Хелп Ако ме прашаш мене не пиј лекови, нема што не можеш да решиш ако се потрудиш малце повеќе да си влијаеш на психата. Сигурно е голема промена за тебе и тешко ти е, но ако навистина го сакаш маж ти и сметаш дека го заслужува тоа, потруди се да не мислиш на тоа колку не ти е убава промената и не се расправај со него, потруди се да бидете среќни. Ако не, се знае која е другата опција, но таа нема да избега, не брзај мила. Битно немој на овие млади години да го навикнуваш организмот на седативи, поради себеси немој.
Хелп Што уште нема по свето ццц Прво што побогу мислеше кога се мажеше на 19 години?!?, зарем очекуваше да живеете од љубовта или што? Си се закопала на село со се знае какво опкружување па сега психички проблеми си имала, море ајде толку млада психички проблеми имала... Знаеш што имаш ти- незнаеш шо да праиш со животов, од град(какви и да се ти биле условите) си се решила си се омажила не си земала никаков фактор предвид - го сакам и готово приказната, и сега кога си се соочила со реалноста имаш разочарување ете тоа имаш, ама на психијатар и кај оџа и кај поп требало да одиш пред да се мажиш да те потсетам само твое мислење од пред година две- објаснување на се да се вратам на лековите- тие не ти требаат ти треба да станеш одговорна за своите постапки и да ја прифатиш стварноста т.е. твојот избор таков каков што е
Хелп Неможам се пишува како не можам. Тоа е единствен совет кој ти го давам. Ако тебе, плус маж ти има способност трета личност да ве `однесе` кај оџа на баење... тоа е, немам зборови.
Хелп Moj sovet ti e da odis pak na psihijatar i da objasnis se vo vrska so toa kako si prestanala so lekarstvata i taka najdobro ke si znaes dali da pocnes pak so terapija ili ne, ni slucajno nemoj sama od svoja raka da pocnes da gi pies.
Незнам што очекуваш ние тука да ти кажеме. Лично јас немам ништо против луѓето од село оти знам да работам тутун, сум вадела бавчи и уште што не и би ми било проблем да живеам таму. Но секој неможе некој од град кој цел живот чекал од мама и тато се му било како на послужавник неможе да живее во село. Во село животот е малку поинаков. Има села кои се блиску до градот и жените и мажите и одат на работа и се ок. Но има села каде што се работат земјоделски култури, села каде што нема вода се носи од бунар, села каде што се чуваат животни и верувај таму условите за живот се доста потешки. Летото сабајле во 4 на нога да си треба. И затоа од секогаш сум кажувала пред да се омажиш не е работата само го сакам и ќе одам било каде да живеам со него, од сакање не се живее треба да јадете и да ги платите сметките овој месец. Неможе цел живот на мама и тато да чекате, и нив еден ден ќе ги нема. Затоа пред да се омажиш си требала 2 пати да размислиш сигурно сте биле во врска си отишла си видела како е. Ако не ти одговарало на требало да се мажиш. Точно е дека има проблеми кои започнуваат и во бракот, ама пред да се омажиш ти си знаела дека е од село и сигурно си го видела неговиот начин на живот. Сега ние како да ти помогнеме? За лекови си млада да. Ако уште сега на 20 години се влечкаш по психијатри и се труеш со лекови натаму што ќе биде? Сакала или не веќе си мажена жена. Си сфатила дека си згрешила и да тогаш си била премногу млада за брак. Сега што да ти кажеме ако не ти чини разведи се и врати се од таму каде што си дошла. Барај си работа и продолжи си со животот каде што ти застанал додека си била во градот. Друго решение нема. Ако за 2 години не си се навикнала кога ќе се навикнеш? Подобро тоа отколку вака да се маваш по доктори и психијатри за џабе. Велам за џабе оти ти објаснив погоре ако си мислела дека неможеш таму не си требала да се мажиш!!!
