1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сексуално образование: дома или на улица?

Дискусија во 'Секс' започната од nena2010, 31 мај 2011.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.239
    Пол:
    Женски
    Поттикната од темиве во категоријата Секс и од навистина глупави и невозможни прашања во врска со сексот и воопшто сексуалниот живот на девојките, сакам да отворам тема за тоа од каде го добивте вашето секусално образование. Овде не мислам на вулгарни работи, туку на оние основните начела, кога да се почне, како да се заштитиш од бременост и СПБ.

    Од мене да почнам јас со мајка ми сум била секогаш блиска и на ова атема секогаш отворено се разговарало. Немало криење списанија Мила, Базар, Илустрована и слично каде што се зборувало за женската сексуалност. Немало гасење телевиозр ако на филм има водење љубов помеѓу двајца и правење табу од тоа.

    Како беше кај вас? Од каде вие го добивте првото сексуално образование?
     
    На Theodora, badem4e, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Kај мене дома никогаш не се зборуваше на оваа тема,со мам бев блиска,ама за оваа тема не :^)
    дознав за сексуалното образвание на училиште доагаа ни држеа часови,како да се заштитуваме,и сл.потоа интернет,тв,магазини,еве и по форуми :)
    Jас сум за да има сексулано образование по школиве :!:
     
    На pamelche и nena2010 им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Фино што ја отвори темава :) баш на тоа размислував посебно кога излезе збирот прашања од деца во врска со сексот, кој не можам да кажам дека не ме натера да си го расцепам стомаков од смеење, ама кога подразмислив ми стана прилично жално и тажно, што тие деца очигледно и немаат со кого да разговараат, што немаат каде да се поучат, или поскоро не знаат како.
    Па од сите одговори меѓу другото, освен што видов стварно смешни прашања од типот белото на алатчето на некое дете, или забременување поради секс во анусот, што и на овој форум често среќаваме, видов и страшни, алармантни други појави за кои не се информирани децата например: ПЕДОФИЛИЈА, родосквернавење итн.
    Кај мене дома исто како и кај Волфче, не се дискутираше на темава, беше едноставно невозможно за мене да отидам кај мајка ми и да зборувам со неа за ова, макар што бевме блиски, макар што од својот прв дечко што го имав до ден денеска таа знае се’ за секој од нив, но не и за оваа тема било дискутирано.
    Искрено имав поголема потреба со неа да зборувам за многу слични прашања, но по се изгледа мојата отвореност ја имаше шокирано неколку пати :$ прашањата, пак сфатив дека помала штета е ако за тоа дискутирам со дада ми (девојката, сега жена на братучед ми), која е постара, далеку постара од мене.
    Инаку хаха да го дообјаснам. На 17 години ми беше првата платонска љубов, првиот дечко, од оние со кои се држите за рака, одите на боза и слатки, шетате низ парк и одите во кино :$ ццц уште пред да се случи тоа, јас отидов на мајка ми и и’ кажав да си знае дека јас мислам дека е време да си имам дечко, бидејќи многу ми се свиѓа и јас него, ама на крај прашав, а ти што мислиш... :wasntme: да откако јас си кажав своето дека тоа е тоа, решена сум :$. Мајка ми даде зелено светло за мојата прва љубов оф љубов ццц ама по нејзиниот однос понатаму се покајав што бев отворена со неа и поради тоа решив и да не кажувам, да не разговарам повеќе на тие теми, едноставно работи како „Мама раскинавме со .....“, „Мама имам нов дечко“ итн. :wasntme:
    Знаев да ја изненадам често. :worried:
     
    На wolf4e и nena2010 им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.239
    Пол:
    Женски
    И мене истото ме иритираше кога читав на форумов и затоа ја отворив темата. А инаку кај мене имаше случај кога почна да излегува кај нас Космополитан хрватскиот весник и јас се враќам со Космото од факс а во него имаше кондом Дурекс. И онака релакс си го оставив на маса. Ни мајка ми кога го исчита од страна до страна не ми рече нешто за кондомот ни татко ми. Кул. Дури и после кога видоа дека го снема не ме прашаа. Никогаш не правеле фама и баукод вакви работи.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Хаха ми прочита мисла, сакав и јас да отворам ваква тема ама бидејќи сум релативно нов член немав поим како да отворам :$
    Се зачудив колку има неинформирани девојки :o Па и да не зборувале дома, ало 21 век е, интернетов не служи само за youtube, Facebook и остало. Малку повеќе едуцирање на оваа тема нема да и штети на ниту една девојка.
    Јас на оваа тема разговарав доста отворено со моите. Воопшто не беше табу тема да се разговара на тема секс. Кога ја имав првата таканаречена посериозна врска моите ме седнаа и ми направија муабет за кондом, првиот пат кај чичко гинеколог бев со мајка ми и таму имав добра лекција илустрирана со слики :rofl:
    Нема ништо срамно и страшно на тема секс, интимно здравје на една девојка и остало.
    Подобро да се информирани на време, отколку да биде онаа старата- после еба*е нема каење :D
     
