Разводот во нашето општество повеке не е табу тема но нашето општество не остана имуно на појавата на разводот а бракоразводните стапки растат од година во година.
За жал разводот понекогаш е неизбежно решение, кога двајцата сопружници не можат да ги надминат меѓусебните разлики, па врската која ги споила, полека се кине. Меѓутоа, меѓусебните односи и чувства на сопружниците доаѓаат во втор план кога во бракот има деца, а тие се најневините во целата збрка.
Сметам дека родителите не би требало да останат заедно само ради детето, а дома да им е пекол. Кога семејството не функционира не може со сила да се оди и само ради страм од околината, страв од последиците. Конкретно во случај каде има деца, тие заслужуваат да добиваат внимание, љубов, грижа, поткрепа и разбирање од родителите, па ако тоа е возможно само кога двајцата родители не се блиску еден до друг, решението е - развод. Нефункционалноста на семејството, постојаните караници, во најлош случај насилството и зависностите се лоша средина за создавање на здрави личности.
И да, подобро е ужасен крај отколку ужас без крај.
Ова е само мое мислење, од мој аспект. Не сум мажена, сеуште сум мала, за месец дена полнам 20 год, и немам намера да се мажам во скоро време. - во никој случај.
Можеби да - не сум компетентна за да дадам мислење во темата и истото ако е офф може да се избрише. Понекогаш „разводот“ паѓа на тема кај мене дома за муабетење , со пријатели, нели да видам како тие размислуваат по ова питање. - ме интересира, и истото завршува со препукување.
... и па па, недај боже да се омажам и да дојде ден да им кажам „се разведувам“ - верувам дека не би ме подржале, верувам ке се откажат од мене во истиот момент. Да, да.