Незнам која е поентата да бидеш со него кога отворено ти кажува дека не сака да биде со тебе? Дали ти се чувствуваш убаво со него и покрај тоа? Нели те јаде нешто одвнатре? Јас верувам дека ти не го сакаш туку си опседната со него, го сакаш покрај себе по секоја цена, дури и по онаа што моментално ја плаќаш, да си со него, а притоа да знаеш дека тој повеќе не чувствува ништо спрема тебе... Нели си помислуваш што мисли тој во моментите кога сте заедно? Нели помислуваш дека можеби му се згадуваш кога толку многу напнуваш да останете заедно? Замисли само што помислува тој додека е со тебе, дека е со тебе против неговата воља... Незнам, јас не би останала покрај него кога вака се случува, а сум имала нешто слично или исто во некоја мера. Еден бивши исто ми рече дека не сака да сме заедно повеќе, кога го прашав дали ме сака сеуште, ми одговори дека не. Тука сфатив дека јас повеќе не се пронаоѓам со него, дека џабе само ќе го трошам времето, чувствата негови заминале во неповрат, па така, продолжив да си ја барам мојата среќа со друг. Клин со клин се избива, само треба да помине некое време, од кое ти не треба да се плашиш, туку отворено да го пречекаш и да бидеш свесна, дека кога - тогаш, ќе дојде тоа време, само во случајов девојко, подобро е тоа време да дојде порано т.е. сега, отколку понатаму, кога нема да бидат 3 туку 5 или 6 години, и кога можеби ќе бидете во брак...