Не се причини за раскинување, ама дефинитивно се
најбизарните изговори за неверство, и тоа на познатите личности :
Извор - iLike.mk
1. “
Бидејќи ми се можеше!” – Рекол поранешниот претседател на САД,
Бил Клинтон во телевизиското шоу на Ден Рајдер “60 минути” на прашањето во врска со секс аферата со Моника Левински.
2. “
Затоа што и се восхитувам!” – Кажал
Били Роб Тортон кога ја остави својата петта сопруга Анџелина Џоли поради секс аферата со некоја конобарка.
“Јас ја изневерив Анџелина поради страв. Таа е преубава и многу паметна. Се чувствувам инфериорен во однос на неа. Искрено, бев преплашен.” – додал Били.
3. “
Кабалата ми го испра мозокот.” – Ова не се зборови на
Алекс Родригез за наводната афера со Мадона, туку зборови на неговата сопруга.
“Мадона го контролира мозокот на Алекс.” – е приказната која неговата сопруга ја “продаде” на медиумите.
4. “
Јас сум посебен и единствен.” – Изјавил сенаторот
Џон Едвардс за жолтиот печат во врска со секс скандалот со една од организаторките на неговата кампања, Рели Хантер.
“Во духот на мојата кампања, станав самоуверен и сфатив дека сум посебен. Признавам дека сум нарцисоиден.”
5. “
Во темнина сите сте ми исти.” – Популарната реченица на промискуитентниот
Пабло Пикасо. Една вечер, додека својата Дора ја изневерувал со Франсоаз, се обидел да се “испере” за своите бројни афери: “Не постои ништо слично меѓу две убави пудлици, исто е и со жените.”
6. “
Јас само ја работам својата работа.” – Ладнокрво кажал
Џон Бон Џови во 2006-тата година и додал “Неверството е составен дел од работата на една вистинска рок ѕвезда.“.
7. “
Хмм.. добротворни цели.” – Се обидел да се оправда
Еди Марфи во 1997-мата откако бил фатен на дело со проститутка во неговиот автомобил на паркинг во Холивуд. Еди ја убедуваше јавноста дека девојката била сиромашна, а тој премногу хуман, и сакал само да ја пренесе до дома.
“Често гледам проститутки на раскрсниците, а тие реагираат поприлично емотивно на мене. Јас сум хуман човек, како да не им помогнам?” – изјавил на шега (или не) за холивудските таблоиди.
8. “
Не успев да се одвикнам!” – Промрморел
Дејвид Духовни кој јавно е деклариран како човек кој е зависник од љубов и секс.
За оваа своја навика, Дејвид бил на рехабилитација која завршила без успех.
9. “
Потребно ми е внимание.” – Иако, подолг временски период пробувал да се задоволи со порно филмови од интернет за кои потрошил повеќе од 3.000 американски долари
Питер Кук, сепак завршил во кревет со неговата 18-годишна асистентка и ја изневерил својата долгогодишна девојка и потенцијална сопруга Кристи Бринкли.
Во интервју за Барбара Волтерс изјавил: “Повеќе внимание и едно благодарам ќе беа огрмоно признание за трудот кој го вложувам. Тоа од Кристи никогаш не го добив.”
10. “
Со секс ги надминувам моите хронични главоболки.” – Во една прилика изјавил
Кенеди за своите вонбрачни секс средби.
“Ако подолго од три дена сексуално апстинирам, добивам опасни главоболки.” – додал Кенеди.