    На zhap4e и nena2010 им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.239
    Пол:
    Женски
    Тоа е трагедијата. Во наше време немаше интернет па пак бевме по информирани од денешнава младина на која буквално им се сервирано се на тацна и на дофат, а овде ќе се изначиташ мислења од типот : Имав секс без кондом, сврши во мене дали сум трудна?? Е па што мислеше бе дете, дека штркот ги носи бебињата??
     
    На Andzelika му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Јас стварно не можам да сфатам како се толку неинформирани за сексот денешниве млади. Па уште и кога ќе прочитам некој коментар од типот „абе не ја напаѓајте одма, мала е “ :^) , а таа 15,16 години начукала |( . Кога јас бев во основно, имавме предавања во шесто одделение за сексот, сексуално преносливи болести и општо, за половите органи и кај машкото и кај женското, потоа како се зачнува, видови на контрацепција и сл.
    И затоа не ми е јасно бре како може да не знаат ништо во врска со тоа, па да тропаат секакви глупости? Па сигурно и сега имаат такви предавања, не слушаат или не одат воопшто на предавањата изгледа, а стануваат сексуално активни на се помала возраст, страшно е дури кога ќе слушнам дека на 13-14 години ја изгубила невиноста :x И тоа на полуматура со школски другар, или во ВЦ на кафиќ со дечко што е зафатен, т.е. има девојка, ама битно го сакала она :!: , од љубов е тоа |( Уште да знае што навистина е љубов и страст, ама не може да го знае тоа, хормоните уште не и се развиени :^)
     
  8. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Можда ќе бидам офф топик ама морав нешто да кажам- "Имам цисти на јајници дали кога ќе имам секс че ми пукнат?!?!" :o :o :o Без навреда кој и да го пиша, ама па до толку да се неинформирани?! Нели живееме во модерно време, пратиме модни трендови, make up итн а кога е во прашање здравјето немаме поим од ништо |(
    Девојчиња мили совет од мене - Првата посета на гинеколок не е страшна, болна. Првиот разговор дома поттикнете го вие, па доколку вашите родители не сакаат да зборуваат отворете google и пишете што ве интересира и ќе дознаете се. Кога веќе сте доволно спремни да имате секс, бидете спремни и да научите и нешто повеќе за вашето здравје.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Сметам дека сексуалното образование е должност на родителите,тие ќе бидаат најзасегнати доколку нешто се случи на нивното дете,училиштето нема да биде засегнато.
    Моите родители прв пат ме седнаа да ми објаснаат онолку колку што може на 5 години кога тргнав на училиште дека не треба никој да ме допира на интимните делови,и ако се случи такво нешто да им кажам.
    Втор пат ме седнаа кога бев околу 12-13 години ми ги објаснија основните работи околу сексот и за менструацијата да не се исплашам кога ќе добијам.
    Мајка ми кога дозна дека е болна од рак,пишуваше дневник и за мене и за брат ми со практични совети а највеќе за сексот и прашања кои би ги имале околу него,а имаме и двајцата видео снимки со доста корисни работи.
    Најдобриот совет околу сексот го имам добиено од мајка ми,ми кажа дека сексот е најубава работа на светот,ама да не дозволам никој да ме принуди на него,туку кога ќе се почуствувам спремна и дека и јас го посакувам тогаш да го направам.
    По нејзината смрт татко ми ме носеше на гинеколошки прегледи бидејќи касно добив на 17 години и беше загрижен поради тоа никогаш не сум се срамела да го прашам било што.Не седнувам на маса со татко ми да зборувам за пози ама знам дека што и да го прашам ќе добијам одговор,знам дека од татко ми никој неможе да ми мисли подобро,ни другарки ни училиштето.
     
