јас си пишуваше на топик на мсн и на статус: Шта сад љубав им стим, кад те више не волим. Големо срце, тоа е.
Прво тргам од пред очи се што ме потсетува на него, не ги слушам песните што сме ги слушале кога сме биле заедно (и избегнувам балади, тажни песни) се договарам со другарките, се дотерувам и излегувам. А кога сум дома си наоѓам нешто за да не мислам на раскинувањето, средувам по дома, читам, гледам филмови... Но ова е значи дека брзо заборавам и преболувам, некогаш ми се потребни месеци. Ако ми е тешко, си плачам кога сум сама. И не се жалам на никого. Тоа е главно...
Си правам самостоен женски ден - си се опуштам во топла, пенлива купка, во позадина ми одат омилените рок - хитови нa кои откачувам до даска. Пеам, препевам, се дерам, приплакувам, ама од среќа или од преголемо напрегање на гласните жици. Се тинтрам пред огледало и си се гледам колку сум згодна, малце слабичка, ама долга нога, еееех Нека пукне од мака тој што ме нема! Си се релаксирам со маска за лице и се редам со моркови, краставици и секакви зеленчуци по очите. Не седам дома, се изолирам малце од баладите на јутјуб и мрчаторите на фејсбук, излегувам со драги личности и се трудам да се загледам во некое друго машко битие.
Имам претрпено само едно раскинување, одамна беше и бледо се сеќавам како ми се одвиваа работите во тоа време! Веднаш се пуштив во дружење со другарките, секоја вечер до 2-3 сабајле седевме кај некоја од друшките ми со 300 глупи и блесави муабети, се посветив и на максимално флертување , повеќе време поминував пред огледало дотерувајќи се за нови момци , наоѓав по некој нов што ми се допаѓа и често пред спиење добивав по некоја порака или сигналче од непознат број! Се осеќав како ново лице во друштвото, преродена, слободна...се губев со мислите одвреме навреме не можејки да претпоставам како ќе се одвиваат работите понатака... Немаше многу плачење и патетики, или имаше само не се сеќавам баш добро! Важно се сеќавам дека другарките ме дочекаа со раширени раце расположени за многу пијани журки и енергија за многу забави до сабајле !
До сега сум имала само едно раскинување во права смисла на зборот. И раскинување и со дечко кој ми значеше многу во тоа време. Не правам нешто посебно. Се функционира исто. Не правам вуду магии и такви ствари.. Меѓутоа... Поретко се смеам некој одреден период. Мене тешко ми паѓаат разделбите,без разлика дали со другар/ка,родител,роднини,дечко што и да е.. Да,поретко се смеам. Не разговарам многу. Или барем не разговарам како претходно. Луѓето ми се досадни,еднолични. Сите ме нервираат и сите ми се криви. Седам најголем дел од денот сама во соба. Ретко излегувам,тогаш станувам асоцијален тип. Си го мачам мозокот со тоа што згрешив јас,што згрешил тој,си враќам филмови,се потсетувам... Абе баш оноа што не треба го правам,за да се убијам сум. И дефинитвно се докрајчувам со балади и солзи. Тоа нешто неминовно. Трошам перфекс 24 и сум како нова. Не сум емоционален јадач,не се препуштам на слатки,бљак. Е тоа правам. Се трудам да не извршувам обрвски. Неможам да мислам во тој период и сакам одредено време да не мислам ништо. Пушам повеќе цигари,и многу често цигарата ми се изгаснува дека немам сила да ја пушам,заборавам дека мозокот ми лета на друго место. Добро е што тоа трае најмногу недела две. Првата разделба еден месец не можев да се опоравам. Да,добро е што трае најмногу недела две,а после сум старата јас. Или барем се трудам да бидам.
Се дотерувам поневообичаено ,им се јавувам на сите драги фаци и правец в дискотека - да се прослави !
