Форумџика на годината

Срам

Дискусија во 'Психологија' започната од Aphrodite, 5 декември 2009.

  1. Aphrodite

    Aphrodite Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    12
    Ок, еве што е работата ...
    Имам големи проблеми со срамот и фудбалот и било каков спорт.
    Во школо кога имаме физичко, мене секогаш ми е срам пред сите да направам некоја вежба, посебно ако има тоа врска со фудбалот или било кој друг спорт !!!
    Му кажувам на наставникот дека не сум јас по фудбалот, а тој ми вика дека морало фудбал.
    Е, ај кажи кога во живот ќе ми треба да знам да играм фудбал или кошарка ?!
    И плус 2 пати до сега имавме вежба, фудбалската топка ( која е ненормално тешка) да ја удриме со глава, и притоа некој да ја фрли! Глупости! Па потрес на мозок можам да добијам од тоа!
    Зборував со родителите, тие не ми рекоа ништо освен "Некои работи мора да ги правиш!"
    Јас сум многу нервозна и не знам што ќе правам ...
    Стварно не е фер, јас во школо сум скроз одлична, и сеа ќе испадне физичко да имам помала оценка од 5! :(

    Што ќе правам?! :(
    Совети?
    _______________
    Што мислите поради што се појавува срамот и кога најмногу го чувствувате?
    Во кој период од животот најмногу сте се срамеле или воопшто не знаете што значи зборот срам?
    Дали мислите дека срамежливите луѓе не се социјализираат доволно и поради тоа би можеле да имаат проблеми?
    Какви проблеми според вас може да предизвика срамот?
    Срам во одредена доза или преголем срам?
    Личност без ич срам или срамежлива личност повеќе ви одговара.
    Како би можело срамот да се надмине се надевам ќе може да се прочитаат корисни совети за срамежливковците :$
    Сакам да слушнам мислења.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kristin4e

    kristin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    122
    Не знам зошто баш вие женските морало да вежбате фудбал,ама ај нека му биде....Е сега што се однесува до срамот ,да ти кажам дека нема апсолутно никаква потреба да се страмиш....Доволно е да бидеш упорна и присутна на секој час и да се трудиш колку што можеш.Навистина фудбал или кошарка нема да ти затреба во животот но наставникот мора да си ја реализира програмата,а ти гледај на тоа како на еден вид забава и рекреација....А за отценката ич да не му ја секираш......Ова од искуство ти кажувам зошто иста како тебе бев и јас.....Класната дневникот под рака и секогаш оргираше кај тој по физичко и секогаш ми пишуваше 5.Бадијала се секирав и се трауматизирав.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Aphrodite

    Aphrodite Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    12
    Фала за советот. Многу ми помогна. :)
    You Rock!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rjgdm

    rjgdm Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    40

    kako psiholog ke ti kazam deka za sportot ne ti e sram tuku strav.......tvojata izjava:
    " ај кажи кога во живот ќе ми треба да знам да играм фудбал или кошарка ?!
    И плус 2 пати до сега имавме вежба, фудбалската топка ( која е ненормално тешка) да ја удриме со глава, и притоа некој да ја фрли! Глупости! Па потрес на мозок можам да добијам од тоа!"

    go otkri toa ... me interesira dali si imala nekoja situacija vo zivot topka da te udri po glava ili taka nesto , seto ova sto go kazuvas mi izgleda kako posledica od nekoja trauma dali vo detsvo ili povozrasna neznam........
    za zal roditelite mnogu cesto ne znaat kako da reagiraat na toa i mislat deka decata gi "mrzi" ili izveduvaat.....
     
    На Lolo5 и easyyyyy им се допаѓа ова.
  5. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.623
    Допаѓања:
    8.481
    Пол:
    Женски
    Истиот проблем.Секогаш од кога сум почната на школо физичко ми бил проблем.Не дека ми е срам да ги изведувам вежбите,едноставно не можам.Пробувај и труди се.Професорите трудот многу го ценат ;)
     
  6. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.303
    Допаѓања:
    5.950
    Пол:
    Женски
    Ако е само физичко помала од 5,не се секирај ;) Лесно се поправа 1 различна оценка :D
    а и воопшто незнам зошто имаш грижа на совест..
     
  7. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Сестрата на дечко ми!

    Здраво, вака ова незнам дали да го наречам проблем али ок....Идам со дечко ми скоро 1 година....тој има сестра и брат....сестра му е постара од мене неколку години но многу ми е срам од неа. Многу пати сум се нашла во ситуација каде останувам сама со на и ќутам неможам да прозборам. Сега во последно време многу искачаме со неа и незнам како да се ослободам од срамот!
     
  8. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Сестрата на дечко ми!

    И тоа ти било некој проблем. Кога го видов насловот си помислив оваа и има викано ако не раскиниш со брат јас врската ќе ви ја уништам :D , слободно кажи и дека малку си срамежлива и затоа си затворена. Таа веројатно ќе ти каже дека би сакала да бидете другарки,но да не бидам баба Ванѓа па да не предвидувам многу не знам како ќе биде,но најдобро би било да разговараш со неа за тоа или разговарај со дечко ти. Позз се надевам дека ќе ти успее. :*
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Сестрата на дечко ми!