    На Phyramide, Barbie-lovee, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Муабетот од вчера, само од друг аспект.

    Денес е време кога информациите ни се попристапни од кога и да е. А сепак имаме понеобразовани, неинформирани, незаинтересирани луѓе за светот околу нив од кога и да е.
    Навистина парадокс.

    За сексот - дито. Јас кога бев во пубертет не ни беа волку пристапни информациите околу сексот, навистина бевме ко мулиња да речам а сепак знаевме многу повеќе. Јас барем имам таков впечаток за мене и моите другарки, бидејќи знам кои муабети сме ги правеле и отприлика до каде сме стигнале со искуството.

    Првото предавање за сексот во нешто поблага форма го добив се сеќавам во 4то одделение. Море не - го добив од татко ми кога најдов кондом многу порано, а јас збунето го гледав зошто вака научно ми го објаснува целиот процес на размножување, па јас само сакав да знам што е тоа гуменото чудо кое личи на прстен кое го најдов кај тато во фиока :D
    Потоа, како што спомнав во 4то одделение, учителката ги избрка машките во двор да играат баскет а нас не праша (леле ко вчера да беше се сеќавам) - девојчиња знаете ли зошто вашите мајки купуваат влошки?
    И сеуште се сеќавам како прекрасно ни го објасни цел процес. Што, зошто, кога, како. И не ми беше ниту малку непријатно, напротив, многу ми беше интересно што дознав на пример што точно значи мензесот и се поврзано со тоа.

    Подоцна во средно имавме многу често во школото предавања на тема Сидата и други СПБ, беседи, дебати и можевме да дознаеме многу работи.

    Дома кога мајка ми дозна дека го имам првиот сериозен дечко, сосема отворено ме праша дали имам некои недоумици и дали сакам нешто да ја прашам. Немав проблем со неа да разговарам на оваа тема бидејќи си бевме многу блиски.

    А останатите кинки детали остануваа за долгите седенки и пијанки со другарките. Се среќававме правилно еднаш во неделата надвор од училиштето, во еден кафич, и тоа време беше резервирано за овие секси муабети. Подоцна кога се појави Сексот и градот, си реков - ете од кај им била идејата! :D

    Поздрав до слаткиот келнер - што се не се изнаслушал за сите тие години :D
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Прво браво за темава :clap: .Сум размислувала многу пати на оваа тема и навистина жално за младиве што толку се неинформирани во врска со сексот.Па не е ништо страшно ништо страмота да се седне да им се објасни како да го прават тоа кога е навистина време и се остало.Јас на пример отсекогаш сум разговарала со моите отворено сум немала никаков проблем во врска со таа тема баш како Нена2010. Сама одам на гинеколог немам проблем од типот како многу девојки што пишуваат на форумов страв ми е првпат ми е до сега не сум била што ке ми прават.Сето тоа е од неинформираност гинеколог е нормална ствар и треба редовно да се оди.Ајде со родител на пример не разговараат ама интернетов не е само за фб и порничи гледање па нека пишат толку ли да се незаинтерсирани не е само бутни го и ај чао па после ова ми е она ми е, или па прашање дали ке останам трудна ако сум голтнала сперма???-не знам дали да плачам или да се смеам кога ке чујам вакво нешто и искрено сум за сексуално образование по школиве зошто сепак тоа е за нивно добро.
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Да, навистина голем дел од младите се многу неинформирани во врска со сексот. Сум за сексуално образование баш заради оваа причина, иако мислам дека нема ништо срамно да се поразговара и со родителите на оваа тема. Под ова не подразбирам да се откриваат деталите од интимниот живот, туку да се добијат основните информации и совети во врска со сексот. Секако, тука е и интернетот, секој може да прочепка и да ги најде потребните информации. :)
     
  13. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Не голем дел, туку целата младина. :!:
    Ова од тој аспект што ако самите не се заинтересираат - нема да дознаат.
    Ќе прочепкаат по интернет, но наместо информации корисни за нивното здравје и добар сексуален живот, ќе наидат на брутални порно-снимки, кои порадо би ги гледале отколку да учат што е корисно.

