е тажна но вистинита ! :!:
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Многу големи умови низ историјата биле декларирани шизофреници.И ден денес шизофренијата и високиот интелект кај овие болни е предмет на многу научни истражувања.
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  17. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    ПРВ ПАТ СЛУШАМ ЗА ШИЗОФРЕНИЈА! :fubar:
     
  18. Aquarius7

    Aquarius7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Здраво.Во последно време има проблеми со спиењето кога навечер ќе се разбудам за чаша вода или Wc потоа имам телесни халуцинации имаам чувство на сензации по телото како да патувам некаде, поминува струја по нозете и слично.Ова ми се случува ретко 1-2 пати месечно но сепак се плашам дали е можно да боледувам од шизофренија или што ми се случува бидеќи ова не е нормално :/
     
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    На miljkovic му/ѝ се допаѓа ова.
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Инаку ,и јас во мојата околина познавам неколку болни од оваа болест.Наследна е,а и за чудо сите што ги познавамс е страшно интелигентни :| згледа има нешто во тоа.Брат и сестра и двајцата болни од шизофренија.Братот дипломирал со 9,нешто просек и после се разболел,за жал почина.Сестра му исто се запиша на факултет била со висок просек,но з ажал псоле тоа се разболела.Познавам еден доктор од мојот град,чиј татко исто е доктор,откако дипломира се вработи,се разболе,го гледам често и низ Скопје оди насекаде :worried:
    Чудно ми е што еве овие случаи ,немале ништо додека биле помали,конкретно се манифестирала болеста подоцна,20,30 години.Ако има некоја девојка што студира на психологија,може да ни објасни пдоетално.
    П.с. имав и јас психијатрија предмет,ама сум заборавила срамота :$