Како вие ги приготвувате јуфките? Некој посебен рецепт за нив? Јас прво ги варам па потоа во тавче ставам зејтин се загрева и ставам една шака јуфки ги пржам па ги претурам во тенџерето со останатите, ги оставам така да се поварат уште 5 минути и се превкусни.
се редат јуфки во тавче за печење,ред јуфки малку зејтин и сирење,па пак ред јуфки и зејтин и сирење и се така додека го наполниш тавчето.потоа го ставаш тавчето да се потпече во рерна,така да малку да заруменат јуфките.пред тоа ќе зовриеш вода и одкако ќе поруменат јуфките зовриената вода ја истураш во тавчето со јуфки кои што треба да бидат покриени со водата.се печат додека да изврие водата и потоа можат да се конзумираат.вкусни се кој сака нека проба.
Ауу син ми во последно време како термит е кога се јуфките во прашање, според него уфки, уфки Јас си ги правам на наједноставниот можен начин... ги пропржувам на масло, да заруменат, треба да се меша постојано за да не загорат, ги прелевам со вода, да се залијат, ги посолувам и варам додека не испари целата вода. Со сиренце и кисело млеко, ммм и јас не останувам рамнодушна
Мајками преубави ми ги прави најпрво ги реди губите во тепсија и ги печи на рингла со малку масло,додека не заруменат ,и после им турива вода и ги остава на ринглата да си се варат во тепсивчето,кога ке се намали водата и добро кога ке изварат ги трга става сирење и кога ке се стопи сирењето мх мх преубави се навистина
Обожавам јуфки! Сите кои ги пробале онака како што ги правам ги пофалиле... Знам дека им се допаднале затоа што многу пати после пробувањето побарале пак да им зготвам. Освен приготвувањето, важно е од кој производител ќе купите јуфки. Тетовски јуфки имате во секој маркет или продавница, побарајте го пакувањето. Во тава ќе ставите зејтин прво и ќе ги запржите на тивко. Повеќето треба да добијат кафеавкаста боја, никако црна После ги полевате со вода колку да се покријат, значи не до врв од тавата. Ако се запржат пред варењето, зејтинот не дозволува да се лепат. Обично и кога се варат шпагети се става малку зејтин.
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи Во тенџерче ќе зовриеш вода со сол. Во тавче ќе ги пропржиш малку јуфките, да заруменат, ги попаруваш со зовриената вода со сол, да дојде нивото на водата малку над нив, за да не ти бидат премногу разварени. Ги ставаш во заграна рерна и ако сакаш од време на време ги пормешуваш(јас не ги мешам). Брзо и едноставно. Bon appetit
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи Одкако ќе ги свариш јуфките во вода со малку сол,ги редиш во тавиче за печење половина од нив,па на средина можеш да ставиш малку сирење па озгора другата половина од јуфките,ги печеш на 200 степени 8-10 минути и ги вадиш и им ставаш 1-2 матени јајца озгора и ги допечуваш уште 5 минути,јуфките се заруменуваат и се многу вкусни ручек за половина час ммм...
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи Ставаш јуфки во тавче за печење и ги попрскуваш со малку масло. Ги ставаш во загреана рерна да поруменат тие врз кои паднало маслото. Во меѓувреме во тенџерче загреваш вода со сол и малку масло колку да ти ги прелие јуфките (околу 1 центиметар над нив) Кога ќе поруменат го вадиш тавчето од рерна, и врз нив ја полеваш претходно зовриената вода. Враќаш пак да се пече се додека “не си ја земат водата“ и тоа е тоа. Додека да го пратам мислењето- два различни начини, ќе те збуниме сега
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи ^Хехех,ама да знаете откако го прочитав првото веднаш ги ставив,а другите начини нареден пат Тенк ју
Во солена вода што врие додавам зависно колку сакам да зготвам јуфки да се варат. Претходно не ги запржувам или нешто слично. Кога ќе видам дека се омекнати, ја истурам водата и ги запржувам со загреано масло во кое имам додадено ситно искршена јуфки. Чекам да ја сменат бојата кон црвенкаста па ги додавам кај варените. На страна кршам сирење и матам едно јајце заедно со сирењето. Го додавам сето ова кај уште жешките јуфки и ги вракам на рингла мешајќи постојано додека сиренцето и јајцето не се соединат со јуфките.
Јас само си ги варам и после тоа рендам сирење. Стандард. Превкусно е, башка таман студентско јадење.
За губи прајме муабет? 1. Варени со сирење 2. Малце потпечени во тавче, па вода за да се сварат + вегета И да, студентско јадење No.1 заедно со макароните
Ги варам, ги цедам, ги ставам во некое тавче, им додавам сирење, масло, малце јогурт и јајце, се потпечува некаде 10минутки и готовоо вкусни се, јас сум манијак по тестенини
Јас ставам во тенџере да се зоврие вода во неа ставам масло и сол , во загреана тепција ставам од јуфката и ја потпекувам во рерна , кога ке стане румена ја полеам со зовриената вода и ја враќам во рерна додека да се свари и да испари водата Потоа рендам сирење одозгоре
најчесто ги пецам малце во рерна со малце масло и потоа турвам варена вода и да се варат така и потоа може малце маст...
никој нема јадењо јуфки со црвен пипер? ауу нешо најубаво одкако ке се потпече јуфката во некое тавче ставате малце зејтин да зоврие убаво и кога ке зоврие му турате една лажица црвен пипер и со тоа ја попарете јуфката наместо со вода и ја вракате во релна уште неколлку минути и утепајте се од јадење нема нешто поубаво ви препорачувам на сите да пробате и после тоа само така ке си ја правите
Не е активна темата подолго време гледам. Ме интересира некој дали знае каде можам да купам од оние рачните машини за правење јуфки? Знам порано купуваа, баба ми има, ама не знам кај би можела да најдам и дали уште се продаваат.
Се продаваат, секако. Обично ги има во такви пластичарски продавници каде има инвентар за во кујни и балкони, мислам дека ме сфати на кои дуќани целам.