    На родителите верувам дека им е незгодно самите да ја почнат таа тема, а децата не ни прашуваат да не бидат осудени за прашањата.
    На школо не ги учат, а мора. Но нема пари образованиево наше за сексуална едукација. Државава не се интересира за здрава и образувана младина, колку што се интересира да и фрли лопата. :|

    obrazovanie/seksualno-vospituvanje-vo-ucilistata-t2547/

    Шчо напраифме со младинава? :wasntme:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    И покрај тоа што бев доволно блиска со мајка ми, сепак оваа тема ,,секс,, беше површно опфатена! Но затоа имам постара сестра која жалната беше секојдневно оптеретена со милиони прашања на кои за среќа секогаш наоѓаше време и нерви за да ми објасни! Исто така и нејзините другарки често ги потпрашував и се поднаучував по нешто ново и во тоа време за мене многу интересно! Дури можам да се ,,пофалам,, со тоа дека од мала возраст знаев доста како резултат на мојата љубопитност и смелост да прашам! :P
    Темата ,,секс,, уште од мала возраст беше дискутабилна помеѓу другарките :lol: па и од нив црпев информации, прашував, бев љубопитна и да бидам искрена го замислував самиот процес-секс :P
    Не паметам предавања за размножување, секс, полови органи во основно школко до 4одд, не паметам нити учителката нити некои други лица да ни ги одгатнале загатките кои секако на возраст од десетина години ги имавме! Нивен пропуст, сметам дека требало ако не друго барем површно да ни ги дадат потребните информации!
    Сум за сексуално едуцирање и дома и во училиштето (до 4одд површно а во повисоките одделенија во основно школо потемелно секесулано образование) Децата брзо созреваат и имаат милиони прашања (за нас смешни но за нив премногу загадочни) и некој треба да даде одговор на тие прашања!
     
  15. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    До ден денес немаме преговерено на темата Секс со мајка ми, блиска сум знае многу работи но никогаш не и разговараме на таа тема. Секогаш си читав во весник, а да и со другарките делевме информации која што знае.
    Сум за сексуално образование дома, мислам со мајки те, еден ден здравје боже кога ќе имам деца, се ќе им објаснам до првиот сексуален однос, до преносливи болести, до бременост. Не сакам некое мое дете на некој форум, можеби и тука, да постави прашање Немавме односи дали сум бремена :@
    Не е за смеа работава децава почнаа уште од мали да имаат секс, а толку се неиформирани за последиците. Како што прочитав во погорните коментари нема да пронајдат ништо на социјалниве мрежи ниту пак на ју туб туку едноставно треба да напишат едно зборче на гугл и се ќе им се разјасни.
    Предлагам тема тука на форумов
    Сексуално образование на Фемина

    Со посебни точки да им разјасниме на оваа младина што е секс,преносливи болести, зачнување, значи да се состави еден речник.
    Никако несмее сексуалноста да биде табу тема, бидејќи сексуално преносливите болести, несаканите бремености, абортусите не се нешто што на некој друг му се случува,туку може секому, а неинформираноста и незнаењето водат до шокантни ситуации.
     
    На nena2010 и zhap4e им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.239
    Пол:
    Женски
    Токму тоа и ми беше намерата. Да се запознаат децата со негативните страни на сексуалноста, бременост несакана, болести, ризици од прерано стапување во сексуални односи ( за мене извинете ама под 18 години ми е прерано, па жената се уште не е формирана како треба а не да има односи!!), наместо да се добиваат погрешни информации на улица од типот, ако се измиеш со сода бикарбона растворена во вода после секс нема да останес трудна и да сврши во тебе :fubar: :x , или никако кондом, тоа е штетно !!!
     
  17. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    А како очекувате да бидат информирани за сексот, кога поновите генерации прво ја пробуваат праксата, а подоцна теоријата. Главеечки влетуваат во сексуалниот живот, прават кардинални грешки (зошто не го дочекале предавањето од досадната тетка за влошките и репродуктивниот систем), па после работата е „Мамо трудна сум, ај на ЕмТиВи да ме пријавиш на 16 and pregnant.

    Со мајка ми не бев блиска, па не можев да зборувам отворено за сексот. Кога ќе размислам, никогаш и не размислував за сексот дур не бев зрела, а бидејќи сум малку параноична за работи како сексуално преносливи болести, бременост и слично, самоиницијативно се информирав за се што ме интересираше. Прво читав ТАА, од таму ја добив основата на сексуалното образование, и сфатив дека ќе бидам одговорна личност и ќе го чувам здравиот сексуален живот како што си ги чувам очите.

