мене црвената боја отсекогаш ми делувала ку*вински со извињење. ама последнава година ми се дешава некои такви црвени детаљи да вметнувам, имам дури и жар црвени фармерки-панталони, ама облечена во црвено од глава до пети не многу поштувам црвен кармин и лак, преку лето онаков дреч, а сеа периодов бордо. и многу убаво ми изгледа ептен црвена коса како на Ријана што и беше, ама на други само да гледам, на мене не. мислам дека црвено поубаво им стои на девојки со светол тен и руса коса, и според мене нема личност на која подобро и стои црвена боја од Никол Кидман. сума сумариум, се може да изгледа убаво ако фино се искомбинира.
Е од вакви мислења ми се крева косата. Зошто се етикетира така една обична боја во спектарот не ми е јасно и никогаш нема да ми се разјасни. Комбинацијата може да е ту мач, прееротска, премногу сексипилна, ете нека биде и зборот курвинска а не бојата. Ако сака некој да изгледа ете премногу сексипилно може и во жолто да се облече со минич и деколте и ете ти. Девојка облечена во црвено па и цел фустан, нека е и краток, нека биде акцесорис, нека биде капут, нека бидат црвени нокти си изгледа убаво како и во секоја друга боја ако знае да го искомбинира. И црвената боја не е актуелна и тренд годинава, црвената боја е секогаш актуелна, оваа боја е безвременска, секогаш ин. Црвено секси, црвено како вино, црвено како усни, црвено како срце, како љубов, црвеното е привлечно едноставно. Јас ептен малку црвени работи имам, но едноставно така ми доаѓало, не ја одбегнувам а ни ја форсирам премногу бојава. Убава си е како и секоја боја. И посебно е убава ако сакаш да си заприметен, зашто е јака боја која привлекува секогаш туѓо око. Oблечи црвен фустан и мамиш погледи многу сакам црвен долг фустан, а овој следниов ми е фејворит! Eлие Сааб се надминал, каква е само изработката, совршенство! Кај црвената боја само треба да се внимава. Има многу нијанси и нема потреба од комплетно црвеноло на себе. Најчесто доволно е едно до две парчиња, останатото да е во други бои, така ќе е повпечатливо црвеното парче кое го носиме, отколку се да ни е црвено и да се изгуби смислата.
Да? Јас изгледа сезонава нема да бидам многу модерна, немам речиси ништо црвено во плакарот. Од проста причина што не ја сакам многу црвената боја. Но, би прифатила да носам некои црвени модни додатоци, кои малку ќе и дадам шмек на комбинацијата
Мое мислење е дека црвената боја не му 'стои' баш на секого, и треба да се внимава како и со што се комбинира оти лесно може да прејде во кичурај... Ова ми се допаѓа
Јас не сум многу по црвената боја,односно ич не сум во плакар немам ама баш ништо црвено.Гардероба незнам дали би купила,можеби некое џемперче.А инаку сакам црвени чевли салонки на штикла црвена ташна,и црвено капутче би носела.