Знам да си ја исплачам цела моја тага манифестирана како меланхолија,немоќ,малодушност,страв,разочарување,неуспех,беспомошност и сл.
Само тоа ми е резервирано во осаменоста на мојот дом и единствен сведок ќе е моето перниче,не им го давам на луѓето тоа задоволство да ги видат солзите во моите очи и да ги бараат причините за нив.
И нормално е да се плаче.Тоа е првото нешто што го правиме доаѓајќи на свет.И интересно е што човечкото бебе не е способно самостојно да јаде,зборува,оди или работи било што но умее самостојно да плаче.
Плачот е потребен за да си ги измијам очите од внатрешната страна и да си го одмалам теретот на душата.
Дури би сакала да плачам и почесто,како тинејџерка неделата ми беше резервирана за плачење,не дека имав некои навистина големи проблеми тогаш,ама ете знаев да си се исплачам.
Сметам дека
плачењето е најкорисниот бесплатен лек и најефективната рилекс терапија и дека е потребно,ако не и неопходно.
И не го чувам гневот и болката во моите солзи,напротив мислам дека ги исфрлам од себе и им ја одземам моќта која ја имале врз мене.Така да сакам да сум плачка кога имам вистинска потреба од тоа,но не и преголема која ќе се изгуби во мрежата на својата драматизација.
А ете солзи-радосници не ми дошле никогаш,а баш сум љубопитна за оваа појава,

...