Нелет тоа што сеомажила млада за да не биде љубоморна, него незнам зошто отишла на психијатар наместо на психолог. Девојко млада, психијатрите даваат тааблети, а тие таблети предизвикуваат завистност, додека пак, психолозите се луѓе со кои можеш да разговараш, да ти ослесни и да си го средип проблемот, односно маката. Не оди на психијатар, туку побарај психолог. Жал ми е што немам начин да ти помогнам со некој совет во врска со маките, но ти и ништо ни немаш подетално пишано.
Да ама јас мислам дека нејзе не и треба ни едното ни другото. Кој како ќе си ја нареде, како ќе си постелеш така ќе си легнеш. Објаснив погоре за ова требала да мисли пред да се земе со него. Ако мислела дека нема да може да живее таму не требала да се зема. Па млада е ќе има и други прилики. Ама таа истрчала како прле пред магаре и сега се мава ваму таму. Млада била за брак, а сега е премногу млада за такви лекови. Сепак секој си ја крои својата судбина.
абе според лековиве ја третираат како случај на анксиозност, а таа не е, таа само е неодговорна, не спремна да си ги трпи последиците. Ни психијатар ни псхолог не помагаат тука таа има 2 опции или ќе се разведе и ќе се врати на стариот живот кој никогаш не требало да го менува и и недостасува или да стане одговорна и да си ја прифати реалноста и да оди на нива со свекрвата толку е просто и едноставно И да оди на психијатар што ќе и каже човекот- ќе ја убедува колку е убаво на село што??
ПСИХОЛОГ, а не психијатар. Пиев Хелекс 2 месеци. За сите овде немојте ни да го пробате ова гомно. Ги откажав самоволно, 2 недели се тресев како наркоман. Немојте, обидете се со самоконтрола, било кој лек кој што влијае на психата не е добар. Од искуство.
Како тоа мрза не фаќа за работа? Јас убаво кажав погоре дека е тешко и кажав дека сум го правела тоа и здравје сум уништила. Ке кажам пак дека е тешко да се студира одреден факултет и да се работи во исто време и тоа премногу е тешко. Не е исто да седнеш теорија да учиш полсе работа и да седнеш задачи и цртежи да средуваш кои бараат голема прецизност, а очи да ти капат и раце да ти се тресат. Школска моја од средно, се запиша на педагошки и почна и да работи и цело време кукаше колку и било напорно - педагошки еј, а не градежен, машински или електро. Не дека потценувам некој факултет, туку само ја кажувам реалноста. Уште потешко е ако патуваш секој ден како јас цели 5 години.Здраво јас сум нова на форумов се сложувам дека е тешко да се студира и работи истовремено еве пример сум јас имав уште неколку испити и се вработив и поради мојата неорганизираност или намалена волја незнам усте ми стојат тие испити +се омазив имам и бебенце и така мое мислење е дека се е индивидуално колку е личноста зрела и одговорна да се носи со обврските ако можи ок ако не не пробувајте позз
како прво јас не сум неодговорна,многу ама навистина многу се трудев да се вклопам и се да биде ок ама точно е дека јас патев од анксиозност,бев многу срамежлива и незнаев како да си го искажам својот став.сега проблемот е што јас сум могу мирна и незнам да возвратам на секого и кога некој нешто ке ми рече јас се нервирам.иначе фала на советите мн ми помогнаа
Ок еве го твојот пост. За почеток добро дојде на форумов За студии не е касно и сега,а посебно со овие што се сега од владава ( како демек професоритеке ви прогледуваат низ прсти за нередовност). Да знаеш за нареден пат, кога ке реплицираш на некој ( копчето цитирај) тогаш не бриши ништо и пиши го твоето мислење. Предходно имаше твое допишано после моето и затоа така лошо испадна, па другиве феминки не разбраа дека се две различни мислења.
