Наташа,јас лично,не ги оправдувам тие паузи,не ја гледам позитивната страна во нив,и чим некој ке ми рече на пауза сме,се чудам,зошто за мене тоа е малтен раскинување,а по раскинување,не ни размислувам на врска повторно со истиот.
Во конкретниов твој случај,причината на дечково,дека му било монотоно ми е ок,сватливо,тоа е тоа,иако можел да ти посочи или јасно да ти каже дека чуствува промена мегу вас,и дека не му е ко порано,да се потрудите да смените или да ставите крај,а тоа неговото пауза за он да се луфтира со други, ми е несватливо и без пардон.Можеби,му здосадиле,се издувал,а сепак тебе те сака и сака да е пак со тебе,но мора да знае дека кога си со некој и го сакаш,тоа е безрезервно и постојано,а не на смени.
Лично јас не би му се вратила,само поради тоа што наместо да се потруди да ја надминеме кризата,он отишол со друга,што за мене е недостаток на почит,а ти како си мислиш.Ти посакувам срека.
