ТЕМА: Колачи

Мислење 04 Дек 2011, 15:57

Руски капи

4 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици брашно
1 лажица какао
пола пециво
Состојките се мешаат и се подготвува тесто. Тестото се пече во четвртасто тавче. Кога ќе биде испечено, со калап во форма на круг или мала чаша се сечат кругови од тестото.



Фил:

500 мл млеко
300 гр шеќер
6 лажици густин
1 ванила
Состојките се мешаат и се добива смеса како пудинг. Со филот се лепат по 2 форми, се мачкаат со филот и по страните, потоа се валкаат во кокос. Одозгора се мачкаат со растопено чоколадо и се украсуваат со шарени мрвици.

*Рецептот јас го користам, а го најдов на интернет. :)
Аватар на корисникот
Emma89

Жолто цветче
 
410421
Мислења: 1251
Зачленет: 11 Апр 2010, 11:33

Мислење 12 Дек 2011, 13:26

Девојки ако можете да ми кажете некој рецепт за оние колачиња што се вадат со модли, на пр.чајни колачиња? Купив модли со секакви новогодишни фигури, елки, еленчиња,дедо мраз.... ама немам ниту еден рецепт
Аватар на корисникот
Evellyn

Бело цветче
 
13775
Мислења: 61
Зачленет: 23 Мај 2011, 15:57
Локација: Beograd
Kариерата е убава работа,но таа неможе да те стопли во ладните ноќи...

Мислење 12 Дек 2011, 13:45

Evellyn напиша:Девојки ако можете да ми кажете некој рецепт за оние колачиња што се вадат со модли, на пр.чајни колачиња? Купив модли со секакви новогодишни фигури, елки, еленчиња,дедо мраз.... ама немам ниту еден рецепт

Ќе ти пишам неколку варијанти а малтене тестото е исто
Тесто - 1 маргарин или 300гр маст (некој и со маст ги прави а убави се), 4 јајца, 1 шоља за чај шеќер, 1 пециво, 1 ванила и кора од лимон, брашно по потреба али некаде околу 700гр-1кг зависи до брашното и не многу тврдо тесто
Прва варијанта е да додадеш 100гр кокос внатре
Втора варијанта е да во еден дел додадеш какао па правиш црно бели свет :D
Трета варијанта според мене и највкусна да додадеш околу 300гр сецкани ореви
Печеш во релна околу 20-30 мин кога малку ќе поруменат и одозгора им солам јас шеќер во прав.
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
34562155
Мислења: 3688
Зачленет: 27 Дек 2009, 00:31

Мислење 12 Дек 2011, 23:34

Evellyn напиша:Девојки ако можете да ми кажете некој рецепт за оние колачиња што се вадат со модли, на пр.чајни колачиња? Купив модли со секакви новогодишни фигури, елки, еленчиња,дедо мраз.... ама немам ниту еден рецепт

Од каде ги купи модлите? Јас сакам нешто со ваква декорација да пробам.
А, Славица, дали ова твоево тесто може да се употреби за вакви колачи?

6488555053_84ec1c9603_b.jpg
6488555053_84ec1c9603_b.jpg (182.16 KiB) Разгледано 933 пати
Аватар на корисникот
Peppermint

Зелено цветче
 
32294006
Мислења: 646
Зачленет: 17 Јан 2011, 18:56
Локација: Во мојот топол дом
The grand essentials of happiness are: something to do, something to love, and something to hope for.

Мислење 13 Дек 2011, 01:20

Од Грција,од Икеа. ама мислам дека има и кај нас, во Струмица ми рекоа дека имало слични некои во вицко,може има и во ск
Аватар на корисникот
Evellyn

Бело цветче
 
13775
Мислења: 61
Зачленет: 23 Мај 2011, 15:57
Локација: Beograd
Kариерата е убава работа,но таа неможе да те стопли во ладните ноќи...

Мислење 13 Дек 2011, 09:41

Peppermint напиша:
Evellyn напиша:Девојки ако можете да ми кажете некој рецепт за оние колачиња што се вадат со модли, на пр.чајни колачиња? Купив модли со секакви новогодишни фигури, елки, еленчиња,дедо мраз.... ама немам ниту еден рецепт

Од каде ги купи модлите? Јас сакам нешто со ваква декорација да пробам.
А, Славица, дали ова твоево тесто може да се употреби за вакви колачи?

