ТЕМА: Сакам да го вратам во мојот живот

Мислење 27 Апр 2011, 23:12

Долго време не сум пишала нешто на сајтов...
Како што имам напишан и во предходните текстови излегував со еден дечко 3 месеци се беше најубо.Имаше почит разбирање,можеби имаше и љубов.Но јас како и секогаш се заебав.
Последната наша вечер ја памтам како сношти да беше.Сами,гледавме филмчиња,гушнати,разговаравме на многу теми како и за неговото заминување.Јас го убедував да не замини а тој ме убедуваше да го разберам.Следните дена си замислив некој филмови..како демек не ме бара ме игнорират се однесуват ладно..а не беше ништо од ова туку една моја замисла..А таа замисла ме однесе до крајот.Му пишав ако продолжи со неговото однесување ќе сакам да е крај.Комунициравме следните денови но сосем малку и тоа само ако јас го побарав.Се видовме викендот (тој е од друг град) го побарав да разговаравме насамо а тој сакаше да го прашам преку мобилен па и така направив.Го прашав за неговото наводно ладно однесување а тој ме убедуваше дека ништо не е сменато и тој е истиот но сама знаев дека не беше така.Еден ден дознав дека се замешал со мојата "другарка" и без да размислувам му се јавив и му се изнавикав.Му кажав се и сешто,а тој ми кажа дека не е вистина дека немат ништо со нејзе.Ама јас не му верував..Подоцна дознав дека ми ја кажувал вистината.Толку ми беше криво,толку се кааев, но попусто.Му се извинував но ни трага ни глас од него.Завршив со една порака во која пишуваше колку многу ме повредува со тоа што ми докажува дека ме избришал од неговиот живот.Месец дена не се имавме видено.Викендот се сретнавме во една дискотека.Помина покрај мене како да не ме познава и да не ме гледа.Ниту еднаш не ме погледна.Ниту беше "тажен или разочаран за нешто" .Премногу ме болит премногу го сакам.Толку силно го сакам што неможам да опишам колку многу сум несреќна.Некогаш се запрашувам и дали воопшто ме сакал.Многу згрешив многу !! Сега само сакам да ја поправам таа грешка,сакам да го вратам во мојот живот,а најмногу жалам што немам време.За две недели заминува во Германија а јас неможам да го гушнам за последен пат. Девојкии ве молам за совет ,ве молам очајна сум..душата ме болит .. :(
Последна редакција: k.i.m на 22 Мај 2011, 23:29; редактирано еднаш.
Причина: Сменет наслов (од „Душата ме боли“)
Аватар на корисникот
poizon

Фем почетничка
 
320
Мислења: 34
Зачленет: 31 Јан 2011, 20:45
<3 To love is nothing... Te be loved is something... To love and be loved is everything <3

Мислење 27 Апр 2011, 23:19

Ако навистина го сакаш немој да го пуштиш да си оди без да му го ставиш на знаење тоа. Сето тоа што си го правела е резултат на љубомората што работела во тебе.Но, немој да мислиш дека самоти имаш згрешено. Тој требало да те ислуша и да те разбере, а не да те игнорира. Заради љубов секогаш правиме глупости, но акои тој гочувствува истото за тебе треба да те разбере.
А за друг пат, не се верува на секого, и несмееш да имаш испади пред него. Најголемите грешки ги праиме затоа што незнаеме да се контролираме во некои ситуации, и после исето каење на светот ни е џабе.
Аватар на корисникот
unique123

Сино цветче
 
349466
Мислења: 312
Зачленет: 27 Апр 2011, 18:51
Локација: Во мојот лично создаден минијатурен пекол
Иако љубовта не се купува, многумина скапо плаќаат за неа.

There are things that we don't want to happen, but have to accept, things we don't want to know, but have to learn, and people we can't live without, but have to let go!

Мислење 27 Апр 2011, 23:35

со љубомората, и постојаната потреба за внимание од негова страна си успеала да му се качиш на глава! Веројатно затоа и не сака да прави муабет со тебе! А немате ли заеднички другари, па преку нив да дознаеш кога и од каде ќе тргне за Германија?? Ако успееш да стигнеш до таа информација, потруди се да се појавиш на местото од кај ќе замине, застани пред него и посакај му среќен пат во лице. Нема да остане рамнодушен на тоа, па не е ваљда од камен!
А коа се враќа он од тамо? Предпоставувам по работа оди! Ќе имаш доволно време да размислиш за вас!
Се надевам дека се добро ќе се заврши, и за друг пат памет, контролирај се и без филмови во глава ;)
Аватар на корисникот
Peperutka90

Зелено цветче
 
979597
Мислења: 848
Зачленет: 21 Мар 2010, 00:36
Локација: somewhere on the planet Earth
Act like a LADY, think like a BOSS

Мислење 28 Апр 2011, 00:01

луѓето се злобни ете го осети тоа, ако мислеше дека животот е роза си се зае*ала ќе се боцнеш и на некое трнче. Колку и да изгледа мојот совет не прифатлив за тебе сепак ќе бидам реална, сметам дека по твоето објаснување што и како се случило помеѓу вас и по тоа како се однесувал кога ете те приметил во дисокотека дечкото целосно те избришал. Не се согласувам со горе кажаното да се појавиш на местото на тргање, што тој ќе си се качи како ништо да не било и може ќе те игнорира а ти ќе плачеш. Врска од 3 месеци бар јас неможам да ја наречам врска извини ама ете тоа сум јас што можеш и колку можеш да засакаш, сватиш, разбереш за 3 месеци (мислам дека тие со подолги врски ќе се сложат со мене) така да типот те има преболено море може и не се сеќава на тебе а ти главата горе и малку реално гледај на работите и при следниот дечко биди малку по толерантна и работите решавај ги во четри очи. Сметам дека ова што го живееш и за што бараш совет е завршена приказна
Аватар на корисникот
karak

