Blond,со одмаздата можеби ќе се чувствуваш мааааалце подобро но верувај болката не исчезнува па и сеќавањето.
Одвратни гнаси!!! За таквите само кастрација, не им треба затвор зошто ќе излезат од него и пак истото ќе го прават. Него фино лепо нека му го исечат и никад во живот да не може да го повтори делото. Тоа е најголема казна за таквите . Blond браво за тебе што си била силна и си успеала да продолжиш понатаму, браво за сите храбри девојки, ако се одмаздуваш со тепање ќе навлезеш само во проблеми, него модриците ќе му поминат а ако се дознае дека си ти само дополнителни проблеми ќе си направиш. Се во животот се плаќа а верувај тој идиот и те како ќе плати, чекај ги твоите 5 минути во животот кога ќе му се одмаздиш, а таа одмазда ќе биде многу поболна од едно млатење.
Еден од моите најголеми стравови, страв од силување. Во нашиот крај има толку многу, што ги познаваме , што знаеме дека имаат силувано , се биле во затвор по една година , а сега слободно се шетаат по улица,одат по сите од понежниот пол. Луѓе па кое задоволство му беше да силува жена на 65 години , и сега после 1 година пак се шета наоколу-уу колку само е страшен. За тој само смртна пресуда според мене-тој нема право на живот, тој психички не е добар. Но за жал државата му дава право на живот и право на силување
луѓе, мене ми се има случено нешто вакво...гадно ми е многу дури несакам да се насеќавам на тоа...несакав да правиме секс, ме принуди.... ме принуди на сила...солзи ми течеа од очите...што е најболно мене ми се допаѓа неговиот другар и заради тоа се оддалечувам од него. несакам да го гледам ниту секунда во мојот живот...гнаса.....
ЛејдиЛибра извини... Инаку, ова то ти се случило е класично силување и и можела да го пријавиш. Жал ми е, има многу девојки како тебе...
нешто најлошо што може да и се случи на една девојка е да биде силувана, без разлика дале е тоа маш и, дечкото или некој манијак. последиците се огромни неспоредливи, болката претешка. но ме загрижува фактот што и доста машки деца во последно време се силуваат... дали некој се запрашал зошто е тоа така и до каде ќе ни отиде општествово..... ??? и посакувам на блонд да има само среќен живот да не се навраќа на ужасните моменти, гледам дека е среќна и позитивна личност во која расте најсветото нешто-дете.... а на сите такви ѕверови ќе им дојде крајот
„ГЛУПЧОТО„ е таков вид на силеџија кој веројатно му причинува задоволство да е прв кај девојката поточно задоволството му е да ја деградира девојката и затоа чекал да ти потече крв , доколку не ти бил прв веројатно ќе бил премногу разочаран , таквиот тип на силеџии обично се со низок степен на интелегениција и мразат девојчињата да се поинтелегентни па најлесен начин да ја деградираат девојката е тој зошто на друг начин и неможат, или пак доживеале некоја траума со предходна љубов на која не успеале да и се први и на тој начин потсвесно и се одмаздуваат на таа личност , овие луѓе се за жалење зошто се болни во твојов случај тој не те слиувал зошто те посакувал физички туку или сакал да те деградира зошто си била подоминантна од него во интелегенција или вториот случај имал намера да се одмазди на некоја друга жалното е што овие луѓе повредуваат други лучности кој воопсто не се криви за нивната болест но ете животот приредува некои многу лоши епизоди од кои најчесто излегуваме послилни за тоа Blond многу ми е мило шо си го надминала тоа и сега со оглед на тоа што можеш слободно да збориш за тоа веќе си многу послилна личност и верувај тој е за жалење зошто е само една болна недорасната личност со конплекси на пониска вредност .ПОЗДРАВЧЕ
А бе ако не сакаш во полиција да го пријавиш , има батки наркомани , дај им по 500 денари и уште 500 бакшиш да го средат . Па нема ни на тебе ни на друга да ти се приближи Не разбирам како можат девојкиве после тоа мирни да седат , мене така.. со двајца батковци и го средувам . Он на мене така ..
