ТЕМА: Најбизарна причина за раскинување

Мислење 09 Сеп 2010, 04:01

Мислев да ја поставам темава во врски, ама некако не ми е за таму.
Размислував баш сега како и на кој му имам раскинато. Со која причина и зошто. Сте имале ли некои вакви искуства, кога сте сакале да ставите крај на некоја врска, а не сте знаеле како па сте барале некоја рандом глупава причина за да раскинете? :lol:
Аватар на корисникот
Offspring

Црвено цветче
 
78594259
Мислења: 5669
Зачленет: 14 Јун 2010, 14:20
Сакаш било каде, ама и таму нема место...

Мислење 09 Сеп 2010, 09:40

Причина....НЕ!!!
еднаш пробав да раскинам...најобично како секој нормален човек...типот ко ме грабна ќе му изгаснев во раце,а таков беше еден набилдан цел |( ....почна да ме прате да ме следе.....од тогаш имам страв(а не беше некоја врска кој знае што-ама ете се унесил типот)од тогаш ни крај ни ништо...само ме снемува од нивните животи и чао пријатно.....имаше еден случај кога така одеднаш ме снема и тој бившиот го преврте градот за да ме најде и кога се беше безуспешно после милионите пораки за кај сум,треба да разговараме,ово,оно ми стигна нај бизарната порака....“ќе гориш во пеколот за ова што ми го стори:o
Wtf..... :lol:
Аватар на корисникот
annnni

Жолто цветче
 
485506
Мислења: 3019
Зачленет: 27 Мар 2010, 18:47
Локација: lost in my love location with my honey....
Слика

Мислење 09 Сеп 2010, 10:16

Ова беше пред 5 години кога не сакав ништо озбилно со никој :D Ми здосади да го гледам не ми се одеше повеќе со него а немав причина ама баш никаква да му раскинам...на секоја мала кавга се молеше да помини добро па да не се скараме...и ми здодеа таква врска..па само му реков не излегувам а се дотерав и отидов баш каде што знаев дека тој ќе биди и тоа се појавив со друштво не сама.И се налути...тоа ми беше и целта :rofl: Па морав да му раскинам зошто се налути,како јас не сакам љубоморни сцени не можеш да ме котролираш,имам другари и другарки,мојот живот не се состои само од тебе...бла бла испадна тој крив :lol:
mimozamime

Фем почетничка
 
30
Мислења: 18
Зачленет: 11 Авг 2010, 05:41

Мислење 09 Сеп 2010, 10:21

Со еден одев 3 месеци . Бевме од различни населби и дека помали не можеше да се гледаме често . По неколку пати во месец се гледавме . Кога раскинував ме праша зошто и му реков не знам зошто , изгледа досадно ми е .. :D :D :D Само еден дечко пред овој што ми е сега имав :D Глупа причина нели :)
Аватар на корисникот
Dushica-sk

Жолто цветче
 
22481420
Мислења: 4769
Зачленет: 12 Јан 2010, 19:03
Don't be pushed by your problems. Be led by your dreams.

Мислење 09 Сеп 2010, 10:32

Јас одсекогаш сакав да бидам сингл..но пред 3 години ми се здосади и се договоривме со една другарка да си фатиме дечковци.И се фативме во исти денови и бевме два среќни парови.Тоа траеше 3 месеци и толку ние веќе уморни се чувствувавме со другаркава па пак се договоривме да им се скараме и тоа преку смс.
Му пративме исти пораки и на двајцата.Леле како беа нервозни дечковците.Тој едниот почна да и кара на другарка ми..овај мојов сакаше па влице те.очи во очи да разговараме итн. :$ :D
Убави времина беа тие...ехх да се вратам во тоа време.И со овие дечковциве и ден денес си живејме и после по некоја година ми станаја многу добри другари..деца.. :lol:
Аватар на корисникот
srculka

Зелено цветче
 
14366
Мислења: 570
Зачленет: 08 Јул 2010, 17:42
Јас сум само млада тинејџерка во која се кријат многу вистини и лаги, конфликти кои ги води моето срце со разумот,тагата која и тежи на болката која е неподнослива и вештата глума која ми е потребна за да можам да го надминам овој нов,тежок ден

