Па на денешно време многу мал број на луѓе се они што знаат вистински да ценат!!! Барем така мислам јас,и мислам дека поголемиот број од вас би се согласиле со оваа мое мислење. Па вака,да не должам многу - Што цените кај луѓето ? Значи јас знам да ценам човек кој би бил до мене кога најмногу би ми требал,кога би ми услужил нешто што ми треба во моментот,без изговори оваа-онаа Ценам и искреност,но не толку колку што прво наведеното,исто така ценам луѓе кои навистинаа знаат да ценат и тоа го покажуват ! И многу други онака помали работи како што се креативност,труд без разлика дали успеале во својата намера или не.
Што цените ? Ценам .... Искреност , Директност , природност ... Некој кој ќе има храброст да ми каже во лице што има без оглед како јас би го прифатила тоа и што би било после тоа , директност врткање наоколку не фала ... Луѓе кои го кажуваат она што го мислат, што не удираат четки ,што се доследни на себе и имаат свои принципи од кои не отстапуваат, кои ги бранат своите ставови и не ги менуваат зависно од ситуација и временските услови . Посебни луѓе што не се плашат да бидат СВОИ макар биле и исмевани и осудени ... Борци , позитивни луѓе оптимисти....
Што цените ? Ценам креативност, конструктивност, добронамерност и почит кон секое суштество, околината и пошироко во странство
Што цените ? Најмногу од се ценам луѓе на кои можам да се доверам, кои знаат да чуваат тајна и да дадат добар совет. Ценам искреност, праведност, упорност, луѓе со свое јас, кои знаат што сакаат. Многу ги ценам и оптимистите, оние кои секогаш а гледаат посветлата страна, искрено им се восхитувам и би сакала да имам барем дел од нивниот оптимизам.
Што цените ? Најмногу ценам флексибилни и слободоумни луѓе кои знаат да прифатат дека постои став кој не се согласува со нивниот без потреба од меѓусебно разубедување и наметнување,кои се отворени кон нови хоризонти бидејќи не почитувам конформисти,лимитирани и крути полни со предрасуди индивидуи и медиокритети и хипокрити.Во најмала рака ценам кога некој навистина се обидува да ги намали своите предрасуди и ограничености и се бори секојдневно да биде барем малку подобар човек од вчера,најпрво поради себе,ама ова секогаш има позитивен фидбек и од околината.Општо ценам кога некој човек гледам дека се труди за нешто пр.работа или врска,вложува во нештото време,чувства,напор,енергија значи ги ценам човечките мравки наспроти човечките штурци. Ценам искреност,секогаш и секаде. Ценам здрав систем за правда и не отстапување од истиот па макар и цел свет бил контра. Ценам и креативност во уметностите,во вештините,па и во секојдневното изразување и појавување пред светот.
Што цените ? Денес навистина е тешко да се најдат вистински пријатели ги има ама многу малку. Најмногу ја ценам: искреноста, а не дволичноста, доверливоста, а не злонамерноста, чесноста , а не валканоста , има и многу други карактеристики по кои ги ценам луѓето, а по кои ги презирам. Мене ми се случило да се дружам со пријателка со години заедно сме делеле и добро и лошо, но и по толку годишно дружење и доверба да ме изневери за ситница да го открие своето вистинско лице. Бев многу разочарана мојата ,,вистинаска пријателка,, да ме изневери за ситница, а и ситниците го прават животот.
Што цените ? највеќе ја ценам искресноста кај луѓето и љубовта што ја добивам од за мене драги луѓе т.е. пријателите и семејството
Што цените ? - 7 работи што еден човек го прават вистинска ЛИЧНОСТ... 1. Искреност 2. Директност 3. Хуманост 4. Почит кон другите 5. Уникатност 6. Праведност 7. Трудољубивост
Што цените ? Ја ценам благодарноста кај еден човек и неговата воспитаност. Кога мене некој ќе ми заврши услуга, се чувствувам должник, благодарна и среќна. Очекувам да ми се возврати слично, за жал, луѓето ретко ја поседуваат оваа особина. А убаво воспитување е нешто на кое паѓам кај луѓето и лесно може да ме прелаже некој со убави и фини домашни манири. Ценам суптилност и дарежливост. Сакам луѓе кои внимателно ги користат зборовите, не се трескаат во гради, не лупнуваат се' во фаца, и луѓе кои искрено подаруваат, било материјални нешта или љубов, трпение, внимание.
Што цените ? Чувствителност но не премногу,искреност но не до болка,трудољубивост но не и малтретирање на околината со неа, воспитаност но не и лигавење ,спремност да се помогне кога се може,...отприлика тоа иако секој човек/жена е приказна за себе...
Што цените ? Ценам добрина, искреност, ама не да се граничи со навреда, значи тука барам некоја блага искреност. Луѓе што се ценат самите себе, значи не спаѓа тука нарцисоидност ниту преценетост, туку да си ги цениме нашите квалитети. Личности што се културни, воспитани, посебно значење му придавам на читање литература, личности со спектар на зборови, знаење. Едноставно тие што не се фалат на секого, туку се молчаливи, а кога ке прозборат нешто мудро ке кажат. Тоа ми го дава профилот на една личност, а не неговиот физички изглед.
Што цените ? Кога некој ги сака животните и им помага. Природно и несебично хумани луѓе. Кога некој е искрен со мене,ме почитува и сака поради тоа што сум ,а не поради тоа што имам. Добро воспитани,културни и интелигентни луѓе ,со добра смисла за црн хумор особено Софистицирани личности ,луѓе кои ја преминуваат границата на човечката трпеливост само доколку нивната веќе е премината . Трудољубиви и темпераментни луѓе. Авантуристи и лица со високи морални вредности...
Што цените ? ГО ЦЕНАМ СЕКОЈ ЧОВЕК СТО ИСКРЕН,ЗНАЕ ДА САКАМ, ГИ ЦЕНИ И ТОЈ ЛУГЕТО КАКВИ И ДА СЕ ,А НЕ СЕ ЦЕНИ САМИЈОТ СЕБЕ, МРАЗАМ ЛУГЕ СТО СЕ ПРЕЦЕНУВААТ СТАНУВАТА ОПСЕДНАТИ СО ТОА И ПОЦЦНУВАТ ДА СТАНУВАТА АНТИПАТИЦНИ
Што цените ? Ценам чесност, искреност, почит...итн. Тоа се доблести кои треба да бидат застапени кај секој човек. Секој треба да биде искрен, но до граница да не повреди некого. Исто така ценам луѓе кои секогаш се креативни и оригинални, и се трудат да бидат уникатни. Мразам кога некој копира некого, и нема свои идеи и ставови. Сепак, секој треба да си ја изгради својата личност според своето гледање на светот.
Што цените ? Ценам луѓе кои се добронамерни,искрени,дружељубиви,со добри манири,кои знаат да ценат,почитуваат,знаат да изразат благодарност....едноставно ги ценам луѓето кои има вистинска човечност во нив.
Што цените ? Само искреност ништо друго, не можам да карактеризирам кај некој доброЌа и лошоЌа, ако со мене некој е ок, со друг нема да е и се така. Ама ужасно многу ми е битно да е искрен некој со мене, како што сум јас со сите. Да си ги кажеме работите така како што се, да не глумиме лудило. И исто многу сакам луѓе со зацртана цел што ама апсолутно ништо не може да ги помести од колосек, не знам како да ја карактеризирам таа особина, храброст, издржливост можеби.
кај луѓето најмногу ценам... искреност и луѓе полни со позитивна енергија,да уживам во нивната близина и во нивното друштво