и јас имам преживеано траума на 20 години и несакам ниту да се потсеќам на тоа, меѓутоа не бев мала за да помине време и да заборавам... еден ненормален старец од 60 години се обиде да ме баци во уста и да ме пикне во кола, потоа незнам како ми го дознал бројот и ми пишуваше пораки дека му било жал за тоа што го направил, ама сакал пак да ме види. Кога дозна дечко ми ќе го убиеше. Пазете се секакви луѓе постојат и на никој неможеш да му веруваш. БУДАЛА ЕЈЈЈЈ неќам ни да помислам што ќе се десеше ако не избегав
Значи не ми е јасно како може некој такво нешто да ви направи и да дозволите да помине неказнет. Се плашите од јавна осуда,хммм не ми е јасно тоа,ако не некој му се допаѓаш тоа ни малко нема да му пречи а такви копуци слободно ги пратее кај мене јас убаво ке ги средам ,еј се изнервирав
Никогаш не сум имала вакво, ниту пак слично искуство и среќна сум заради тоа. Тоа е еден од најгрозоморите чинови кои можат да постојат и најчесто се прават со цел - ДЕГРАДИРАЊЕ на личноста (како што некој веќе спомна погоре). Блонд, ти се восхитувам на храброста
Уфф неќам да коментирам на ова. Сум имала некои искуства, ама за сега не дотолку страшни и среќна сум за тоа. Иначе и јас сум за тебе Блонд и Ред, и сите што доживеале слично искуство. Ма, тие манијаци треба одма да се пријават, имаат еден ненормален и гнасен ум! Треба да се затворат доживотно, кастрираат и смртна казна ! Се најлошо што може да се посака.. како можат бе.. гадови.
дали некој се запрашал зошто е тоа така и до каде ќе ни отиде општествово..... ??? интересно прашање...ме интересира зашто има толку негативни критики за филмот на Милчо Манчевски Мајки...баш ја отсликува реалноста во нашава држава и мислам дека редно е да се поддржи тој филм за да се знае какви се болни луѓе постојат кај нас....да не бегам од темава фала богу не сум се нашла во таква ситуација,само да надополнам дека ми е многу мило за Блонд и за другите форумџивки кои се извлекле од таквата ситуација,знам дека е тешко да се заборави тоа,но мило ми е што успеавте да ги "излечите" барем малку раните...сакав само да дадам мала поддршка..
Јас успеав 2 пати да се спасам од такви гнаси На едниот му фалеше малце мозок па му реков само тргни ми се од тука и си отиде а на другиот му реков ќе ти викнам полиција и ауф да ја нема Се надевам дека нема да имам повеќе вакви искуства
Ми се тресат рацете додека ги пишѕвам ова но веже сум очајна и не знам како да се справам со ситуацијава па барам совет од вас мои фемина пријателки ќе се обидам да опишам иако сум видно вознемирена иако од овој настан поминаа 3 години но пеколот што го живеам од тогаш ме натера да побарам совет Сте дошле од трета смена и заспивате како заклани од умор. После некое време ве будат чудни звуци како забревтано дишење и прстите на вашиот девер во вашата вагина Се вртите и гледате манијачка фаца,изгубени бегате.т.с.се затварате во тоалет и паѓате во несвест.(Кога веке си доаѓате при свест јасно ви е што се десило)Се будите после некое време и не ви е јасно што навистина се случило.Дали ова може да се каже како обид за силување? Што би направила сега да го сменам пеколот времето да го вратам неможам знам згрешив што не пријавив во полиција но сега е веќе касно Да објаснам значи деверот работи во странство и доаѓа по некои обврски.Доаѓа во сопствената половина од куќата во која ве дели ист ходник.Се пика(буквално) во креветот и се будиш со неговите прсти во вагината и страшна манијачка фаца и силно брефтање од негова страна.После некое време се јавува да се извини????? и кога не сакаш да му правиш муабет пушта смс во која се извинува? По инсистирање на добар пријател му кажувате на сопругот ,а тој не прави ништо.И поминува некое време неговите родители го прашуваат зошто немате муабет и во жолчна караница тој им кажува за случката што се десила.ех не е тоа најстрашното одкако тие дознаваат ве прогонуваат во секоја можна смисла и барајќи секави чекори да ве обвинат вас.Од тогаш и сопругот не е повеќе ист станува нервозен и депресивен и ме третира како предмет ...Му набиваат сомнежи на сопругот дека имам љубовник и тоа наш пријател(кој набрзо по случката заминува во странство)и доаѓа после 2 и пол години потоцно пред некој ден.доаѓа во нашиот дом и пиеме кафе и му звони телефонот на мажот ми(се јавува свекорот ) и на сред разговор го вика да оди долу дека му треба хитно) му ја полни главата со секакви гомненици извинете на израз но не знам како да ги нарецам тие муабети поинаку ....се вража назад сопругот и кисле но го продолжува муабетот.другиот ден на секои 30 мин се јавува да провери каде сум...И како да се разбудиле духови од минатото незавршените работи излагаат на површина и вие се наоѓате во тотален хаос и ............. катастрофа барам совет немам сила повеќе да пишувам .........