феминки дали јадете јајца и колку? мислите дека се здрави? јас порано повеке јадев,скоро секој ден,ја јадев белката,жолчките ги вагав,ставав вегета,киселина и малку масло, и мислам кога јадев јајца повеке бев послаба кажете вие како ги јадете?некои рецепти за салати?јас знам само да ги пржам и само салата со киселина и масло се надевам ви се допага темава
Јас само варени не ги јадам, посебно жолчката не ја поднесувам. Инаку ги сакам и на око со пожива жолчка за макање , или пржени /матени со печурки, шунка , или пак пржени со сирење и печени пиперки ....
Варени, пржени, со оцет, пржени со сирење, пржени со пиперки. Скоро секој 2 ден јадам. Јајца пржени и ајварче ммм
Јас не ги сакам пржени , многу ми се мрсни, ама затоа варено многу сакам, и јас ги јадам со вегета и оцет. Особено за Велигден
Не ги сакам,од никогаш не сум сакала да јадам јајца.Они ми се само за ептен вонредни ситуации,кога ама баш нема што да јадам
Јадан јајца, варени, пржени...и можам да кажам за нив дека треба да се јадат и дека се здрави бидејќи се богати со протеини.
Јајцата колку се здрави толку можат и да се штетни и јас имам читано дека 2 јајца се доволни за цела недела, а исто така и содржат мн холестерол поготово жолчката
Јадам секакви јајца,преку два-три дена Ги обожавам...Знам да си испржам кајгана,омлет,на око,да сварам...Инаку обожавам јајца и исецкани пиперчиња целото заедно промешано и испржено или пак јајце со коцки колбасчиња целото заедно испржено.Често си правам ваков ручек
Варени јајца сакам, но некако белката не можам да ја јадам. Пржени ги сакам со сиренце или кобасички исечкани на помали парчиња. Знам и сама да си спржам и да не сум ги погодила не се жалам. Сакам и кога се варени и на кругчиња исечени и одозгора со оцет.
Периодично е кај мена тоа, некогаш ги сакам некогаш не! Ете во последно време јадам скоро секој ден пржени јајца на око со пожива жолчка! Ги јадам и варени а матени (кајгана) не ми се баш вкусни! Има периоди кога воопшто не ми текнува да си спремам јајца за јадење!
Не сум некој љубител на јајца, најчесто ги јадам варени. Затоа ќе ви кажам еден минирецепт, може и го знаете: Јајца колку што ви се јадат Мајонез кисели краставички кари Јајцата се варат, се сечат на половина, се вади жолчката и во сад со многу ситно сечкани краставички и мајонез се пасира.Кога смесата ќе се соедини , со мало лажиче се зема од смесата и се полнат белките. Озгора се наросува кари. Многу е вкусно, а може да послужи и за декорација, кога сервирате сувомеснати производи
Јадам јајца секакви. Варени, на око, кајгана, салата од варени. мх мх мх Жолчката повеќе ја сакам, со солца. Милина А кајгана со доматче почест ручек/поручек
Обично јадам пржено јајце на кое додавам малку вегета и една голема лажица пресно млеко. Млекото не менува на вкус, ама го прави јајцето како сунгер меко, а вегетата му дава посебен шмек. Јадам и варени јајца, обично со некои додатоци како салата, ама на око имам само еднаш пробано и никогаш повеќе
Јајца ОБОЖАВАМ. Порано ги јадев премногу често, сега не толку. Најмногу ги сакам пржени на око, и тоа жолчката да биде недопржена и да се разлева, па да ја макам со леб. Ммммм.... Кога сум била ептен малечка на мајка ми сум и‘ викала Сакам јајце на око недоварено со макана
И јас ги сакам вакви, ама посипани со буковска пипер... малку да ме излутат де Варени не ги сакам, ама ги јадам во салати, а доста често правам омлети со различни состојки, како ќе ми дојде инспирација
Најубаво ми е јајце на око со пожива жолчка за макање и со бибер одозгора ммм прсти да излижеш мала кога бев многу јадев сега помалку бидејќи штетно е многу холестерол има жолчката како и да е- си користам јајца често понекогаш од жолчката си правам маска за коса а од белката шлаг многу економична сум