ТЕМА: Колачи

Мислење 14 Дек 2011, 16:02

Emma89 напиша:
Peppermint напиша:
Evellyn напиша:Девојки ако можете да ми кажете некој рецепт за оние колачиња што се вадат со модли, на пр.чајни колачиња? Купив модли со секакви новогодишни фигури, елки, еленчиња,дедо мраз.... ама немам ниту еден рецепт

Од каде ги купи модлите? Јас сакам нешто со ваква декорација да пробам.
А, Славица, дали ова твоево тесто може да се употреби за вакви колачи?

6488555053_84ec1c9603_b.jpg

Дали може некој да пише ако знае начини како да се украсуваат вакви колачи? Баш се интересни за мали дечиња,таман да ги изненадам моите внукички? Пишете :*

Со фондан од локум, го боиш со прехрамбени бои, за очиња бони топ бомбони, а и имаш готови мали топчиња, цветчиња срциња кои можеш да ги земеш од поголемите маркети. Како основа врз колачето можеш да ставиш топено бело чоколадо или црно па одозгора имај бујна фантазија ;)
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
34562155
Мислења: 3688
Зачленет: 27 Дек 2009, 00:31

Мислење 15 Дек 2011, 09:38

Колачи со ѓумбир

115гр. шекер
115гр. путер
175гр. брашно (пожелно е 30% да биде интегрално)
2 лажички ѓумбир
малку млеко (исклучиво по потреба, ако е пресуво тестото)

Замесете тесто, упорно месете го, додека се соедини.
Се остава во фрижидер да се стегни, околу 1час.
Потоа по желба се прават топчиња, или со модли се вадат колачиња.
Се печат 10-15 мин. во подмачкана тепсија, па се оставаат скроз да се оладат, без да се поместуваат.
По желба може да се украсат со глазура од шекер.

Слика
Слика
Аватар на корисникот
girl.23

Жолто цветче
 
16511750
Мислења: 2133
Зачленет: 02 Јул 2011, 11:09
"Čovjek samo srcem dobro vidi, bitno je očima nevidljivo."

Мислење 17 Дек 2011, 15:04

Може некој да ми каже некој рецепт за посни колачи?
Аватар на корисникот
Cacy

Жолто цветче
 
15265610
Мислења: 2244
Зачленет: 26 Јул 2010, 14:07
Локација: In my dreams!
If you never try,you would never know!

Мислење 22 Дек 2011, 11:57

девојки...го видов рецептот http://kulinar.mk/recepti/Kolac-so-krem-od-kafe.html
изгледа вкусно,само не ми е јасно колку време треба да се пече тестото..? :))
vampirka

Фем почетничка
 
00
Мислења: 1
Зачленет: 22 Дек 2011, 11:52

Мислење 22 Дек 2011, 12:10

Веројатно некои 30 минути, можеби и помалку. Вели ќе забележиш по тоа што крајчињата од пандишпанот ќе се одделат од тавата. Инаку за да си сигурна дека е готово користи една чепкалка. Збрцај ја во средината на тестото и извади ја. Доколку е сува чепкалката, значи внатре тестото е веќе печено.Ако не е, тогаш остави го уште неколку минутки.
Јас за никоја работа немам поима колку време ми треба, од око се печам и правам и така проверувам.
Аватар на корисникот
zhap4e

Жолто цветче
 
414913287
Мислења: 1804
Зачленет: 27 Мар 2011, 21:35
You ask me: why do you smoke? U talk&talk&talk, u never have a look at the clouds. U see, in Heaven, angels smoke too. They do get bored like me, like u. And if it's no stress, I guess It must be happiness that made'em send those lovely SOS

Мислење 22 Дек 2011, 15:42

slavica999 напиша:
Evellyn напиша:Девојки ако можете да ми кажете некој рецепт за оние колачиња што се вадат со модли, на пр.чајни колачиња? Купив модли со секакви новогодишни фигури, елки, еленчиња,дедо мраз.... ама немам ниту еден рецепт

Ќе ти пишам неколку варијанти а малтене тестото е исто
Тесто - 1 маргарин или 300гр маст (некој и со маст ги прави а убави се), 4 јајца, 1 шоља за чај шеќер, 1 пециво, 1 ванила и кора од лимон, брашно по потреба али некаде околу 700гр-1кг зависи до брашното и не многу тврдо тесто
Прва варијанта е да додадеш 100гр кокос внатре
Втора варијанта е да во еден дел додадеш какао па правиш црно бели свет :D
Трета варијанта според мене и највкусна да додадеш околу 300гр сецкани ореви
Печеш во релна околу 20-30 мин кога малку ќе поруменат и одозгора им солам јас шеќер во прав.

