А што кога имате долга врска и сакате да ја прекинете, но не сте доволно одлучни?!
Што е до мене, јас би раскинала уште сега. Ќе ми биде тешко зошто сепак сум поминала година и више со тој човек и не сум навикната да функционирам без него, ама знам дека ќе ми пројде. Причината поради која сакам да раскинам е во најмала рака себична, и се плашам дека дечко ми нема да гледа на тоа како мене. Едноставно сфатив дека не сакам да си ги поминам најубавите години во една таква сериозна врска. Не сакам, и тоа е тоа. Правење планови за иднината прво ми изгледаше интересно, сега ме плаши, побогу уште средно немам завршено!Од друга страна пак, знам дека ќе го скршам максимално ако го оставам, зошто сме премногу блиски и поврзани, не знам како ќе го поднесе тоа.
Моментално сме на пауза неколку дена, и очекував исходот од неа да биде моја одлука за тоа што ќе правиме понатаму, а деновиве(можеби и денес), ќе се видиме а јас уште не сум одлучила. Дополнителен притисок ми ствара тој одмор за кој пекавме и двајцата и едвај чекавме да дојде, а сега јас не знам дали воопшто сакам да одам. Се мислам кога да му кажам се, дали да му шлапнам се во фаца пред одморот кој знам дека со душа го чека, или со сила да отидам и да ги поминам тие верувам мачни 7 дена?
Луѓе, кажувајте нешто зошто јас сум збуносана скроз.



