сакам да поделам мое љубовно искуство што ми се случи на т.н стари години,ама нели поговорката е никогаш не е касно да се сака страсно...имам 46 год и веќе 28 год во брак...имав одличен брак првите 25 год,за последните 3 год мојот сопруг одеднаш стана љубоморен и посесивен..тука кумуваше и моето вклучување во невладина женска орхганизација,и така почнаа состаноци,едукации,семинари,почесто бев надвор од дома(што се до тогаш не бев),сопругот подлегна под она македонско мислење дека сите семинарки нели одат да се курваат и сл..психичкиот притисок беше неиздржлив... посакав друг маж кој ќе ме сака и почитува.. така тргнав да ја барам таа моја замислена љубов онлине...и се случи..првин започна со допишвање,па слушање на тел и после 6 месеци контакт средба..уште кога го видов знаев дека тоа е она вистинското,беше помлад од мене,(јас бев 43 год тој 34)имаше најубави очи на свет,не бевме од ист град ама сепак бевме блиску и стартувавме,со тајни состаноци,пораки на тел,секој слободен момент да бидеме заедно...ме одушеви и што не инсистираше на водење љубов скоро 1 и пол год.мене изненадно миизлезе понуда да работам странство,јас заминав 10000км од него ама тоа не беше пречка за нашата љубов,продолживме со контакт,скајп,фб ,камери и сл.. нашето и прво водење љубов се случи во Iстанбул до каде тој ме испрати на пола пат..летав едноставно,бев на седмо небо..и се случи господ да го донеси и него во земјата кај со бев јас,пресреќни почнавме со планови за заеднички одмори и сл...молчешкум се договоривме да ги оставиме своите фамилии и да продожиме заедно....2 год преубава љубов за која сонвав,успеав да ја имам...полека дома почнав да ги припремам моите синови дека бракот со татко им е готов не можам да бидам жртва,дека сакам себе си да си се посветам..и тогаш јануар 2012 год јас бев дома на одмор случајно го чекав мојот најмил да се вклучи на скајп,ајде вика да видам кои луѓе се на фб.откривам негови лажни профили,пораки од тип цуцо ,мацо,преубава си,секси и сл,пушти камера да ти ги видам очињата и сл,размена на слики од вете страни...бев шокирана,зарем мојот најмил е ова????побарав од него објаснување,ладно ми одговори дека тоа се само пријателки и нормално е така да се однесува со нив.....не,за мене беше виртуелно неверство...така почна нашата мора... довербата беше скршена,почнаа лаги,како јас сум единствената з анего,ме сака најмногу се е друго онлине безврска и сл..не можев да пројдам преку тоа...јас отсекогаш бев искрена со него,договор беше да си иамме онлајн пријатели,ама еден со друг да си знаеме шо и како се случува,да нема тајни...е па премногу летнав,верував и бев слепа..еве веќе 1 год,сме ту на топло ту на ладно,за до ред4 мес не ми пукна(откако повторно фатив тјани љубовни пораки) и реков доста беше... не сакам д аме газат да ме клаваа како резерва,тој онака прозирно се обидуваше повторно д аме придобие ама јас реков точка...нема поќе...мислам дека вреди да се борием за љубовта,ама само за онаа која е на јака доверба,и со права личност,,,јас вервам во љубов,повеќе не ја барам,ќе чекам да ме најди,,,што е мое ќе си дојди....