1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гинеколошки преглед

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од SLATKA23, 17 јануари 2010.

  1. Hiphoperka1

    Hiphoperka1 Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Колку чини ПАП тест во ординација МАМА кај докторката Наде Героска ? :)
     
  2. rumdumdum

    rumdumdum Нов член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Вака јас сум нова овдека и сакам да ве прашам за совет веќе два месеци сум сексуално активна so заштита имам 19 години и ужасно и неподносливо ме чеша ќе одам на гинеколог ама сакам да ве прашам дали е нешто опасно ( како искусни ) бидејќи сум многу испаничена :worried::worried::worried::worried: :(
     
  3. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    одличен доктор :)
     
  4. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Ако секогаш си користела заштита веројатно не е некоја СПБ ,
    јас сметам дека е кандида бидејќи скоро кај сите жени се активира доколку се намали имунитет,се пијат лекарства и сл.Се карактеризира со чешање,мирис непријатен и секрет кој што е жолтеникав.Веројатно е ова,и не е опасно но сепак посети гинеколог најбрзо што можеш
    Исто така да не те чеша случајно од депилација?Баш се сетив дека еднаш фатив некој вид на инфекција од депилација и ми траеше неколку дена со чешање и црвенило( но не беше блиску до вагината )
     
  5. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    ако ти направи со вагинален преглед, да- може да види.
     
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Колку е комплетен гинеколошки преглед(пап, ехо итн.) со картончиња?
     
  7. challenge

    challenge Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    со сини картончиња ти е околу 200 денари ПАП тест, и ехо исто така, ама сепак зависи кај кој доктор.
     
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Не е тоа инфекција, туку само иритација од депилација, бидејќи сепак е нежно местото. :)

    Инаку за феминките погоре, дали мислите на др. Гоце Блажевски?
     
  9. S-girl

    S-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    38
    сакам да прасам дали за време на гинеколошкиот преглед сте насамо со гинекологот или се вртат се мотаат сестрите наколу ?
     
  10. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Насамо
     
  11. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Зависи,кај некои доктори помага и сестрата за земање на брисовите,на папот и слично.Зависи од докторот.
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.609
    Не смееш да бидеш сама со гинекологот, треба да има секогаш сестра. Но сестрата помага, а може и да излезе надвор за да заврши некоја работа со картони, книшки и слично.
    Јас сум имала и насамо прегледи, но и со 5-6 студенти на пракса. Сите се ѕверат :)
    Ми беше непријатно, ама со оглед дека докторот е најдобар во таа област и професор на факултет по тој предмет, не можев да галамам, само гледав у таван. Побитно ми беше здравјето отколку кој ме видел. Секако, истиот ден имаат преглед над 50 жена, така што...на никој не му е галје ни која си ни што си.
     
  13. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски

    другарка,ја осудуваш жената шо има 33 години и што била стегната?
    А замисли тебе така да ти се испонаша таа гуската од систина,зар вака ќе коментираш....бог да чува
    ај бе затнете ги муцките малку,не се палете толку не глумете лудило демек сте строги и слично,вас некој да ви се испозанесе ќе изедете жив,а за други нема фрка знаеш ;)
     
  14. Healthy18

    Healthy18 Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Може ли некој да ми објасни какви видови прегледи/тестови постојат и кој за што се однесува?
    Гинеколошки преглед, пап тест, брис, ехо..... и кои други? И што се проверува со нив?

    Јас сакам да направам обичен преглед чисто да проверам дали се е во ред и дали имам некоја инфекција? Каков преглед е потребно за тоа?

    и колку чини на приватно, без осигурување(сини картони)
     
  15. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Приватно ќе те фати ѓавол ипол,ако планираш се да провериш мислам дека 5-6 илјади ќе те фати сигурно.

    Папот е околу 1000рка(толку ми наплаќа мене матичната а го носи во систина за резултати)а со картони е бесплатно ама резултати се чекаат +6 месеци. Тој служи за да се видат некои промени на матката и секоја жена треба да го прави 1 годишно за да се спречат болести како ракот односно рано откривање на некои заболувања или про,ени на грлото на матката.

    Микробиолошките тестови се 2500 приватно а со картони се околу 800.Овие служат за откривање на кандида,кламидија,микоплазма,уреоплазма итн.И секоја жена треба да ги прави,затоа што некои од овие не покажуваат симптоми а се опасни.

    Ехото е 500,и со него може да се види како на пример циста,или да се открие нешто повеќе за јајниците.

    Цените се отприлика,секој гинеколог различно наплаќа тоа зависи од него.Овие работи се најбитни и според мене се основни работи за преглед.
     
  16. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.725
    Допаѓања:
    3.366
    Папот во Систина ти е 1500, брисевите ти се 3900 и ехото 2000. :) Точни до денар се цените :)
     
  17. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Девојки бев на преглед кај приватна докторка, ок беше ништо посебно, ама сакам да продолжам на државно бидејќи немам никакви проблеми моментално, не сакам да се расфрлам со пари, а и мислам дека приватните доктори се можеби и понестручни од државниве. Само стварно не ми е јасно, дали на пример за Државна болница, Јане Сандански, Букурешт итн ми треба упат од матичниот т.е. електронско закажување или што и да е? Или треба директно да најдам број и да си закажам?
     
  18. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.199
    Допаѓања:
    10.843
    Пол:
    Женски

    Гинекологија е посебна специјалност. Како што имаш матичен стоматолог, така се бира и матичен гинеколог. Значи од општиот матичен лекар не ти треба ништо. Си одиш кај кој гинеколог сакаш и му кажуваш да те запише како матичен. Има некои приватни ординации што не работат со сини картони и таму не можеш да се пријавиш за матичен, ама во болниците што ги наброја дефинитивно може.
     
    На IvanovskaM му/ѝ се допаѓа ова.
  19. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Значи можам директно да отидам, на пример во понеделник сабајле, оставам книшка и чекам да ме викнат кога ќе дојдам на ред? И ако има можност, ако не е пополнет, и ако мене ми е ок можам да го пишам како матичен? И дали случајно знаеш дали работат и втора смена на државно или се претежно од сабајле гинеколозите? Благодарам многу на одговорот
     
  20. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.199
    Допаѓања:
    10.843
    Пол:
    Женски
    Би требало да има и втора смена. Обично се двајца лекари во една ординација и така држат две смени. Ако има закажано за теј период може да почекаш повеќе, или да те презакажат за друг ден (мене тоа ми се случи кога првпат отидов на гинеколог) зошто сигурно си има редовни пациенти кои доаѓаат. Ама бидејќи сега со електронските картици на лице место одма можеш да се запишеш кај матичен гинеколог/стоматолог/општ лекар, не верувам дека ќе те одбијат одма да влезеш, ама ако не сакаш одма да се запишеш можно е првиот преглед да го наплатат приватно.