6488555053_84ec1c9603_b.jpg

Moже, тоа е тоа бисквитно тесто за такви колачиња. Такви модли имаш и во Тинекс, Веро...Хубо Маркет, баш пред некој ден ги гледав. Имаш пластични и метални, металните се поквалитетни ;)
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
34562155
Мислења: 3688
Зачленет: 27 Дек 2009, 00:31

Мислење 13 Дек 2011, 12:05

Интересни модли имате и во Џамбо, за 80-тина денари.
Метални се, во форма на срце, ѕвезда, кругче, елка и уште нешто, не памтам баш.
Баш ги гледав пред една недела. На втор спрат, кај што стојат тие тракатанците за во кујна. :)
Аватар на корисникот
starfish

Жолто цветче
 
94381879
Мислења: 4600
Зачленет: 31 Јан 2010, 22:50
Слика

Hiljadu necijih srecnih casaka bice kao ovaj, ali ovaj nikada više.
Hiljadu tudjih ljubavi bice kao ova, ali ova nikada više.
Nikada: jedina konacnost.

Мислење 14 Дек 2011, 10:02

Еве рецепт за еден вкусен домашен СНИКЕРС

500 грама кикирики (300 грама се толчат, 200 грама се мелат). Јас купувам печени и излупени и за да им падне солта ги ставам во вода, ги истиснувам од водата и малку ги запечувам.
300 грама мелени бисквити
На шпорет ставате да се растопи еден путер (може и Кристал маргарин) со 4 лажици шеќер во прав. Откако ќе се растопи ги истурате кикириките и мелените бисквити во оваа смеса, промешувате и тргате од шпоретот. На шпоретот после ставате отприлика 1 чаша вода со 3 лажици шеќер да зоврие. Тоа го додавате во претходната смеса и тоа е да се разводени малку. Сето тоа го истурате во правоаголен сад, го оформувате и го оставате да олади. Во меѓувреме, го правите филот во кој ставате 1 чоколадо да се растопи, малку од путерот (или Кристал маргаринот) и 3-4 лажици млеко. Го оставате филот малку да се олади и го истурате врз претходно оладената направена смеса.

Да напоменам дека овој рецепт не се пече, се обликува по желба и се сече по желба. Јас го сечам на коцкички ко бајадери :-)
Аватар на корисникот
Jeny

Сино цветче
 
217130
Мислења: 342
Зачленет: 01 Дек 2011, 13:25
HTML • Image URL • Blogger • Friendster • hi5 • MSN • MySpace • Facebook • Wordpress • Google Plus • iGoogle • Hyves

Мислење 14 Дек 2011, 14:46

Peppermint напиша:
Evellyn напиша:Девојки ако можете да ми кажете некој рецепт за оние колачиња што се вадат со модли, на пр.чајни колачиња? Купив модли со секакви новогодишни фигури, елки, еленчиња,дедо мраз.... ама немам ниту еден рецепт

Од каде ги купи модлите? Јас сакам нешто со ваква декорација да пробам.
А, Славица, дали ова твоево тесто може да се употреби за вакви колачи?

6488555053_84ec1c9603_b.jpg

Дали може некој да пише ако знае начини како да се украсуваат вакви колачи? Баш се интересни за мали дечиња,таман да ги изненадам моите внукички? Пишете :*
Аватар на корисникот
Emma89

Жолто цветче
 
410421
Мислења: 1251
Зачленет: 11 Апр 2010, 11:33

Мислење 14 Дек 2011, 16:02

Какао-топчиња

Состојки:
2 лажици какао
300 гр. мелени бисквити
1 кесичка суво грозје
1 чаша густ сок
1 јајце
250 гр. шеќер во прав
1 маргарин
кокосово брашно

Подготовка:
1. Во длабок сад ставете ги мелените бисквити и сувото грозје и измешајте.
2. Додадете 2 лажици какао, постепено додадете го сокот и измешајте ја смесата.
3. Додадете го јајцето.
4. Во тенџере на оган ставете го маргаринот и шеќерот во прав. Мешајте се додека состојките не се соединат. Потоа ставете го маргаринот врз останатата смеса и оставете да се излади.
5. Откако смесата ќе се излади, формирајте топчиња и направете ги со кокосово брашно. :lol:
Аватар на корисникот
Angie.97

Сино цветче
 
140
Мислења: 109
Зачленет: 17 Авг 2011, 15:08
Локација: Скопје
Вистината е најдобро да се гледа во очите.:]

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Macufka1014 и 23 гости