За човека не се суди по изгледот,ни по облеката....ајде да поставуваме најразлични предлози и идеи од секојдневни,свечени,спортски комбинации за полничките а сепак убави девојки.
Јас не сум полничка, ама и да сум, не е крај на светот Жив пример - Аделе. Жената има прекрасен глас, преубави црти на лицето, популарност, голема публика, голема кариера...Што и фали во животот? Ништо. Тоа што е полничка не и одземало никаква самодоверба, никој тоа не ни го забележува покрај нејзините многубројни квалитети.
Убави се и уникатни на свој начин. Ми се свиѓа тоа. Но мислам дека полничка личи стриктно на дама. Што во превод би дошло над 25 год. Некако на 17-18 год не ни може вакви фустани да носат...не би им личело на годините Барем јас така мислам.
полнички и убави, да...а замислете пак колку ќе бидат уште поубави да се малку послабички. Наместо да се кријат со долги и широки фустани, ќе си носат се што посакаат. Колку и да имаат висока самодоверба за својата тежина, никогаш нема да се осмелат да облечат некои парчиња. Замислете ги прекрасниве фаци на вакво истонирано тело Има примери каде полнички девојки се стегнале и ослабеле, before и after. Никој не вели дека предходно не биле убави, ама сите им се воодушевуваме на упорноста и новата линија. Мотивираат. За мене дебелината е проблем, а вака само полнички ми е - мрза
Е па не се слагам со ОВА, според тебе само девојките над 25 смеат да бидат полнички...ха ха ха која глупост... А и со тоа дека една девојка може да биде дама само ако е над 25 .... Морам да признаам дека за оној кој ја отворил темата давам чиста 10ка.Навистина супер тема. Тотално се согласувам дека не мора да си слаб за да бидеш убав , и полните девојки се убави . А исто така не мислам дека на пополните девојки им одговараат само широки фустани кои ке им ја кријат килажата сметам дека и тие како и сите останати смеат да бидат модерно и стилски облечени, да ја следат модата и да носат што сакаат - па всушност затоа и Ким Кардашијан направи таков бум , не дека таа е нешто паметна или којзнае колку богата или пак затоа што дозволи целиот живот да и го даваат на Тв туку баш заради нејзината килажа ,им покажа на сите полни девојки дека и полни се убави. Еве неколку слики за полни урбани и убави девојки
Некој е дебел бидејки ужива да јаде. Некој е дебел бидејки не јаде многу ама тоа што го јаде, го јаде неправилно и во погрешно време од денот. Или јаде што ке му дојде до рака бидејки нема пари да си купи балансирани оброци од овошје за наутро, месо и зеленчук за ручек и здрави ужинки. Некој е дебел на психичка основа, како на пример му умрел татко му па стресот ја активирал дизната односно во храната бара утеха па за 3 месеци качува 15 килограми. Некому му умреле три деца па и психички и физички се бори со загубата и секој ден се обидува да продолжи понатака. Повторно, во храната бара утеха. Некоја е дебела бидејки има хормонско пореметување па мора да пие контрацептивни таблети кој кај повекето девојки / жени влијаат на тежината. Значи 100 луѓе, 100 причини и додека не прошеташ во нечии чевли, незнаеш што му се случува и зошто е таков каков што е, автоматски нетреба да се етикетира дека е мрзлив. Ако може да има 60кг, сигурно нема да има 90кг. А зошто не слабее, лицето најдобро си знае. Ке ослабне кога ке му дојде моментот, кога ке се погоди хороскопот, а можеби и нема, негов живот - негово право. Познавам многу луѓе кои имаат проблем со тежината кои се прекрасни личности. Уствари не познавам лош дебел човек. Од друга страна познавам многу слаби а злобни девојки, кои не дека се вредни, не влегле во фитнес центар, јадат што и кога сакаат ама ете имале среќа со гените. Далеку се од убави само затоа што се слаби. Тежината е најмалку мерило за убавината, која воглавно доаѓа од душата на човекот. Не се ова оправдувања од жена со вишок килограми. Ги почитувам сите кои ме почитуваат без разлика на нивната тежина, висина, форма, финансиска состојба, потекло, национална и етничка припадност, сексуална ориентација итн. Имам проблем со тежината, работам на случајот, ко што пишав може ке ослабнам, може и нема, а во меѓувреме сакам, сакана сум и си го живеам животот како мене ми одговара и никому не судам.