Мислење 09 Сеп 2010, 12:48

Имав еден дечко,а не знам зошто и воопшто се фатив со него.....Одевме едвај две недели и бидејќи не го сакав,ме нервираше го лажев нон стоп дека имам за учење и не можеме да се видиме,го исклучував телефонот.И излезена така јас со другарките и еве го овој иде.Лелел мене мрак пред очи ми дојде.Го излажав дека ми е лошо и дека ќе си одам.Овој се налути.И јас ни а ни б толку си заминав и никогаш повеќе не му се јавив.После тоа тој се обедуваше нешто ама џабе му беше.....
Аватар на корисникот
chicka

Жолто цветче
 
6017
Мислења: 1277
Зачленет: 08 Мај 2010, 23:07
Слика

Мислење 09 Сеп 2010, 13:18

Немам раскинато со некоја ептен бизарна причина. Едноставно му кажувам дека не го сакам, и дека нема да бидам со него. Леле еден како ме изнервира, јас му раскинувам, тој кога ревна да плаче, од земја се треска и на колена клекнува :o Каков срам :o А бевме само две недели „во врска“, во која три пати сме се виделе а не му давав ни да ме бакне :lol: Што толку го здоболе човекот тој си знае :^)
Аватар на корисникот
Unfaithful18

Жолто цветче
 
413115
Мислења: 1936
Зачленет: 11 Јан 2010, 15:57
Паметната жена постапува со мажот како ковачот со железото: прво добро го загрева, а потоа по свој вкус го обликува

Мислење 09 Сеп 2010, 13:39

Unfaithful18 напиша:Немам раскинато со некоја ептен бизарна причина. Едноставно му кажувам дека не го сакам, и дека нема да бидам со него. Леле еден како ме изнервира, јас му раскинувам, тој кога ревна да плаче, од земја се треска и на колена клекнува :o Каков срам :o А бевме само две недели „во врска“, во која три пати сме се виделе а не му давав ни да ме бакне :lol: Што толку го здоболе човекот тој си знае :^)

хахаха, и јас ги имам тие плачковците на тон...еден цела ноќ ја преседе кај мене пред врата на скалите плачејќи, мајка ми само го посматраше од клучалка, и викаше `аман нека си оди, срамота од комшиите` :lol:
ах, бизарни причини еден тон, поготово кога бев помала па кога дечковците беа чисто атракција за да си го пополниш времето, или да ти се случи нешто. а кога почнав со сериозните врски, ми се случувало, кога ќе стане врската монотона да барам причини за да раскинеме, и само нешто измислувам, тестирам.. :swear:
Аватар на корисникот
HeidiDiWalt

Зелено цветче
 
971517
Мислења: 737
Зачленет: 29 Мај 2010, 02:36
Локација: ..::Somewhere Over The Rainbow::..
СликаСликаСлика

Мислење 09 Сеп 2010, 23:55

За некоја ситница можеш да раскинеш додека не мислиш на него,неговите чувства,и се она што би го повредило,да не ти биде оопшто гајле за него па да ти текне јас со овој ќе раскинам.Ако се деси обратното ќе размислиш на тоа што ќе сториш.
Додека ти се собираат некој работи што не се наравени како што треба од негова страна а ти оа го собираш и собираш тогаш ќе ти пукне филмот и ќе ставиш крај на врската,затоа не верувам ни во долги врски се поради некој вакви ситници што се собираат секогаш завршуваат на исти начин...
Аватар на корисникот
ludicka

Фем почетничка
 
40
Мислења: 33
Зачленет: 29 Мар 2010, 00:02

Мислење 10 Сеп 2010, 00:10

Немам на никого на бизарен начин раскинато , ама моја другарка на бившиот му раскина со изговор не си доволно храбар па затоа не ме испракаш до пред врата , а предходно таа му рекла да не ја испрака :lol: :lol: :lol:
Аватар на корисникот
drugar

Фем почетничка
 
71
Мислења: 26
Зачленет: 20 Авг 2010, 23:47

Врати се на Разделби

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 1 гостин

Site Meter