ТЕМА: Пилешко и начини на подготовка

Мислење 04 Окт 2010, 00:39

Еве за Лиликта еден рецепт за пилешко во кари сос

Ви треба:
- Стек, неколку парчиња
- една хопла
- кари
- и масло или путер

Го сецкате стекот на малечки парчиња, и го ставате во тавче во кое претходно сте ставиле путер или масло. Потоа откако ке се зацрвени, и убаво се испржи му се става хоплата цела. Промешувате, и зачинувате со кари. Јас ставам една и пол лажичка кари. Потоа се пржи уште 5-10 минути и е готово.
Аватар на корисникот
Fearless

Зелено цветче
 
12941354
Мислења: 944
Зачленет: 30 Сеп 2010, 00:59
Локација: Planet Earth. Most of the time..
Gινє α gιяℓ тнє яιgнт ѕнσєѕ, αη∂ ѕнє ¢αη cσηqυєя тнє ωσяℓ∂...
Слика

Мислење 04 Окт 2010, 01:57

еве уште еден рецепт, мноооогу едноставен... :angel:

сецкаш пилешки стек (колку што сакаш) и ги пржеш нели ситните парчиња, и нормално ставаш вегета и сол (колку што мислиш дека е доволно).
во меѓувреме ја вариш златната мешавина (замрзнатиот зеленчук). откако ќе се свари (потребно околу 5 минути, си пишува и на пакетчето), ја истураш водата и целиот зеленчук го преместуваш во тавче со загреано масло, каде што ја попржуваш и исто ја зачинуваш со сол и бибер (јас малку повеќе бибер ставам за подобар вкус). откако ќе ја попржеш малку (додека се пржи ќе мешаш постојано, да не загори), ја додаваш на ситно испржениот стек, и заедно се пржат уште некоја минута за да си попримат од вкусот и да се соединат убаво.

и тоа е тоа :)
бон апетит :)
Аватар на корисникот
2468

Жолто цветче
 
26592344
Мислења: 4493
Зачленет: 23 Дек 2009, 22:22
Локација: Big apple...
Life isn't about finding yourself. Life is about creating yourself! Слика

Мислење 04 Окт 2010, 09:42

Еве уште еден рецепт од мене за пилешко во кари сос:
-пилешки гради(стек)
-печурки
-павлака
-кромид главица
-зачин,сол,бибер,кари
Пилешките гради(стекот) се сецка ситно и се пропржува во тавче да добие златеста боја.Настрана во друго тавче се пропржува ситно исецкан кромид,се додаваат печурки,откако ќе се пропржат се додава зачин или сол и бибер, павлаката и карито.Се промешува убаво додека се подзгусне сосот и во него се додава пропрженото пилешко.После во тавче за печење се става во загреана рерна да се потпече.Ова оди во комбинација со варен компир,пржен или со гарнир.Превкусно е! :)
Аватар на корисникот
julie77

Црвено цветче
 
101878257
Мислења: 5310
Зачленет: 02 Фев 2010, 15:31
Локација: Special land
Слика

Мислење 04 Окт 2010, 10:29

Проверено добар рецепт:

Печено пилешко со кари сос

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

- 1000 грама Пилешко
- 400 грама Печурки
- 200 милилитри Млеко
-малку Црн пипер
- малку Сол
- 30 грама Сенф
- 3 лажицци Мед
- 50 грама Путер
- 100 милилитри Зејтин
- 2 лажици Кари
- 20 грама Брашно
- 1/2 коцка супа

ПОДГОТОВКА:
Ги мешаме сенфот, медот и карито. Додаваме малку сол и бибер. Додаваме 200 мл. зовриена вода во која сме ја раствориле половината коцка супа.
Парчињата пилешко ги ставаме во тава и ги полеваме со зејтин. Преливот од зачини и супа го полеваме врз парчињата месо во тавата со месото.
Печеме 45-50 минути на 200 степени.
Во тавче за пржење го ставаме путерот, го додаваме брашното малку да се пропржи и непрекинато мешајќи го додаваме млекото.
Се вари додека бешамел сосот не ја добие потребната густина. Се додава пола лажичка кари во прав.
Во тавата со бешамелот ги додаваме шампињоните и преостанатиот сос од тавата каде се печеше месото и ги мешаме. Додаваме малку вода и го вариме додека не се подзгусне. Месото го ставаме на чинија и на крајот го полеваме со сосот или пак можеме да го ставиме месото директно во сосот и секому во чинијата да му сервираме од месото со сосот.
Аватар на корисникот
Nina24

