За да се случи развод, после откако си мислиш дека се сакаш, дека на светот сте едни и единствени еден за друг, треба да има и тоа како голема причина. Не може туку-така да му текне за банални работи да се разведуваме. Отвори очи 24 па види дали го сакаш или не, дали можеш да живееш со него, во добро и зло, после нема назад.
Секако има и неиздржливи ситуации, кои кога тогаш би звршиле со развод, нели подобро е да ес стави крај отколку да ес чека да се залепи нешто што веќе се скршило. АМа па да се оставаш само поради тоа што мажот не ја послушал жената за нешто, или дека живеат со родителите и делат една куќа, тоа малку порано треба да сe види.
Јас познавам една жена која се разведе од мажот уште пред години, кога бев мала, само затоа што по раѓањето на првото дете(кое и остана едно и преразгалено) сфатила дека сака да живее слободна и да си го живее животот. И ден денес се шета по кафиќи, оди како тинејџерка облечена, со ќерка и речиси ги делат дечковците

И според мене па подобро што го оставила, а не да ја трпи секој ден да го изневерува. Што мислите вие за ова? Дали е оправдано?