Не најдов ваква тема ако има слободно избришете ја.Сакав да продискутираме за оваа психичка болест и за тоа дали познавате некој што има шизофренија и какво е вашето мислење.
Шизофренијата се смета за едно од најтешките психички заболувања, кое психијатриски се објаснува како ментално пореметување кое се карактеризира со абнормалности во прецепцијата и видувањето на реалноста кај заболените. Најчесто се манифестира со разновидни симптоми, како халуцинации, параноја и делузии. Како пресудни фактори за добивање на шизофренија се сметаат детството, генетичката наследност и околината во која живее потенцијалниот заболен. Дијагнозата е тешка за поставување бидејќи нема ниту еден лабораториски тест кој може да се направи за да се потврди болеста, затоа докторите ја поставуваат својата дијагноза преку разговор и обзервација на заболениот. Појавата на првите симптоми најчесто се случува помеѓу 20тата и 28тата година кај машките, односно 26тата и 32та година кај женските пациенти. Зборот шизофренија, грубо преведено – „поделба на психата“, потекнува од старо грчките зборови „schizein“ (значејќи поделба) и „phren“ (значејќи психа).
Од шизофренија заболува околу еден процент од населението воопшто. Околу една третина од лицата кои имаат шизофренија доживуваат само една или неколку кратки епизоди во животот. Кај други, таа може да се повторува или да трае доживотно. Во почеток, болеста може брзо да се развива со акутни симптоми кои се појавуваат во период од неколку недели, или таа може бавно да се развива, со месеци или дури со години.





