Амерички крофниПотребни состојки:1 Шекер лажичка/ки
1 парче пециво
200 милилитри Млеко
2 кесички Ванилин Шеќер
200 грама Брашно
2 Јајца
Се матат јајцата. Постепено се додава шеќерот и ванилата.
Кога јајцата убаво ке бидат изматени, се намалува брзината на миксерот,
постепено се додава млекото наизменично со брашното и 1 прашок за пециво.
Од брашното ставаме по потреба (не мора точно како што е назначено, може и повеќе)
се додека не се добие густо тесто (отприлика како за мекици)
Се пржат веднаш, во врел зејтин. Со мало лажиче се обликуваат во форма на топче.
Нема да коментираме колку се вкусни, зашто ова е трет пат како ги правиме и едвај успеавме да ги сликнеме пред да се изедат
Амерички палачинкиПотребно:3 jaјца
250g брашно
1,5dl јогурт или кисело млеко
2,5dl млеко
2 лажици шеќер
1 лажица сол
2 лажици прашок за пециво
Подготовка:Состојките ги мешаме и ги оставаме да стојат 10 минути па ги печиме во тавче. Ги премачкуваме со џем, мед или било што друго вам што ви се допаѓа.
Палачинки со фил од ванилаЗа крем- 500 мл млеко
- 100 гр шеќер
- 1 пудинг од ванила
- 100 гр мелени ореви
- 2 ванилини шеќери
- 50 гр путер
- 50 гр шеќер во прав
за тесто- 250 гр брашно
- 1 јајце
- 3 дл вода
Во тенџере ставаме 1/2 литар млеко, а во мензурата ставаме 1 децилитар. Тенџерето го ставаме на оган. Во млекото додаваме 100 гр шеќер, промешуваме и оставаме да зоврие. Во меѓувреме во мензурата со млеко додаваме пудинг и промешуваме. Во садот за матење ставаме 1,5 дл. вода. Кршиме едно јајце, го ставаме во садот и матиме со миксер. Потоа кон смесата го додаваме брашното и продолжуваме да матиме со миксерот.
Откако млекото ке зоврие, смесата за пудинг полека ја истураме во тенџерето и непрекинато матиме со жица за матење на тивок оган. Кога смесата ќе се згусне, го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Го оставаме пудингот да се излади. Потоа тавата на која ќе ги пржиме палачинките ја премачкуваме со масло за јадење. Кога тавата доволно ќе се загрее, смесата за палачинки ја истураме во неа. Откако палачинката ќе се испече од една страна, ја превртуваме да се испече и од другата страна. Кога ќе се испече и од другата страна, палачинката ја ставаме на една чинија. Истото го правиме додека не ја потрошиме смесата за палачинки.
Откако пудингот ќе се излади го истураме во сад за матење. Додаваме 50 гр. путер и со миксер матиме смесата да се соедини. Потоа ги додаваме мелените ореви. Матиме со миксер. Кога филот е готов, започнуваме со филувањето на палачинките. Од филот нанесуваме на палачинката и го размачкуваме на една половина од неа. Најпрво ја превиткуваме на половина, а потоа и на четвртина. Филуваните палачинки ги редиме на чинијата.
_________________________________________________________________________________________________________
вчера јас и мајка ми правевме амерички крофни,и испаднаа мноогу вкусни!
еве рецепт:
1 лажичка шеќер
1 пециво
200 мл млеко
2 кесички ванилин шеќер
200 грама брашно
2 јајца
Се матат јајцата.Постепено се додава шеќерот и ванилата.кога јајцата убаво ке бидат изматени,се намалува брзината на миксерот,и постепено седодава млекото неизменично со брашното и 1 прашок за пецво.од брашното се става по потреба( не мора точно какошто е нанзачено,може и повеќе)се додека не се добиегусто тесто(отприлика како за мекици)
Се пржат веднаш,воврел зејтин.сомало лажиче се обликуваат во форма на топче.После се става шеќерво прав и чоколаден прелив.
значи мој коменатр за рецепвов:МЊАМ!!!

фала trendafilka!