    Анели не грижи се, со време ќе се опуштиш.
    И јас сум таква, ќутам и не знам што да зборувам во друштво со кое не сум опуштена доволно, но по некое време се наоѓаат заеднички теми за разговор.
    Само немој да избегнуваш средби поради срамот, земи воздух и храбро напред :)
     
  10. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Сестрата на дечко ми!

    Се согласувам со коментарот над мене. Треба само малку да се опуштиш и верувам дека таа ќе те разбере. Еве гледано од нејзина перспектива, брат ми е помал од мене неколку години и девојка му исто. Таа е многу срамежлива, така да разговараме кога ќе ја прашам нешто јас и таа само ми одговара. :)
    Не ми смета тоа затоа што брат ми ми има кажано дека е срамежлива, дури и симпатично ми е. Еве со тек на време разговараме повеќе. Така да не грижи се. Со тек на време ќе биде. ;) ;) ;)

    Малку офтопик ама,девојки не бидете на нервна база толку, поблаго малку се ќе испоуплашите. Доколку е дупла темата кажете му на модераторот, не мора сите наеднаш да напаѓате... :* :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Сестрата на дечко ми!

    Еј да, Анели можеш да му речеш на дечко ти да и’ каже дека си срамежлива, за да не мисли девојката дека си арогантна ;)
    Тогаш ќе те разбере и ќе се потруди да те анимира повеќе, како што направила Де-лавли.
     
  12. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    мене не само со спортови со се! колку шанси си имам испуштено само така |(
    не знам како да ја наминам мојата ненормална срамежливост. Може ова некако да се андмине со посета на психолог? а истотака мислам дека срамежливоста ми е ради мојата ниска самодоверба и сакам да се решам од тоа многу! :sweat:
     
  13. DeVoJkaTa999

    DeVoJkaTa999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    33
    Горда сум на тоа што воопшто не сум страмежлива. Секогаш одам прва каде и да треба :). Интересно тоа што го исклучувам(turn off) страмот, а во ист момент светнува зеленко на Храброста :D.
     
    На richgirl998 и Name им се допаѓа ова.
  14. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    еднаш бевме на журка, сите од школо беа таму, мојата најдобра другарка беше со неговиот дечко (тој не учеше со нас), и кога отидов да ја поздравам другарка ми, и тој ме погледна така... од глава до петици, како да ме преплави со срам, премногу се срамев од него, другарка ми сакаше да ме запознае со него, а јас цело време го избегнував, затоашто ми беше срам од него, ми беше срам да го погледнам во очи :$ :$ :$ :$ :$ :$
    Друг пример, кога излеговме по втор пат со бившиот, толку бев заљубена во него, што не можев да го погледнам во очи :$
    2 саати не зборував, а кога требаше да зборувам, се обидов, не можев глас да испуштам, зедов тетратка, пенкало, па му напишав што сакам да кажам :$ :$
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Не сум воопшто срамежлива и се гордеам со тоа затоа што мислам дека срамот претставува само кочница и ништо друго. Едно време и јас неможев да се опуштам во друштво, пред нови луѓе и не бев воопшто комуникативна но за среќа го надминав тој период и вака е многу подобро. Заради тоа што се срамев си пропуштив многу шанси во животот и сега се каам. Мислам дека скоро секој во животот има таков период и не е ништо страшно или нешто што неможе да се надмине. :)
     
  16. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    100
    јас сум оперирана од срам :lol: никогаш не сум се срамела од ништо,упорна сум во се,ако грешам ја признавам грешката но сепак ќе си пробам :lol: мислам дека нема потреба да се срамиме освен доколку свесно правиме лоши работи.
     
  17. Sophy14

    Sophy14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    погрешно мислење

    не знам зошто но мислам дека секогаш кај лугето оставам погрешно мислење на пример вчера се запознав со еден преку другарка ми и денеска го срекавам и се поздравивме и после тоа ја сретнал нејзе и и реколл ја видов другаркати и отидов и се акопа у земја , многу ми е тешко дај те ми некој совет за опуштање не мозам вака веке.
     
  18. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    погрешно мислење

    Ако добро разбрав срамежлива си? :?:

    Или не е тоа?

    Ако е тоа во прашање повеќе дружи се, искачај со дечкото ( или било која друга личност) и полека срамот ќе помине! :)
     
  19. Sophy14

    Sophy14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    погрешно мислење

    да многу сум срамезлива и како да го надминам тоа
     
  20. summertime

    summertime Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Срамежливост

    Ве молам помогнете! Кога сум во близина на мојата симпатија многу се срамам.... ;(...
    Од оваа срамежливост неможам да имам добра врска, како што реков кога сум во негова близина одма поцрвенувам но и понекогаш знам да избегам... незнам како да ја надминам срамежливоста...
    Се надевај ке имате некој совет за мене :)