Иста сум... Ко вибратор да имам вграден во нозете . Кога седам нозете го тресам акога лежам или едната нога или задникот . И не мора да значи од нервоза или досада, и кога сум била опуштена и смирена пак ја тресам ногата.
Лелее многу често ми се случува, особено на часовите, додека гледам телевизија па дури и сега кога седам пред компјутер Понекогаш некој што е до мене ме предупредува да престанам, јас престанувам 2-3 минути и ајдеее пак
Мене не ми е навика, туку кога ми е досадно и кога ме фаќа нервоза ја тресам само десната нога ееј, само десната
Го имам овој проблем многу време и верувајте тоа е толку јако и очигледно тресење што нема кој не ме забележал и не ми рекол да престанам мајками на 5 мин вика по мене шо веке мислам ке почне со стам да ме удира кога ке забележи еве еден пример седам со дечкоми и вика престани со нозете викам да и несвесно продолжувам и он пак достаа и јас доброоо и тој ама пак продолжуваш и јас не бе не и он доста престаниии и јас абе готово ееее а несвесно го правам и кога погледнам јас си тресам нозе кука ке бутнам
Јас тоа го правам кога сум под стрес... и не ни знаеш дека го правиш тоа и само едно време гледаш си ја тресиш ногата.
често го правам дома ама на часовите обавезно аа посебно ако е некој досаден час..е тогаш како на батерии да сум (ама некако расипани ми се па не допираат).. :geek:
Кога сум нервозна ова го правам стандард, и тоа не осеќам така механички После некое време ќе приметам и ќе прекинам..
Кога ми е досадно, кога нешто не ми е по ќејф, кога ми се брза. П. С Штом го прочитав насловот, одма почнав да ја тресам десната нога.
Постојано ги тресам нозете при седење.На часовите(во школо кога одев),сеа на факс на предавање,дома,кога сум излезена на кафе,на гости.Буквално секаде...пробувам да престанам,ама потешко ми оде.
Тресење?? Тоа е мал збор за она што јас го правам кога ќе се заседнам Еднаш на факултет ми се случи пред цел амфитеатар да добијам јавна опомена,зошто целите редови,пред и позади мене ги тресев.Секако,јас воошто не ни сум забележала. Го правам од навика.Често.Можеби е наследно,зошто и мајка ми знае да затресе некогаш.Али јас владеам дефинитивно. Лошо е што не приметувам дека го правам тоа,и правам да и биде неугодно на околината Викаат од секоја навика има и одвика,ама од ова тешко. И од "пукање" на прстите.