А наместо маст нешто друго може или не..од кај да најдам маст :^)
Аватар на корисникот
delvi

Сино цветче
 
38113
Мислења: 207
Зачленет: 24 Дек 2009, 18:55

Мислење 22 Дек 2011, 19:42

delvi напиша:
slavica999 напиша:
Evellyn напиша:Девојки ако можете да ми кажете некој рецепт за оние колачиња што се вадат со модли, на пр.чајни колачиња? Купив модли со секакви новогодишни фигури, елки, еленчиња,дедо мраз.... ама немам ниту еден рецепт

Ќе ти пишам неколку варијанти а малтене тестото е исто
Тесто - 1 маргарин или 300гр маст (некој и со маст ги прави а убави се), 4 јајца, 1 шоља за чај шеќер, 1 пециво, 1 ванила и кора од лимон, брашно по потреба али некаде околу 700гр-1кг зависи до брашното и не многу тврдо тесто
Прва варијанта е да додадеш 100гр кокос внатре
Втора варијанта е да во еден дел додадеш какао па правиш црно бели свет :D
Трета варијанта според мене и највкусна да додадеш околу 300гр сецкани ореви
Печеш во релна околу 20-30 мин кога малку ќе поруменат и одозгора им солам јас шеќер во прав.

А наместо маст нешто друго може или не..од кај да најдам маст :^)

ако немаш маст можеш да користиш кристал маргарин ;)
Аватар на корисникот
ljubicicaa

Жолто цветче
 
52897
Мислења: 1539
Зачленет: 14 Дек 2010, 23:16
Слика

Мислење 24 Дек 2011, 12:40

Еве и јас ќе ви кажам еден мој рецепт..Верувајте ако пробате нема да ги згрешите слатките,не се кој знае што но се премногу вкусни,изгледаат како бомбици но се уште повкусни од нив :)
*2 чоколади за готвење
*450г. бисквити
*крем бананчиња
*Густи сок (по ваш вкус)
*1 кеса шеќер во прав
*кокос
-Бисквитите се мелат,потоа во нив се додава шеќерот во прав,бананчињата се сечкаат на ситни парчиња и се додаваат,се додава малку сок (ама сосем малку,скоро на пола филџан),чоколадото се топи на пареа и се додава..На крај сето тоа добро се меша,се топенат рацете во млака вода и се зема по малку од тесто и се прават бомбици потоа се брбелаат во кокос.
Скриен текст: покажи
Немој да се чудите ако кога го правите тестото ви изгледа суво,тоа на суво се меси,и не додавајте повеќе сок оти нема да излезат тие слатки кои што треба да се :D
Аватар на корисникот
Ammy.Lee

Жолто цветче
 
20413085
Мислења: 1905
Зачленет: 31 Јул 2011, 16:56
Never compare your love story with those in the movies because yours is....?!
-Written by God.

Мислење 24 Дек 2011, 19:35

здраво и од мене ...
еве и јас да ви кажам еден рецепт за колачи
300гр фондант
300гр тааналва
300гр мелени ореви
Cето ова се замесува и се прават форми како прсти,а во средина се редат урми.потоа се валаат во мелени ореви и се сечат на половина ама накосо и изгледаат како очи.
Bерувајте превкусни се.....
поздрав
mare-k

Фем почетничка
 
00
Мислења: 4
Зачленет: 25 Ное 2009, 22:34

Мислење 26 Дек 2011, 18:43

slavica999 напиша:
Evellyn напиша:Девојки ако можете да ми кажете некој рецепт за оние колачиња што се вадат со модли, на пр.чајни колачиња? Купив модли со секакви новогодишни фигури, елки, еленчиња,дедо мраз.... ама немам ниту еден рецепт

Ќе ти пишам неколку варијанти а малтене тестото е исто
Тесто - 1 маргарин или 300гр маст (некој и со маст ги прави а убави се), 4 јајца, 1 шоља за чај шеќер, 1 пециво, 1 ванила и кора од лимон, брашно по потреба али некаде околу 700гр-1кг зависи до брашното и не многу тврдо тесто
Прва варијанта е да додадеш 100гр кокос внатре
Втора варијанта е да во еден дел додадеш какао па правиш црно бели свет :D
Трета варијанта според мене и највкусна да додадеш околу 300гр сецкани ореви
Печеш во релна околу 20-30 мин кога малку ќе поруменат и одозгора им солам јас шеќер во прав.

Славица да не се многу тврди овие колачиња? Јас имам правени слични со мед, и како камчиња испаднаа , па сега барам некои што ќе може да се гризнат :)
Аватар на корисникот
maja8

Жолто цветче
 
1334575
Мислења: 2249
Зачленет: 03 Јан 2010, 22:46

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 16 гости