Како да бидам покомукативна Е вака имам 14 год.и имам 14-годишен проблем : Ич не сум кумукативна личност незнам да седнам ко човек дацси направам муабет со некого зошто само молчам и тоа што ќе го кажам е отепана работа. Премногу сум молчалива тивка некомукативна дури и им завидувам на оние зборлестите иако некои сметаат дека тие се досадни. Не се. Значи веќе почнавам и да си градам оклоп околу себе баш поради оваа моја мана. Не излегувам со некои другарки само заради тоа што кога ќе излезам незнам шо тема да отворам само молчам и молчам и непријатно ми е и мене и на другиот. Зато нејќам ни дечко ни симпатија зошто знам ако испаднам со него само ќе се гледаме а тоа е досадно исто ко мене. Дури некои и во лице ми кажуваат дека сум тивка ама повеќе ги ценам тиа отколку оние кои не ми кажуваат за да не ме навредат ама нека кажат бре луѓе барем ќе има тема за зборење хаха ама навистина не е смешен проблемот тажен е јас побарав помош од мајка ми и една другарка и на нет проверував нешто за ова ама ако знаете вие нешто како да видам покомукативна шо муабет да правам шо тема да отворам шо да кажам? Како да сум зборлеста???
Како да бидам покомукативна И јас го имам истиот проблем, само со 2-3 другарки знаам да направам муабет, а со другите, како ќе ми дојде. Имам сретнато многу фини деца со кои делиме исти интереси, но не се дружам со нив оти едноставно незнам како муабет да правам.
OMG! I feel you....и јас сум во иста ситуација со тебе и ми доаѓа да се убијам ради тоа, се нерирам што немам другарки(имам 2-3 се на се), дури немам ни машки другари што ми е многу мака. Многу си ја мразам оваа особина и стварно незнам што да направам да го променам тоа, поготово за машки другар....
Здраво. Ве молам за помош :/ Имам голем проблем Немам дечко а и никогаш не сум имала а имам 19 години ниту ми понудил некој незнам дали причината е во мене незнам :/ Немам ни другарки премногу сум молчлива со никого не разговарам ама баш со никого незнам вејке на кого да му се обратам ако и кажам на мајка ми таа ке рече оди бегај а и сестрами не е нешто поарна незнам што да правам самодовербата ми е на 0 карактер 0
го имав истиот проблем ама јас имам 17 мајка ми еднаш дојде на родителска на која беа и учениците кои од 31 има 30 девојки и 1 машко ама тоа не е важно и ми рече сите се средени а ти не отидовме во парфимерија другиот ден ми купи парфемче маскара 1-2 сјајчиња за уста и полека полека почнав да се средувам и разубавувам ти кога ке се погледнеш во огледало треба да речиш ова сум јас и сум си убава немора да му се допаќаш на некој па така да си се сакаш самата себеси и јас досега сум немала дечко а имав понуда од еден ама не сакав тоа е и до карактерот гледам ти сама си се туркаш и подценуваш со мислењата грда сум глупа сум НЕ ти не си ни грда ни глупа ти си убава и паметна само имаш такво мислење инаку и јас на некој начин го загубив татко ми фала богу жив е но не е тука даалеку е Америка цело време работи ретко се јавува и ретко го гледам јас на скајп само мајка ми го гледа како шо треба започни од почеток шминкај се средувај се и со тек на време се ке се среди а ако разговараш со мајка ти можеби ке биде подобро но како што прочитав во друго мислење несака да разговара со тебе за проблемите тоа не е така како што мислиш само и таа е погодена од загубата на татко ти и е тешко позз секое најдобро и слободно ако сакаш пиши ЛП
Е зошто така? Дали размислуваш од кој причина или последица е твојата молчаливост? Млада си не мораш да имаш дечко, ама другарки, зошто? Најверојатно причината е во тебе и не знам како да ти помогнам.Отвори се разговарај кажи што ти е на ум! Од толку штура информација не можам ништо да разберам. Редактирам. Ти ги прочитав другите мислења. Зошто се потценуваш себе си. Секој е убав на сопствен начин. Загубата на родител е тешка, ама пак сега не треба и ти да умреш со него. Главата горе, животот продолжува и мојата ќерка нема татко (иако е жив ама како да не е никаде го нема) па нејзината самодоверба е голема. Најубаво седни со мајка ти и поразговарај, таа ќе ти даде најубав совет ако не се лажам. Почни да мислиш на себе и на никој друг, биди себична животот е пред тебе.