ТЕМА: Јуфки

Мислење 03 Јан 2011, 16:31

Како вие ги приготвувате јуфките? Некој посебен рецепт за нив?
Јас прво ги варам па потоа во тавче ставам зејтин се загрева и ставам една шака јуфки ги пржам па ги претурам во тенџерето со останатите, ги оставам така да се поварат уште 5 минути и се превкусни.
Аватар на корисникот
nedzma

Зелено цветче
 
176166
Мислења: 677
Зачленет: 01 Окт 2010, 18:13
Никогаш не е премногу доцна да бидеш тоа што си можел да бидеш!

Мислење 03 Јан 2011, 17:16

се редат јуфки во тавче за печење,ред јуфки малку зејтин и сирење,па пак ред јуфки и зејтин и сирење и се така додека го наполниш тавчето.потоа го ставаш тавчето да се потпече во рерна,така да малку да заруменат јуфките.пред тоа ќе зовриеш вода и одкако ќе поруменат јуфките зовриената вода ја истураш во тавчето со јуфки кои што треба да бидат покриени со водата.се печат додека да изврие водата и потоа можат да се конзумираат.вкусни се кој сака нека проба. :*
Аватар на корисникот
stilas7

Зелено цветче
 
230837
Мислења: 632
Зачленет: 06 Јул 2010, 15:06
Nisam Angeo ja,ali mogu da probam da budem.

Мислење 29 Мај 2011, 21:43

Ауу син ми во последно време како термит е кога се јуфките во прашање, според него уфки, уфки :D
Јас си ги правам на наједноставниот можен начин... ги пропржувам на масло, да заруменат, треба да се меша постојано за да не загорат, ги прелевам со вода, да се залијат, ги посолувам и варам додека не испари целата вода.
Со сиренце и кисело млеко, ммм и јас не останувам рамнодушна :lol:
Аватар на корисникот
rainlover

Зелено цветче
 
562456
Мислења: 942
Зачленет: 23 Јун 2010, 21:59

Мислење 29 Мај 2011, 21:48

Мајками преубави ми ги прави :lol:
најпрво ги реди губите во тепсија и ги печи на рингла со малку масло,додека не заруменат ,и после им турива вода и ги остава на ринглата да си се варат во тепсивчето,кога ке се намали водата и добро кога ке изварат ги трга става сирење и кога ке се стопи сирењето мх мх преубави се навистина :D
Аватар на корисникот
lovely91

Сино цветче
 
2391469
Мислења: 484
Зачленет: 05 Јан 2010, 00:24
Локација: On the moon ^-^
no expectations - no disappointments!

Мислење 29 Мај 2011, 21:55

Обожавам јуфки!
Сите кои ги пробале онака како што ги правам ги пофалиле...
Знам дека им се допаднале затоа што многу пати после пробувањето побарале пак да им зготвам.
Освен приготвувањето, важно е од кој производител ќе купите јуфки.
Тетовски јуфки имате во секој маркет или продавница, побарајте го пакувањето. Во тава ќе ставите зејтин прво и ќе ги запржите на тивко. Повеќето треба да добијат кафеавкаста боја, никако црна :)
После ги полевате со вода колку да се покријат, значи не до врв од тавата.
Ако се запржат пред варењето, зејтинот не дозволува да се лепат. Обично и кога се варат шпагети се става малку зејтин.
Аватар на корисникот
SexiLy

Сино цветче
 
394416
Мислења: 204
Зачленет: 27 Апр 2011, 20:10
Локација: Скопје, на 5ти.
Трудот да бидеме подобри личности, единствено ќе не натера да се бориме со притисокот и да попуштиме под истиот...

Мислење 05 Мар 2012, 14:06

Kaко се прави потпечена јуфка?
Аватар на корисникот
eli25

Жолто цветче
 
45535819
Мислења: 1734
Зачленет: 19 Сеп 2010, 16:46
Локација: Under the same sky,dreaming the same dream.

Мислење 05 Мар 2012, 14:09

eli25 напиша:Kaко се прави потпечена јуфка?

Во тенџерче ќе зовриеш вода со сол. Во тавче ќе ги пропржиш малку јуфките, да заруменат, ги попаруваш со зовриената вода со сол, да дојде нивото на водата малку над нив, за да не ти бидат премногу разварени. Ги ставаш во заграна рерна и ако сакаш од време на време ги пормешуваш(јас не ги мешам). Брзо и едноставно. :) Bon appetit
Аватар на корисникот
Bajaderka

Сино цветче
 
7174
Мислења: 150
Зачленет: 24 Јан 2010, 20:45
WHEN YOU GOT NOTHING TO LOSE
THAN BABY YOU GOT IT ALL

Мислење 05 Мар 2012, 14:12

Одкако ќе ги свариш јуфките во вода со малку сол,ги редиш во тавиче за печење половина од нив,па на средина можеш да ставиш малку сирење па озгора другата половина од јуфките,ги печеш на 200 степени 8-10 минути и ги вадиш и им ставаш 1-2 матени јајца озгора и ги допечуваш уште 5 минути,јуфките се заруменуваат и се многу вкусни ручек за половина час ммм...
Аватар на корисникот
soncenceto.matea

Сино цветче
 
47133
Мислења: 210
Зачленет: 21 Фев 2012, 14:02
Локација: Скопје

Мислење 05 Мар 2012, 14:14

eli25 напиша:Kaко се прави потпечена јуфка?

Ставаш јуфки во тавче за печење и ги попрскуваш со малку масло.
Ги ставаш во загреана рерна да поруменат тие врз кои паднало маслото.

Во меѓувреме во тенџерче загреваш вода со сол и малку масло колку да ти ги прелие јуфките
(околу 1 центиметар над нив)

Кога ќе поруменат го вадиш тавчето од рерна, и врз нив ја полеваш претходно зовриената вода.
Враќаш пак да се пече се додека “не си ја земат водата“ и тоа е тоа. :)

Додека да го пратам мислењето- два различни начини, ќе те збуниме сега :D
sesilija

Жолто цветче
 
71175392
Мислења: 3417
Зачленет: 12 Јан 2010, 00:24

Мислење 05 Мар 2012, 14:31

^Хехех,ама да знаете откако го прочитав првото веднаш ги ставив,а другите начини нареден пат :)
Тенк ју :)
Аватар на корисникот
eli25

Жолто цветче
 
45535819
Мислења: 1734
Зачленет: 19 Сеп 2010, 16:46
Локација: Under the same sky,dreaming the same dream.

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: The.Pink.Angel и 28 гости