Еве за мене, ја сум опседната со филмски сјај, гламур и раскош.. И тоа само од еден поглед на E! Entertainment Television. Oд тогаш, секојдневно дремам на каналов затоа што се зборува само за познати личности од Холивуд, и тоа ми стана опсесија. Од училиштето како приоритетно, на врв на листата замина збуткано негде долу. Сега и викам на мама: „Ама мене што ке ми е математика? Јас учам онака, за оценка, јас ке бидам глумица, ќе живеам во Холивуд и некој ден ќе ти мавнам со рака од преносот на Оскарите.“ Оваа кога ме погледна. Ме уби со поглед. После следеа ред лекции за да се освестам од магијата, да сватам дека постои еден свет, реален, во кој живеам во моментот. И дека сега не сум таму во Холивуд, туку дремам на креветот и плачам. Дека во МК нема аудиции за филм секој ден, дека шансите некогаш па макар да го посетам Холивуд се 1 во милион, дека животот не е розов туку ќе ме шамара додека да се разбудам, а тоа ќе боли, дека утре нема да има Венити Фер забава туку ќе одам на училиште, и мора да сум подготвена за придизвиците таму. Јас плачев, бев сосема црвена во лицето, и не можев да престанам. Ама колку толку ме освести. Сега уште имам страшна желба за тоа, ама си викам се во свое време. Ако требало да биде ке биде, а додека да биде ќе си седам во МК и ќе бидам задоволна од тоа.