гледај комедија,излегувај почесто,флертувај...но сепак остави си и мал дел од денот за да се исплачеш да ти олесни и потоа правец пред огледало,време е за дотерување и по можност некоја промена на фризура и слично.моментално поминувам низ тежок период се борам со себеси да ставам крај на 3год.врска која од пред 1недела е раскината.тешко ми е многу но се обидувам да си посветувам повеке внимание на себеси (време кое малку го имав додека бев во врска),од следна недела почнувам со изучување на италијански јазик,со обврски на факултет и секако со НОВАТА ЈАС.се надевам ке успеам и секако ке вложам многу за да го реализирам сето тоа и да не заборавам наместо да се жалам постојано на лугето околу мене и да ги депримирам со мојата тага секојдневно започнав да пишувам книга,дневник кој/а е пополнета секако од моите чувства.на тие страници го истурам својот гнев и лутина кон личноста што докажа дека не ме заслужува!
Секогаш сум среќна пред него и неговите другари (иако навистина не ми е сеедно). Никогаш не покажувам дека ми недостига или дека воопшто сеуште мислам на него. Цело време шетам со другарки и најважно се трудам да изгледам дупло поубаво и подотерано од кога бев со него. Навистина работи бидејќи по некое време ке те бара назат
Зависи и до личноста . Ако го имам сакано правам се она што не треба да се прави после раскинување. И плачам редовно на другарка ми , пуштам некои срцепарателни песни , гледам филмови за да ми се распара срцето уште толку ,јадам како несалам по 10 пати во денот , не разговарам со моите првите 2-3 дена.. После полека почнувам да се враќам во нормала, но постепено ...Многу тешко претрпувам разделби било да е тоа со дечко ли некој друг .. Последна разделба ми беше со братучетка ми од Охрид , абе се утепавме од плачење двете како да е крај света ..по еден месец пак ќе се видиме ама нејсе , ние да се испразниме Aма луѓе како луѓе ...доаѓаат во животот и си одат , мораме да се навикниме да живееме со тоа дека ништо не е вечно .
Тешко поднесувам раскинување до сега ми се имаат случено две, и двете беа по моја вина сама си го барав признавам за едното не ми ни беше многу гајле онака го прифатив како аха добро, ваљда затоа што бев помала, но она другото ми падна тешко,ептен тешко, па така си плачев цела недела, добро не баш сега секој ден, ама коа ќе ми текнеше на некои заеднички моменти знаев да се расплачам потоа следеше еден депресивен период од исто толку време, за најпосле да бидам како ништо да не ми се случило Ах и да не заборавам дека за тој период јака и душа на другарка ми колку ли само зборев,зборев и зборев во врска со тоа секако. Досада жива бев Како и да е веќе никогаш, ама никогаш не сакам да го доживеам тоа, особено не со личноста која ми значи се Спојлер пу пу скраја да е
Токму сега сум во таа фаза...По 2ипол годишна врска и една година залудни обиди да се смириме еве денес е првиот ден од мојот статус single...И како ми поминува овој ден??? Патетично би рекла. Затворена во соба плачејќи.....Се надевам дека овој период ќе трае кратко и дека ќе успеам набрзо да се вратам во нормала....се надевам. Голема поддршка до сите кои поминуваат низ болна разделба...Ќе биде еден ден подобро...еден ден
Јас сум плачела за време на врска, после тоа не ми идело, видиш чудна појава ?! После раскинување сум продолжувала даље секогаш, и покрај тоа што сум мислела дека ќе ми биде изузетно тешко, дека сега не се знае како ќе продолжам драпај си меот работава. А откако раскинав со последниот дечко, иако не беше официјално раскинување „Од денес не идеме", него разотидување, јас си фатив нов, т.е сегашново либе. И да ви кажам, подобар чекор во животов не сум направила.
плачам,плачам, плачам му пишувам секакви пораки у стил те мразам,после те сакам ... и пак плачам.... излегувам се правај јака,демек ми е гајле ама пред да заспијам пак плачам и не знам кога ке ми помине.... раскинав пред една недела и мнооооооогу ми е тешко
Плачам, плачам се додека да не ми дојде умот дека НЕ ВРЕДИ да се плаче по никого. Дека животот е пред мене и дека допрва идат УБАВИТЕ МОМЕНТИ. И после...
Значи,се зависи од врската,ако врската ми е долга мижеби повеќе од неколку дена ќе ми треба да се средам,но од кратка ... уживам во вкусот на киндер и толку,не дека ми е тешко или нешто... само заради чоколадото