Жолто цветче
 
19781926
Мислења: 2407
Зачленет: 11 Апр 2010, 18:09
понекогаш и празниот лист кажува многу
Слика

Мислење 28 Апр 2011, 00:19

Крак и реков да се појави заради тоа што, од нејзиниот пост се глеа дека и на дечкото не му било сеедно, сепак се обидувал да ја разубеди дека не е така како она што мисли!
poizon напиша:Му кажав се и сешто,а тој ми кажа дека не е вистина дека немат ништо со нејз

Значи сепак има нешто, затоа и предложив така. Не е битна толку должината на врската ако има љубов. А тоа што поминал во дискотека покрај неа и се напраил на 3 ипол може да е само од чист инает, или пак можеби чекал она да му пријде прва, за да испадне "фраер"- како еве она дојде да се поздрави, не јас! Се е можно. Не те напаѓам, го почитувам твоето мислење,но сепак и да отиде, ништо повеќе не може да изгуби!
Аватар на корисникот
Peperutka90

Зелено цветче
 
979597
Мислења: 848
Зачленет: 21 Мар 2010, 00:36
Локација: somewhere on the planet Earth
Act like a LADY, think like a BOSS

Мислење 28 Апр 2011, 01:33

значи по телефон и со викање ништо не се решава поготово ако не си видела со свои очи треба да сватиш дека денес лугето се толку злобни што ако видат дека малку ти е убаво ке пробаат на секој можен начин да го уништат тоа пробај со советот на пеперутка нема ништо да изгубиш ти посакувам среќа :)
Аватар на корисникот
badem4e

Сино цветче
 
5267
Мислења: 211
Зачленет: 27 Апр 2011, 21:32

Мислење 28 Апр 2011, 07:26

да во ред е и јас се сложувам со тебе дека ако се појави најложата варијанта е да си го повреди егото а егото во споредба со љубовта . оф па не се споредува за љубов правиме се. Но сметам дека со тоа само можат да расчистат некој работи, а и колку би расчистиле пред тргање???? подобро ете ајде да се видат ден два пред да иде да му се јави? но што тој во германија таа тука за евентуална врска дури после враќање девојчево немала доверба додека е тој тука, па ќе збесне од љубомора додека е таму.... меѓутоа како викаат за проба пари не земаат па нека проба љубов и се е можно се разбира јас и ја пуштам најголемата среќа но некако се ми изгледа нереално нивното смирување и само реално и ги отворам картите
Аватар на корисникот
karak

Жолто цветче
 
19781926
Мислења: 2407
Зачленет: 11 Апр 2010, 18:09
понекогаш и празниот лист кажува многу
Слика

Мислење 28 Апр 2011, 14:00

Peperutka90 .. да ,имаме заеднички пријатели незнам точно кога ќе си замине но можам да дознаам..али како ќе се појавам пред него?После се што згрешив и неговото игнорирање во дискотеката ... Незнам ;( Од една страна неможам ништо да сторам а од друга знам дека ќе се каам ако не направам нешто..Ох толку ми е тешко ;(
Аватар на корисникот
poizon

Фем почетничка
 
320
Мислења: 34
Зачленет: 31 Јан 2011, 20:45
<3 To love is nothing... Te be loved is something... To love and be loved is everything <3

Мислење 28 Апр 2011, 15:06

Мислам дека дечкото свртел нов лист во животот или поточно те заборавил, мислам дека и треба истото да го направиш, може ќе речеш што ми пишува оваа па јас го сакам премногу, но времето ќе покаже обратно и времето е лек за сите рани.
Прикачени фајлови
50c84b8ac37f8829f4cdde696e5d56b9.gif
Секој терба да ја почуствува љубовта но не и главата да ја загуби!
50c84b8ac37f8829f4cdde696e5d56b9.gif (55.54 KiB) Разгледано 1290 пати
Аватар на корисникот
love23

Зелено цветче
 
695583
Мислења: 563
Зачленет: 08 Дек 2010, 12:01
Не го прави она што не сакаш да ти го прават!
Слика

Мислење 28 Апр 2011, 17:35

Незнам,можеби..можеби и не...Сеуште се надевам на него..Точно тоа дека времето е лек за сите рани,поминаа 2 месеци од нашата разделба а јас болката ја чуствувам како вчера да било.Немам сила ни желба за ништо,едвај одам и научилиште,знам дека не треба така да правам ама ете..неможам неможам да се приберам.Ги одбегнувам местата кај што сме оделе,бегам кога ќе слушнам наша песна..Се правам за да не заплачам но џабе..Мислам дека никој не ме разбират. .... . .. .
Аватар на корисникот
poizon

Фем почетничка
 
320
Мислења: 34
Зачленет: 31 Јан 2011, 20:45
<3 To love is nothing... Te be loved is something... To love and be loved is everything <3

Врати се на Разделби

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 1 гостин

Site Meter