    Побогу, 20 годишни девојки пишуваат на форумов а се толку неинформирани. Не може да ги обвините родителите, и јас сум таков случај да го немам тој муабет со мајка ми, ама до личноста е. Ако некој сака да се заштити себеси, ќе земе ќе читне збор два, ќе научи дека Кока Кола НЕ Е еквивалент на апче за ден потоа, и дека ако пливаш во базен НЕ можеш да останеш трудна.
     
    На Phyramide, nena2010, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Мислам дека е крајно време да се воведе сексуално образование во училиштата. Нема зошто да се спречува процесот, нема да не инспирираат да имаме секс боже господе, ќе зборат за заштита, за основни работи кои мора да се знаат. После ќе ме праша некоја врсничка (цитирам): Дали спермата може да помине низ моите панталони, носев и боди сигурно тоа ги спречило. И он беше облечен ама страв ми е.. ми касни. - . -!

    ДА, сперматозоидите рипнаа надвор од неговите паналони, низ твоите, ама ги спречи бодито и фаала богу не си трудна. |(

    За секс и заштита дознав сама. Слушнав во петто ми се чини дека е важно да се знае за сопственото здравје и си истражував. Мајка ми збореше со мене во седмо, ама до тогаш скоро се си дознав. Еве денес гордо можам да кажам дека за разлика од некои мои врснички сексуално сум образована. Па не ее срамота да се знае. :rock: :rock:
     
  19. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Секоја чест за темава. :bow:
    Не се сеќавам дека некој од професори, наставници во основно школо ни одржал предавање за секс, СПВ, заштита од бременост, ама добро се сеќавам дека онака тивко и без некоја најава и подготовка во средно некаде ни дадоа некој како прирачник за сексуално образование. Едно мало, ама за тогаш, ептен корисно книжуле кое срамежливо го читавме ама па затоа ни отвори еден куп тему за разговор со другарките. А бре посебни седенки сме правеле и тоа траеле со саати, па разменуваш информации, која што прочитала мора да го сподели со другарките, а тек после дојдоа на ред и искуствата.
    Тогаш и информациите беа понедостапни од сега, а и некако не се зборуваше многу на тие теми, срамота беше :$ . Сепак мислам дека бевме повеќе информирани од сегашниве момци и девојки во пубертет кои некогаш и не можам да ги разберам и искрено жал ми е. Па побогу модерно време, чичко Гугл, веб-страни едн куп, достапна литература на секој чекор. За сите работи се “понапредни“ од поранешните генерации, вклучувајќи и сексуални односи ама очигледно не размислуваат за можни негативни последици, зошто како викаат
    после ебање нема кајање
    Со мамичка моја сум блиска, разговарам за се, ама не и за секс. Сме разговарале за симпатии, дечковци, љубов, дрн дрн ама останувало на тоа. Кога првпат реков дека одам на одмор со дечко ми, сами, татко ми не рече ништо, освен - Чувајте се, а мајка ми додаде - И памет во глава! И јас и тие знаевме на што се однесува тоа. :$
    Жал ми е што ни во школо, а ни дома не сум била слободна да разговарам за сексот и се што е поврзано со него. Сметам дека е потребно децата да се информираат пред време и верувам дека ќе бидам мајка која отворено ќе разговара со своите деца за тоа.
    И да, ја подржувам идејата на Заљубена за отварање на тема Сексуално образование на Фемина.
     
  20. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Ме интересираше да си дознаам повеќе. Сакав да знам, сакав да бидам информирана. И премногу се распрашував. Читав списанија, прашував другарки, гуглав по интернет и од секаде прибирав информации. Во училиштето ни држеа неколку предавања за СПБ. Сега во средно сеуште имаме некои вакви предавања за менструален циклус, заштита и се, но кога се спомне зборот секс моите врсници одма почнуваат да се смеат. Незнам ептен делуваат неинформирани, ни подучени. Кога професорите спомнуваа нешто вакво во школо јас секогаш запиткувам нешто. Сите ми се смеат. Ама ако.

    Јас сум блиска со моите правиме мообет за се освен за секс. И многу ми е криво за ова. Како да го поттикнам овој разговор со мајка ми. Еднаш татко ми почна да навлегува во оваа тема но некако како од страна беше и не навлегуваше во детали. Но, ете јас упорна за се ова да дознаам повеќе, иако ми беше срам, почнав да прашувам. Прво една братучетка со која сум многу блиска, па братучед ми со кој живееме во иста куќа, кои се нормално повозрасни од мене. И ете така се поднаучив многу повеќе.