До сега сум имала само едно раскинување во права смисла на зборот. И раскинување и со дечко кој ми значеше многу во тоа време.
Не правам нешто посебно. Се функционира исто. Не правам вуду магии и такви ствари..
Меѓутоа...Поретко се смеам некој одреден период. Мене тешко ми паѓаат разделбите,без разлика дали со другар/ка,родител,роднини,дечко што и да е.. Да,поретко се смеам. Не разговарам многу. Или барем не разговарам како претходно. Луѓето ми се досадни,еднолични. Сите ме нервираат и сите ми се криви. Седам најголем дел од денот сама во соба. Ретко излегувам,тогаш станувам асоцијален тип. Си го мачам мозокот со тоа што згрешив јас,што згрешил тој,си враќам филмови,се потсетувам...
Абе баш оноа што не треба го правам,за да се убијам сум.
И дефинитвно се докрајчувам со балади и солзи. Тоа нешто неминовно. Трошам перфекс 24 и сум како нова. Не сум емоционален јадач,не се препуштам на слатки,бљак. Е тоа правам. Се трудам да не извршувам обрвски. Неможам да мислам во тој период и сакам одредено време да не мислам ништо. Пушам повеќе цигари,и многу често цигарата ми се изгаснува дека немам сила да ја пушам,заборавам дека мозокот ми лета на друго место.
Добро е што тоа трае најмногу недела две. Првата разделба еден месец не можев да се опоравам.
Да,добро е што трае најмногу недела две,а после сум старата јас. Или барем се трудам да бидам.