Зелено цветче
 
301188
Мислења: 667
Зачленет: 25 Дек 2009, 16:32
Локација: Скопје

Мислење 18 Дек 2010, 12:55

Она Маги -сочно од рерна, навистина испаѓа многу вкусно... Башка лесно е да се подготви :)
Аватар на корисникот
maja8

Жолто цветче
 
1330575
Мислења: 2248
Зачленет: 03 Јан 2010, 22:46

Мислење 27 Дек 2010, 00:28

Имам пробано пилешко со кикирики во кинески ресторант вкусот беше преубав, пикантно, вкусно абе прсти да излижеш. Отприлика сфатив стек и кикирики (нормално) :lol: имаше малечки семки како од феферонки можеби луткото е поради тоа но црвената боја ме буни (има црвени феферонки?)
Сигурно додаваат посебни некакви кинески зачини но како и да е ќе пукнам ако не го дознаам рецептот. Бидејќи јадењево ако еднаш го пробате од памет нема да ви излезе. Па девојки ако некоја знае ве молам пишете. :)
Аватар на корисникот
bitter-girl

Зелено цветче
 
479312
Мислења: 558
Зачленет: 23 Дек 2010, 02:03
Слика

Мислење 28 Дек 2010, 10:26

се става лут кинески зачин-за жал тука во мк го нема=:(
blubell

Бело цветче
 
122
Мислења: 68
Зачленет: 07 Окт 2010, 12:00

Мислење 01 Јан 2011, 14:09

еве неколку рецепти
Сочно пилешко месо со пиперка и со праз
Состојки:
- 1 кг пилешко месо
- 400 г праз
- „Маги Сочно од рерна“
Сите состојки додадете ги во ќесето за печење
и следете ги упатствата од пакувањето.

Сочно пилешко месо со пиперка

и со неколку видови печурки
Состојки:
- 1 кг пилешко месо
- 350 г неколку вида печурки
- „Маги Сочно од рерна“
Сите состојки додадете ги во ќесето за печење
и следете ги упатствата од пакувањето.
Аватар на корисникот
unique.lady

Сино цветче
 
6811
Мислења: 109
Зачленет: 19 Дек 2010, 20:34
Слика
Слика
Слика

Мислење 08 Јан 2011, 20:44

Еве еден рецепт од мајка ми (преубаво готви)
Пилешки увијачи за 3ца
3 парчиња саламурен стек, поголеми
1 пакетче зденка
150 грама сланина
кари
Стековите да се исчукаат убаво, за да бидат што е можно потенки, па се прскаат со кари. Во секој се става по две зденки и се виткаат како увијачи. Одозгора се виткаат и со сланината за да не излегува зденката. Се пече на 250 со фолија одозгора прво за да се испече внатре, па после и без фолијата.
Многу е вкусно со сосот со сенф и мед и со мајонез, сенф и кари
Аватар на корисникот
budala.sum-pa.sto

Зелено цветче
 
160142
Мислења: 565
Зачленет: 25 Мар 2010, 03:36
Bombing for peace is like fucking for virginity

Мислење 12 Јан 2011, 18:20

специјалитет со пилешко месо.
потребни производи
1 кг.стек сецкан долгнавесто, 300гр. сецкан кашкавал,300гр.сецкана сланина, 300 гр. сецкана пилешка салама (пилешки гради), супа од пецурки или ако сакате пешурки ама маринирани и 2-3 павлаки.
начин на подготовка
во ватростално тавче прво се реди стекот валкан во супа од печури (не е варена него во прашокот од кесичката), потоа се реди сланината,кашкавалот и на крај саламата. Потоа пак стек,сланина на ленти, кашкавал, салама и се прелева со павлака.Се покрива со алуминиумска фолија, се пече еден час со фолија на 250 степени и уште еден час без фолија.Температурата мозе да ја намаалите последниот половина час и пазете да не загори. пријатен апетит.
nkaterina

Фем почетничка
 
21
Мислења: 12
Зачленет: 10 Јан 2011, 21:48

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: mjauculence и 26 гости